Адаптирано млеко како дохрана со доење

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by maried » 11 Jul 2014, 00:50

Рипченце мила, Л ми е скоро 10 месеца, истото го поминав и јас, сеуште не знам што е тоа сон, уште цица на два саати иако имаме 3 оброка, ама јаде минимално.Мајки сме, мора да издржиме се :-DПериод е, ќе помине, со дохраната ќе му направиш проблем, мешање на мајчино млеко и ад, прави дисбаланс на цревата кај бебето :-( Доколку сметаш дека е потребна дохрана конултирај се со педијатар :-/

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Радост » 11 Jul 2014, 12:24

Kако поминавте ноќеска и денес? (big-hug)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by ripcence » 12 Jul 2014, 23:09

Ах другарчиња (big-hug) и јас незнам како поминуваме, исто си е на 15, 20 до 30мин цица, вчера дополнително и грчеви имаше (sad1) па морав да му дадам еспумисан.
Мислам дека е подобар денес(ден кога не цивкавме и двајцата), бидејќи е весел за разлика од другите денови, можеби промената влијае на него...
Ќе почекам да се вратиме дома, ќе го носам на педијатар да видиме како напредува и што ќе не советуваат таму.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Peperutka » 14 Jul 2014, 17:29

Мешање на АД и мајчино млеко не прави никаков дисбаланс кај цревата на бебето доколку АД млекото бебето убаво го поднесува,не му прави никакви грчеви или запек.Затоа постојат повеќе врсти на АД млека,не е само едно (smile)
Мерид а сите бебиња што се и на АД и на мајчино млеко треба да имаат компликации со здравјето или незнам што? (confus) Многу бебиња се на оваа варијанта која според мене е најдобра (smile)
Сум за големо ЗА за доење и мајчино млеко ама кога бебето е гладно и не му стига млекото од мајката,според мене решението е АД,секако во консултација со педијатар.
К. ми цицаше до 8 месеци и тоа сам се одби,покрај што беше на АД, и го доев,не ми падна на памет да го одбијам.

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by saska075 » 14 Jul 2014, 18:00

И ние сме на мајчино млеко и на АД. Преку ден скоро секој оброк му е од мајчиното, освен ако ми дојдат ненајавени гости или слично па да не сум се измолзела порано.А навечер му давам од АД бидејќи неможам да измолзам толку, ми се троши преку ден.Ги сака и двете млека и ги пие со сласт мислиш не јадело детево цел ден (rolll) Освен што имаме СТРАШНИ грчеви други проблеми несум забележала.Секој 2 ден си кака и полни пелени топ ги прави во текот на денот.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by maried » 14 Jul 2014, 18:31

Само ќе ја цитирам Сашка : Освен што има СТРАШНИ грчеви :-( Доволно кажав ;-) Не е темава за да се препираме, стојам зад тоа дека мешање на ад со мајчино му смета на малото бебешко меше. Рипченце, убав одмор ;-) ;-)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Peperutka » 14 Jul 2014, 19:41

maried wrote:Само ќе ја цитирам Сашка : Освен што има СТРАШНИ грчеви :-( Доволно кажав ;-) Не е темава за да се препираме, стојам зад тоа дека мешање на ад со мајчино му смета на малото бебешко меше. Рипченце, убав одмор ;-) ;-)

А ако мајката нема доволно млеко и (b4) е гладно и плаче,мајката треба и така да го остави?????
И бебињата што се само на мајчино млеко имаат грчеви,зависи и воопшто до бебето и неговите црева,т.е.до самиот организам.
Гладдта уште повеќе смета на бебешкото меше а и на самата мајка,која мајка би дозволила бебето да плаче од глад?

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Радост » 14 Jul 2014, 19:52

Девојки, ова е многу осетлива тема, кој не осетил не знае. Сите сте во право навистина. Јас само морам да се вмешам дека и покрај прекинот на доење и продолжување само со адаптирано кај нас грчевите беа хорор ама баш хорор. Веќе сум досадна со нив и многу пати имам пишувано ама ќе ми останат траумите уште многу. Затоа морам да кажам дека мешањето на млеката не придонесуваат за повеќе или помалку грчеви, тоа си зависи од бебето.

Сашка, нели ви помагаа Колиефот?

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by saska075 » 14 Jul 2014, 20:00

Колиеф ни помогнаа многу ама само 10-15 дена. Сега и давам Саб-Симплекс па ќе видиме.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by maried » 14 Jul 2014, 22:37

Значи вака. Жената е на одмор, побара совет, а јас дојам бебе од 10 месеца активно ја дојам. Кога беше ептен бебенце, го правеше истото како и бебето на Рипче, сакав само да и дадам до знаење дека детето не ие гладно, туку дека е тоа период, да не дава дохрана без да го однесе на мерење, а за грчевите, да јас немав никаква мака со тоа, не ни сакам да имам, знам низ што помина Радост :-( Има една група на фб, Соба за доење, од таму црпам информации задоењето, така што од таму го прочитав тоа за мешање на млеката.

Не сакам никој да се пронајде во постот или да ми замери, ама лесно е да се даде ад млеко, тешкое да успееш да доиш се подолго.
Не сакамда навлегувам во тоа кој зошто нѓ дои, ама знам Х мајки, кои давале ад за да детето не се буди ноќе, и ме советувале да дадам за да одморам, не дадов иако сум хронично ненаспана.

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”