Адаптирано млеко како дохрана со доење

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Debora » 15 Jul 2014, 00:14

Чувствителна тема, ама не ги сфаќајте постовите лично. Секоја мајка може и треба да има слобода да си го каже своето искуство, па и да помогне со совет. Во случајов Рипченце побара совет и мислење. Секоја мајка одбира тоа што смета дека е најдобро за нејзината ситуација и бебе, се тоа е во ред. Нели за тоа постои форумов, да се разменат мислења, искуства и совети, да се помогне колку што се може. (kup)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by sunshine_2012 » 15 Jul 2014, 07:54

Рипченце мила, значи јас сум од тие кои што сум ги доела децава до 18 месеци, а до 6 месеци сите 3 се биле само на млеко. Никогаш или многу ретко се имале грчеви, нормално е да имаат гасови, грцеви додека и доеш, зависно што мајката е јадела итн. Моте 3 деца се спиеле од 2 месеци цела нок, последно доење им е било 23ч до 6ч сабајлето ке цицеа и продолжуваа да спијат до 10ч. ( имало денови кога се измеша распоредот но прилицно скоро секој ден е било така).
Ако бебенцето сака да цица почесто не значи дека е гладно, но голема е можноста да е гладно. Ако ти го доеш А кога ке плаче, тогаш и можно е да не е добро нацицан. Значи за да се има квалитетно и добро млеко за доење треба да помине најмалку 2 саати од претходното доење за да се создаде млекото. Значи кога годоеш важно е да поминало 2 до 2ипол ч од претходното доење и да баре 20 мин. го доеш од едната града. зошто 20 мин. значи ако бебето цица за 5 мин. и после несака тоа всучност и примило млеко само од бистрото млеко( кое што е составено само од вода и витамини), а не од густото млеко( што има протеини, минерали итн) всушност тоа е она што го храни бебето и го држи заситено. тоа млеко надоага последно и затоа е важно да се избореш со бебето и да го надоеш до крај. И моите се биле во тој период кога несакаа да цицат како што треба, ама јас накрајот ке го измолзив млекото во филџан и со лажиче ке му го дадев. и ке чекав до следното доење, се има десено да плаче и да се пробуде порано, да траже цице, ама јас лично се држев стриктно 2 до 2ипол саат да има поминато. кога ке се пробуди го играв или ако ептен пиште и плаче ке му пуштев вода да тече и воодушевен беше од тоа. се смируваше, кога ке дојдеше време за доење ке го доев.
Ако се пробуди навечер, ке му ја сменев пелената, ке го средев, ке го погалев и назад у кревет, некогаш ке заспиеше одма некогаш ке плаче, го оставав да плаче барем 10 мин. ако не се смирува, тогаш ке им дадев да цица, и пак назад у своето креветче, не им давав да заспива на мојата града, туку будни ке ги ставев у нивното креветче и на спање. некогаш ке се десеше и тогаш да плачат ама веке не ги зимав зашто знам дека им е се средено и ок па едно ставно треба да си останат во креветот,. ке поплачат и ке престанат.
Рипченце, Распоредот е многу важен, не секогаш кога ке се разбуди или ке плаче бебето му треба цице. Се надевам ке се среди се, а имај во предвит и промена на клима, место итн. (big-hug)
пиши како сте поминале, јас секогаш ти го пишувам истото, ама силно верувам во оваа, и имам резултат, со сите три. И не сум била хронично неотспана или изморена, всушност бев супер одморена и со првото а и со другите две, првите 2 месеци се секогаш најтешки додека да го воспоставеш редот, после за мене беше најлесно. ( оваа што го пишав е за бебиња постари од 2-3 месеци).
а за новороденчиња, секогаш ги будев за доење во случај да го преспијат доењето. и навечер под саат бев. (smile)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Tina9 » 15 Jul 2014, 13:17

Јас сум со мајките кои сметаат дека на бебињата не им штети ако цицаат и дополнително добиваат адаптирано млеко. Вториот месец го изгубив млекото и морав малата да ја дохранувам со адаптирано додека повторно не добијам млеко. Тешки маки беа тоа, ама успеав да го вратам млекото. Првите неколку дена и давав цела доза млеко потребна за возраста и постојано плус ја ставав на града да цица иако немаше ништо. Кога почна млекото да ми се враќа намалив на адаптирано и зголемив доење. Кога наполнивме четири месеци ќерка ми сама го одби адаптираното и од тогаш сме само на цицање, и нормално сега по малку кашичка.
Грчеви од комбинацијата мајчино - адаптирано немаше, пиеше од шише и не ми се одби.

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Miki » 15 Jul 2014, 14:13

После 3,5 милиони години еволуција, фармација со 25 годишно искуство, не може да ме убеди дека има било што подобро од мајчино и само мајчино млеко.
Не мислам дека деца пораснати на адаптирано нема да израснат здрави и прави. И настрана квалитетот, адаптирано е неспоредливо потешко, покомлицирано, помачно и поскапо за користење.
Не ги осудувам мајките кои користат адаптирано, ама ужасно ме нервираат стручните лица кои од незнаење и неинформираност ги доведуваат мајките во ваква ситуација непотребно.
Ако навистина бебето е гладно, постојат мерки и техники да се подобри цицањето кои прво мораат да се пробаат, ама никој од нив не се замара ...само бутни адаптирано за да се задоволат со бројката на вагата (која најчесто исто така не знаат да ја толкуваат).
Исто не се сложувам дека треба да се гледа на саат пред да се нахрани бебето. Цицањето е толку природен процес што си функцонирал и пред ние паметните да измислиме саат или формула...ама тоа е друга тема.

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Miki » 15 Jul 2014, 14:15

Tina9 wrote:Јас сум со мајките кои сметаат дека на бебињата не им штети ако цицаат и дополнително добиваат адаптирано млеко. Вториот месец го изгубив млекото и морав малата да ја дохранувам со адаптирано додека повторно не добијам млеко. Тешки маки беа тоа, ама успеав да го вратам млекото. Првите неколку дена и давав цела доза млеко потребна за возраста и постојано плус ја ставав на града да цица иако немаше ништо. Кога почна млекото да ми се враќа намалив на адаптирано и зголемив доење. Кога наполнивме четири месеци ќерка ми сама го одби адаптираното и од тогаш сме само на цицање, и нормално сега по малку кашичка.
Грчеви од комбинацијата мајчино - адаптирано немаше, пиеше од шише и не ми се одби.
Баш ова ми е поентата...

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Miki » 15 Jul 2014, 14:22

sunshine_2012 wrote:Рипченце мила, значи јас сум од тие кои што сум ги доела децава до 18 месеци, а до 6 месеци сите 3 се биле само на млеко. Никогаш или многу ретко се имале грчеви, нормално е да имаат гасови, грцеви додека и доеш, зависно што мајката е јадела итн. Моте 3 деца се спиеле од 2 месеци цела нок, последно доење им е било 23ч до 6ч сабајлето ке цицеа и продолжуваа да спијат до 10ч. ( имало денови кога се измеша распоредот но прилицно скоро секој ден е било така).
Ако бебенцето сака да цица почесто не значи дека е гладно, но голема е можноста да е гладно. Ако ти го доеш А кога ке плаче, тогаш и можно е да не е добро нацицан. Значи за да се има квалитетно и добро млеко за доење треба да помине најмалку 2 саати од претходното доење за да се создаде млекото. Значи кога годоеш важно е да поминало 2 до 2ипол ч од претходното доење и да баре 20 мин. го доеш од едната града. зошто 20 мин. значи ако бебето цица за 5 мин. и после несака тоа всучност и примило млеко само од бистрото млеко( кое што е составено само од вода и витамини), а не од густото млеко( што има протеини, минерали итн) всушност тоа е она што го храни бебето и го држи заситено. тоа млеко надоага последно и затоа е важно да се избореш со бебето и да го надоеш до крај. И моите се биле во тој период кога несакаа да цицат како што треба, ама јас накрајот ке го измолзив млекото во филџан и со лажиче ке му го дадев. и ке чекав до следното доење, се има десено да плаче и да се пробуде порано, да траже цице, ама јас лично се држев стриктно 2 до 2ипол саат да има поминато. кога ке се пробуди го играв или ако ептен пиште и плаче ке му пуштев вода да тече и воодушевен беше од тоа. се смируваше, кога ке дојдеше време за доење ке го доев.
Ако се пробуди навечер, ке му ја сменев пелената, ке го средев, ке го погалев и назад у кревет, некогаш ке заспиеше одма некогаш ке плаче, го оставав да плаче барем 10 мин. ако не се смирува, тогаш ке им дадев да цица, и пак назад у своето креветче, не им давав да заспива на мојата града, туку будни ке ги ставев у нивното креветче и на спање. некогаш ке се десеше и тогаш да плачат ама веке не ги зимав зашто знам дека им е се средено и ок па едно ставно треба да си останат во креветот,. ке поплачат и ке престанат.
Рипченце, Распоредот е многу важен, не секогаш кога ке се разбуди или ке плаче бебето му треба цице. Се надевам ке се среди се, а имај во предвит и промена на клима, место итн. (big-hug)
пиши како сте поминале, јас секогаш ти го пишувам истото, ама силно верувам во оваа, и имам резултат, со сите три. И не сум била хронично неотспана или изморена, всушност бев супер одморена и со првото а и со другите две, првите 2 месеци се секогаш најтешки додека да го воспоставеш редот, после за мене беше најлесно. ( оваа што го пишав е за бебиња постари од 2-3 месеци).
а за новороденчиња, секогаш ги будев за доење во случај да го преспијат доењето. и навечер под саат бев. (smile)
Сметам дека си имала добро искуство зошто за среќа метаболизмот и потребите на твоите бебиња се поклопувал со режимот што си го наметнала, па никој не бил во зијан.
Некое друго бебенце, може сосема лесно да има други потреби, на пример да цица помалку ама почесто што е сосема ок и нормално, така?!?! Зошто не се сите од ист калап. За такво бебе твојот совет би бил многу лош и бидејќи побарувачката неадекватна, може да доведе и до намалено производство на млекце.
Или...во секоја фаза цицањето е различно. Кога почнуваат да разбираат и да се интересираат од се живо, се случува да цицнат малце и да се занесат по друго нешто и нормално после пола саат сакаат пак. И што правиме тогаш?
Да не спомнувам за скокови во развој...

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by ripcence » 18 Jul 2014, 00:59

Ви благодарам на сите за советите и споделените искуства (big-hug)
Сеуште сме така, од толку читање и пребарување сметам дека сепак е скок во развој(можеби и ни треба и таква посебна тема), кој може да трае од неколку дена до недела-две, добро е што ова ни се случува сега и тука кога целото мое време можам да му го посветам само нему (без домашни обврски).Давам се од себе да ја зголемам количината на млеко.

Не за џабе рекле старите "така стареат мајките" , се за нашите јунаци (smile)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Miki » 18 Jul 2014, 13:31

Ако е скок, баш тоа цицање на 15мин ќе ја зголеми лактацијата и ќе даде сигнал на организмот дека треба повеќе млекце. Ако најдеш друго чаре со ад на пример и нема почеста стимулација, организмот смета дека количината е доволна и ќе остане на тоа. Е тогаш ќе има недоволно млеко.
Се тоа убаво, течности чаеви бози, помага, ама како што бебчето си помага само, никој....само ставај го почесто на цице, нозете горе и одмарај...се друго нека причека ;)

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by anabejbi » 18 Jul 2014, 15:33

Рипченче и М. ми јадеше многу во Црна Гора, баш со мм се чудевме по цела кашичка си јадеше, а во Скопје едвај пола.
Можеби е и до тамошната клима (smile). Одеднаш ми порасна детето, сите што го видоа го рекоа истото. Гушки до вас (big-hug)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Адаптирано млеко како дохрана со доење

Post by Miki » 14 Aug 2014, 20:01

Miki wrote:После 3,5 милиони години еволуција, фармација со 25 годишно искуство, не може да ме убеди дека има било што подобро од мајчино и само мајчино млеко.
Не мислам дека деца пораснати на адаптирано нема да израснат здрави и прави. И настрана квалитетот, адаптирано е неспоредливо потешко, покомлицирано, помачно и поскапо за користење.
Не ги осудувам мајките кои користат адаптирано, ама ужасно ме нервираат стручните лица кои од незнаење и неинформираност ги доведуваат мајките во ваква ситуација непотребно.
Ако навистина бебето е гладно, постојат мерки и техники да се подобри цицањето кои прво мораат да се пробаат, ама никој од нив не се замара ...само бутни адаптирано за да се задоволат со бројката на вагата (која најчесто исто така не знаат да ја толкуваат).
Исто не се сложувам дека треба да се гледа на саат пред да се нахрани бебето. Цицањето е толку природен процес што си функцонирал и пред ние паметните да измислиме саат или формула...ама тоа е друга тема.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemI ... 41AF6032E1
Точно за ова зборев.
"Не постои мајка што нема млеко или која нема квалитетно млеко, неквалитетно млеко е најдено само кај жените што умираат од глад!"

Поразително,23% за разлика од Шведска и Норвешка 60% !!! И како да се објасни ова освен со лоша едукација. Многу се нервирам, секој втор се научил "слабо ти е млекото", "плаче, гладно е", "немаш млеко".
Со секоја почит кон мајките кои решиле самите дека не сакаат да дојат, тоа не е зло. Ама оние што се исфрустрирани што не дојат, а други им даваат вакви погрешни совети треба да го прочитаат текстов.

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”