Page 2 of 2

Re: Глутен

Posted: 28 Aug 2014, 13:05
by Радост
Тина 4-ти ден ни е од вакцината затоа се охрабрив. Освен што јаде помалку немавме друга реакција.

Бидна веќе. (unsure)

Re: Глутен

Posted: 28 Aug 2014, 16:12
by Tina9
Давај ѝ така, 3,4 дена па после напрај пауза малку. Ако нема реакции во следните 48 часа значи е во ред. После можиш да си продолжиш нормално.

Re: Глутен

Posted: 29 Aug 2014, 01:27
by Радост
После може пример еднаш неделно или два пати т.е после тие 3-4 дена не би требало да се оптоварувам и да одам по некоја шема?

Re: Глутен

Posted: 29 Aug 2014, 11:23
by Tina9
Откако направив пауза од 3 дена после дадов плазма, пак 3 дена и видов дека нема никаква реакција, односно дека добро реагира. После тоа следните две недели давав 1 ден мешани житарки, 1 ден плазма, 1 ден пауза. И ги додавав во утринската каша додека ѝ се навикна организмот. Вторите две недели почнав да додавам и во вечерната каша. Сето тоа само по едно лажиче во денот , или за доручек или за вечера. Сега веќе не пазам на тоа, зашто одлично го прифаќа.
Ова е моето искуство.

Re: Глутен

Posted: 31 Aug 2014, 21:31
by Радост
Три дена давав плазма по мала лажичка. Сега три дена ќе правам пауза. Немаше никаква реакција, фала му на Бога. (rad)

Re: Глутен

Posted: 01 Sep 2014, 00:32
by maried
На братучедка ми и рекол педијатар дека глутенот дава реакција и по два месеца. Не ми е логично, ама самата ми рече дека два пати го препрашала.

Re: Глутен

Posted: 01 Sep 2014, 00:41
by Радост
Абе и по 6 . (rolll) Глутенот знае да даде реакција и после 20 години ... за жал. Не верувам во оваа изјава ама баш ќе побарам дали некаде постои таков податок.


Јас секако нема да ја форсирам, не ни фали воопшто во исхраната, но секаде низ светот педијатрите викаат дека преголемото избегнување на глутенот кај бебињата создавал нетолеранција. (unsure)

Re: Глутен

Posted: 01 Sep 2014, 15:51
by anabejbi
Ние од вчера пак почнавме со глутен, морав претходно да го прекинам по совет на лекар поради стомачниот вирус што го закачи М. на одмор. Малку ме фаќа паника поради одењето во градинка и тамошната исхрана (ner)