Кашичка на денот - предлози и рецепти за ручек

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Кашичка на денот - предлози и рецепти за ручек

Post by Lena_nela » 16 Jun 2016, 17:46

Слатка јас уште пред два дена се потрудив да ти напишам неколку рецепти со палента и авокадо,но од како напишав снема интернет и неможев да го испратам,еве сега ќе се потрудам повторно,и се надевам дека ќе ви се допаднат и дека и на вашите бебиња ќе им се допаднат (thumbup) Моето мн го сака и го јаде (drool)


Пире од јаболко и авокадо

Состојки:
- ◦ 1 авокадо
- ◦ 1 јаболко
- ◦ 6 лажици свеж сок од јаболко

Подготовка:
Јаболкото се лупи и се сецка. Заедно со сокот се става во тенџерче поклопено да се вари 7-8 минути.
Свежото авокадо се лупи.
Одкако ќе се тргне јаболкото од оган , се става во блендер со авокадото и се блендира.
Се додава од сокот по желба.
Провери го овој рецепт:

Пире од авокадо и банана

Состојки:
- ◦ Малку мајчино или АД млеко
- ◦ ½ банана
- ◦ ¼ авокадо

Подготовка:
Авокадото и бананата се чистат и се блендираат заедно со млекото додека се добие саканата структура.
Наместо авокадо може да се стави манго или папаја, секако доколку бебето веќе ги има пробано. Во овој случај млеко не се става во кашата.



Палента со печени јаболка и цимет

Состојки:
- ◦ 1 јаболко
- ◦ Малку цејлонски цимет (+7м)
- ◦ 1 шолја вода
- ◦ 2 лажици палента
- ◦ ½ лажиче масло
- ◦ 30мл мајчино или АД млеко

Подготовка:
Загрејте ја рерната на највисока температура. Ставете фолија за готвење.
Наредете ги јаболките и посипете ги со цејлонски цимет. Печете околу 20 минути или додека јаболките не омекнат.
Додека јаболките се печат, подгответе ја палентата. Во сад ставете вода, масло и палента. Гответе ја околу пет минути на тивок оган. Мешајте додека не стане кремаста. Ставете ја палентата во длабоки садови и додадете го млекото. Во секој сад додадете пасирани печени јаболки.



Палента со спанаќ

Состојки:
- ◦ 2 лажици палента
- ◦ 200мл вода
- ◦ ½ лажиче масло
- ◦ 1 чешне лук
- ◦ 200гр спанаќ

Подготовка:
Спанаќот исчистете го, измијте го внимателно и ставете го во вода да се вари заедно со лукот околу 20 минути.
Пред крај на готвењето на спанаќот ставете ја палентата во водата и варете ја на тивок оган со постојано мешање.
Кога ќе се свари спанаќот измешајте го со масло и ставете го во блендер.
Кашата од спанаќ измешајте ја со топлата палента.
Послужете го оброкот топол.



Палента со цвекло и јаболко

Состојки:
- ◦ 1 јаболко
- ◦ 2 лажици палента
- ◦ 50гр цвекло

Подготовка:
Цвеклото исчистете го, исецкајте го на коцки и ставете го да се вари.
Кога ќе може да го боцнете до вилушка, тогаш е готово.
На крај од готвењето на цвеклото, ставете ја палентата да се вари.
Јаболкото исчистете го и ставете го во блендер заедно со цвеклото.
Потоа се добро измешајте со палентата.
Послужете го оброкот топол.

А моето денес ќе јаде

Зеленчукова каша со киноа (житарица)

Состојки:
- ◦ 50гр морков
- ◦ 150мл вода
- ◦ 80гр брокула
- ◦ 80гр тиквица
- ◦ 2 лажици киноа

Подготовка:
Ставете ја киноата да се вари во водата 20 минути.
Зеленчукот исчистете го и ставете го да се готви 15 минути во сад за готвење на пареа.
Кога ќе се свари киноата исцедете ја водата и заедно со сварениот зеленчук ставете ги во блендер. Блендирајте додека се добие изедначена смеса.
Послужете ја кашата топла.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Кашичка на денот - предлози и рецепти за ручек

Post by Lena_nela » 16 Jun 2016, 23:32

Да напоменам дека ова се рецепти од бебе готвач(аппл.) И дека се кашички за бебиња од 6-7 месеци.Јас му ги правам на моето , масло се уште не ставам , а ако ставам тогаш хи го избрала маслиновото,а во бебе готвач се користи кокосово,но јас немам такво најдено и незнам дали воопшто го има во Мк.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Кашичка на денот - предлози и рецепти за ручек

Post by Lejla7 » 17 Jun 2016, 15:03

Имa кoкoсoвo мaслo вo Мк (нa Витaлијa и Биo кoсмoс сум виделa), нo и јaс се уште не сум дaлa. Стaвaв мaслинoвo вo зеленчукoвите кaшички, нo приметив декa ги oдбивa кoгa ќе гo нaсети. А сo сoнчoгледoвo не прaви прoблем ниту сo путер. Пa стaвaм тoa штo му се дoпaѓa. И јaс мaслинoвo јaдaм сaмo вo сaлaтa сo дoмaти, a не гoтвaм сo негo, пa претпoстaвувaм декa личи нa мене.

Мaслинoвoтo мaслo и oнaкa ги губи здрaвите мaсни киселини кoгa се зaгревa, пa нaвистинa ми е aпсурднo гoтвење сo негo - сaкaм дa кaжaм, кoгa ќе слушнaм декa некoј пржел или печел сo мaслинoвo. Џaбе е. Сaмo лaднo е OК.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Кашичка на денот - предлози и рецепти за ручек

Post by Lejla7 » 17 Jun 2016, 15:06

Денешнaтa кaшичкa зa ручек: блитвa, oриз, мoркoв, пиперкa, млaд крoмид и жoлчкa. Нa крaј путер и мaлку сoл. Мислaм декa без пиперкaтa, крoмитчетo и жoлчкaтa мoже и зa 6 месечнo бебе. И без сoл и путер.

Tedy11
Нов член
Нов член
Мислења: 3
Придружен: 10 Dec 2019, 15:14
Им се допаднал: 1 time

Re: Кашичка на денот - предлози и рецепти за ручек

Post by Tedy11 » 10 Dec 2019, 16:44

Ние ручкавме
Тиква печена
Кајсија(од тегличка на хип)
Се изблендирано заедно ама се мрштеше и и додадов една лажичка кашичка (круша, банана и манго) и за миг ја снема се изручка

Пишете за утре што планирате... Поздрав

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”