Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by Радост » 05 Jan 2016, 00:48

Бубе, ќерка ми е 2 години и уште е на Аптамил. Ако можеш да си дозволиш финансиски, барем до 18 месеци давај адаптирано.
Доколку одлучиш најдобро е со педијатар заради запек, прифаќање на мешето и различни совети од мајки кои можеби ќе утнат нешто, зошто секое дете своја приказна.

И не зимај тетрапак никогаш! Само за варење.

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by happiness » 05 Jan 2016, 01:07

не сум ја отворла темава долго....
Јовка еве ке напишам бев кај една млада тогаш примена беше Марија се викаше така се претстави за презиме не знам го користеше печатот на Марика...
Јас после годината воведов одма да речам Кравјо млеко , мед , портокали сега скоро и киви и нема никаква алергија (rad)
Бубе ако воопшто нема пробано до сега кравјо млеко пробај прво во каша пола вода пола млеко така направив јас и тоа го тегнев месец дена скоро, па малку по малку зголемував на млеко додека не стигнавме до млечна каша без вода...
не зависно од ова кога се дава во шише да пие се започнува со 50-50 или 2/3 млеко и 1/3 вода...
јас на годината значи не чекав ни месец му дадов кравјо млеко со вода, и си го испи без проблем а не како преминот од АД1 на АД2 , тоа беше утрото, и вечерта се двоумев ама си реков кога веке го испи да не му менувам па после да си играме сакам ова-некам она, и така пресеков на кравјо млеко исто го мешав со вода околу 3 недели можи до месец т.е. се додека не му се стабилизира каката (smile) на почеток со 50-50 имаше нормална кака, после почна да се стврднува како намалував на количина на вода , и ако сметав дека е мн тврда иако пример сме стигнале на 120мл млеко и 30 мл вода јас давав пак 100мл млеко и 50 мл вода, до следно какање, следен ден пак по старо, и со тек на време си се навикнаа цревцата и немаме мака со кака (инаку какаше секој ден , значи запек немавме (smile) )
јас не бев на консултација кај педијатар за преминот, претходно на 9 и пол месеци бев на систематска контрола и таму ми кажаја вака, патронажната дојде 2 недели пред годината за да го затвори картонот и таа исто ми кажа, на некој начин кога ке започнеш со кравјо дали на година или по некој месец или на 2-3 години тоа е право на мајката , барем во мојот случај беше така..
последно кога беше со бронхопнеумонија ради тарапијата , пак давав Ад млеко без лактоза за полесно варење и го пиеше само на спиење многу ретко свесен денски да го прифатеше, и после на премин со кравјо давав чисто млеко ама дадав плус нормија пробиотик по пола кеса , два пати на ден

радост веке одговорила (smile) и јас инаку користам свежо млеко за варење (smile)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by Bube » 05 Jan 2016, 13:22

Таа има пробано кравјо ама само во каши некои, во чоколино еднаш на две недели, се на се многу малку. Затоа мислам дека наглиот премин од ад на кравјо ќе и биде проблем . Плус го обожава аптамилот.
Во консултација со матичната тераме до 18 мес со аптамил 3 па после рече или било кога да одлучам да преминеме на кравјо да одам кај нејзе ќе ми кажела како што.
Па ајде нека се збие на парите, побитна е ќерка и здравјето нејзино.
Жени а какво е тоа млеко за варење? Во кеси е? Во маркети да барам ? Да земам со него ако ми треба и за каши .пошто многу лоши работи читам во последно време за тетрапак

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by Радост » 05 Jan 2016, 13:47

Да Бубе, си пишува на него свежо млеко за варење.

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by SMESKO » 05 Jan 2016, 16:10

Моето искуство е следно,кога направе 6 мес почнав да воведувам кравјо млеко во каши(чисто не разредено,никогаш и не го разредив со вода),кога прекинав со измолзувањето а тоа беше точно на 7 месеци,преминав автоматски на кравјо млеко тоа беше летен период ама за среќа немаше никакви компликации ниту во однос на кака ниту мешето ја болеше ниту повраќаше како што ми кажуваа,така да....тоа е сепак финансиски и твое право кога ќе се одлучиш да преминиш на кравјо.

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by sunshine_2012 » 06 Jan 2016, 08:01

Моето искуство е вака со сите три. Ексклузивно доење до 6 месециа , после кога почнав да воведувам кашички се одмолзував и им ги правеев кашичките. кравјо млеко сум вовела посе 8 месец во кашички и тоасо малку вода, а почнаа да пијат кравјо млеко околу 18 месеци дкогшотогаш сум ги доела. инаку јас никогаш не сум им дала млеко од тетрапак, ние си зимаме млеко од човек ( проверен) и одлично му е млекото, дури и кисело млеко си правам и никогаш се немале никаков проблем од него.
Мислам дека после годинка би било подобро да се даде кравјо млеко и тоа да се почне со разредување , па постепено да им се дава чисто. во кашички мислам дека е во ред да се даде пред годинка. Јас би рела да не се брза со храната.
поздрав.

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by SMESKO » 06 Jan 2016, 12:02

Саншајн сосема се согласувам со тебе во смисла да не се брза со храната,точно е дека додека цицаат е најлесно,но кај нас беше поинаква работата а тоа е измолзување на 5 сати 5 пати (cry1) ,и тоа да ре4иш,се за нашите најмили но не се издржуваше(имам проблем и со ишиец и целосно млекото се намали,секна од болка),инаку планирав до 9 месеци да се измолзувам.
А што е поинакво ад млекото од кравјото млеко,прочитав дека тоа е само индустриско преработено кравјо млеко (confus) .
Јас не гледав потреба да продолжам да и давам ад млеко,кравјото го прифате најдобро што можи,чак и повеќе и се допаѓаше од ад.Кога тогаш ќе почни да пие кравјо дали после 1 год или 2,3 .
Барем тоа е мое мислење (grupna-gushka)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by sunshine_2012 » 06 Jan 2016, 13:50

Смешко јас немислам ништо лошо за тебе со тоа што си почнала со кравјо млеко порано од мене. Јас немам поинакво искуство од доењето.
Верувам дека сте поминале тежок период и фала му на Бог што сте супер. Не сум фан на АД така да најверојатно и јас би избрала кравјо но не тетрапак. сепак јас што сум читала препорачуват кравјото млеко да се меша со вода.како за почеток.
(kup) .

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by SMESKO » 06 Jan 2016, 15:49

Саншајн (smile) мила сосема погрешно ме сфате,не те разбрав дека лошо мислиш за мене,сакав да се изјаснам зш сум почнала порано со кравјо млеко,а да цицаше јас би ја доела 2 години ако не е и повеќе (laugh1) .Исто потврдувам дека велат да се меша со вода но јас мислам ова купе4кото дека веќе е мешано со вода (tumbdown) па затоа мислев дека нема потребада разредувам (smile) ,а да е кравјо значи еве како ти што си купуваш тогаш и јас би разредувала.Поздрав и гушки до сите најмили твои дечиња како мечиња (racinja)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Кога се воведува кравјо млеко и млечни производи?

Post by sunshine_2012 » 06 Jan 2016, 17:27

Се разбравме Смешко. поздрав (kup)

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”