Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Здравје кај бебиња. Грчеви, настинки итн. Наши искуства и совети за здравје кај бебиња.

Moderator: Модератори

Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by Peperutka » 16 Jun 2013, 14:44

Јас му ставам на К. широк повој бид.така ми препорачаа уште од болница.Приметувам дека му е малку склет и топло но подобро ми е вака отколку Недај боже да му се деформираат колкчињата па да се каам што не сум му ставала.

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by sunshine_2012 » 16 Jun 2013, 14:50

Ја на ниедно дете не сум и ставала широк повој, но ги водев на контрола на ортопед, со второто сиимаме проблеми со стапалата ама тоа уште од рагање си носиме ортопедски кондурчиња и тоа е. инаку кукчињата му се супер.

davidkjara
Редовен член
Редовен член
Мислења: 376
Придружен: 14 Jul 2012, 08:46
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 125 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by davidkjara » 16 Jun 2013, 16:26

Definitivno so sirok povoj mi e nekako posigurno em e pocvrsta za drzenje em ne mora da visam kako dgandar nekoj koga ja drzi a baska stanala nemirna i mi e nekako poubavo a kukcinjata si se zastiteni (smile)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by Petra » 22 Jun 2013, 17:25

Широк повој и ставав на ќерка ми. Сега не паметам дали веднаш од болница почнавме, мислам дека да. На некоја од контролите се покажа дека зглобот на едниот колк не е баш добро развиен и покрај тоа што беше со широк повој, па носеше ортопедски гаќички. Незнам дали е наследно или пак не, јас сум носела апаратче на колковите. Со широкиот повој ми беше многу лесно за држења, стабилно и не и пречеше.

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by Fiona » 08 Jul 2013, 14:56

му ставам навечер за спиење, жал ми е бе луге 100 степени е (sad1)
кога треба да е првата контрола на ортпед и каде ги однесовте вашите?

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by kit-kat » 08 Jul 2013, 15:26

Јас на синко му ставав широк повој но не пелени,туку имаше едни FANI од сунгер,кои беа со лепенки.
Многу лесни и практични.Се переа во машина.Имаше 3 броја за по два месеца до 6 месец.
На контрола отидовме на 4 месеци,па на 6,кога се беше во ред па другиот ден го ставив во дубак (smile)

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by Fiona » 11 Jul 2013, 10:57

среќна уште нема јаки горештини и решив да му ставам.. не губам ништо , а да не ставам шубе ќе ми биде...
кит-кат добра идеја ми даде со Фани гакицкиве, али од каде да ги набавам,,, (confus) (confus) (confus)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by kit-kat » 11 Jul 2013, 12:01

Не знам Фиона дали ги има сеуште.
Ако можам ќе набаван број и ќе пишам.
Инаку јас од синко себично ги чувам со надеж за ново (b4)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by Peperutka » 18 Aug 2013, 11:19

Пред неколку дена бевме на ортопед,приватно кај др.Темелковски,зошто за во Мајчин дом-државно ни закажаа дури за во Октомври а нас ни беше многу доцна,зошто прегледот од ортопед треба да се изврши пред бебето да направи 3 месеци.Му направија Ехо и преглед(ме чинеше 900 ден.) и супер е малишанот мој,колкчињата се супер,има јадро на двете,според држењето и цврстината одговара за бебе од 5 месеци (rad) (rad) Веќе главата ја држи исправена (rad)

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Post by Fiona » 24 Sep 2013, 13:19

бевме на ортопед и докторот ни објасни дека Памперс,Дајперс, бекутан и сите слични пелени за еднократна употреба(smile) се уствари широк повој. На времето ставале по 2,3 памучни од причина што една пропушта, две или три апсорбираат . Пелена е хигиена и нема врска со оформување на колк.
Иако и јас ставив неколку пати на памперсот + тетра, не дека не ставив ама ете..
За недај боже денес постои ехо и помагала за да биде се ок.
Памучна пелена само ја отежнува моториката и бејби неможе да вежба укочен е. Значи пренесувам што ми кажаа, за друго одлука на мајката е.
Буцково мој е одличен и си ужива само со пампрес- тоа е веќе денес, современ широк повој (smile)

Одговори

Return to “Здравје кај бебиња”