Page 6 of 9

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 28 Nov 2013, 21:01
by Радост
На подготвителните часови на кои бев сега, акушерката рече дека широкиот повој треба да се користи и дека тоа и педијатрите после породување го кажувале на секоја мајка. Со две тетра пелени и една шведска. Се друго било ризик, особено за женските деца. Поделени мислења, како и за многу други работи. :)
Јас секако и купив пелени и ќе ја повивам, посигурно за држење ќе ми е, плус зимо ќе е нема да ја фаќа склет, плус ми е страв да не направам нешто што не треба, па да се изедам после.

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 28 Nov 2013, 21:32
by carina
на керка ми и ставав широк повој,матичната ми рече дека нема штета,да не ми биде криво ако не дај боже излезе некаков проблем со колкчињата.инаку сум користела и фани пелени,првиот број,ги имаше во аптеката во склоп на чаир болницата.поголемите не можев да ги најдам по останативе аптеки,па користев 2 пеленидо 5 ти и една до шести месец.напорно беше зашто фати лето,ама издржавме.сега се мислам што да правам,веројатно пак ке се повиваме

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 28 Nov 2013, 23:16
by ripcence
Јас за моиве до кај 5 месец ставав по плус една тетра, две ми беа некако многу до коленцата им фаќаа, ама сега гледам веќе не ставаат ниту снаа ми ниту јатрва ми ставаат нешто плус памперсот.
Се мислам дали овој пат да ставам, ама па поцврсто ми е држењето на бебушот кога му е стегната кичмата. Тетра пелени и шведски ќе спремам за секој случај.

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 05 Dec 2013, 23:52
by marinna
kade moze da se nabavat tie fani gakicki?

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 29 Jan 2014, 14:16
by Радост
Поради случувањата со папочето, дури вчера почнавме со широк повој ама имаме мака. Се нервира дополнително од пелените зошто и е ново, а е научена да ги собира нозете скроз до мешето поради грчевите.
Немам избор освен да бидам упорна зошто ортопедот на испис ми напишал да носи широк повој со една пелена. Да не имате совет како да го ублажиме склетот?

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 29 Jan 2014, 20:02
by ripcence
Да пробате да ги најдете фани гакичките, на подготвителните часови сестрата кажа дека се попрактични и помалку пречат, а и кажа дека некоја трудница им рекла дека ги има по аптекиве. (a2)

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 29 Jan 2014, 20:07
by maried
Немојте фани гакички, искрено од жена која и ги ставаше на керката нејзина и сега имаат проблем со ножињата, и мене ми рекоа само тетра и осмица(шведска), така и ставав на керка ми до 4 месеца, и на контрола имаше јадра и ни рекоа нема потреба повеќе, инаку јас имам фани ама само една недела ги ставив и одкако ми кажаа ги баталив, полека ке се навикне, и керка ми се бунеше па за 3-4 дена се навикна (smile) (smile)

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 30 Jan 2014, 01:51
by Miki
Радост, ти објасни педијатрот што значи широк повој со една пелена?!?! Смеам да прашам зошто и треба широк повој?

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 30 Jan 2014, 02:36
by Радост
Не. На отпусното нејзино писмо пишуваше дека ортопедскиот наод е уреден за возраст, широк повој со една пелена и контрола на два месеци. Педијатарот на контролите ни кажа дека тоа е превентива и дека на два месеци кога ќе одиме пак на ехо ќе ни кажеле дали ќе останеме на една пелена или ќе ни зголемат. (unsure)

Re: Ортопед и широк повој: ДА или НЕ

Posted: 30 Jan 2014, 08:39
by Sashka
Во Ремедика на сите во отпусната листа им препорачуваат широк повој. Ние стававме некое време, ама кога грчевите и станаа полоши прекинав. И д-рката ми рече кога се грчи да и го вадам повојот.