Разрането газе на новороденче

Здравје кај бебиња. Грчеви, настинки итн. Наши искуства и совети за здравје кај бебиња.

Moderator: Модератори

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Разрането газе на новороденче

Post by maried » 24 Oct 2013, 13:06

Темава ја отворам бидејќи не најдов слична, ако има некаде Деборче преместувај (smile) Имено, на керка ми и се вцрви газето на двете страни, пред внатрешноста, како уста и е направено, и ајде што е црвено е црвено ама и се направија какао мали ранички. Два пати ја носев на педијатар, едниот ми рече да ја мачкам маст, ама ми даде кортикостероид(не сакам ни да помислам колку е штетен), а другиот ми рече да почнам со тетра пелени, и да го исфрлам памперсот. Е сега ни јас незнам што да правам, ако имала некоја мамичка слично искуство нека сподели искуство..

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by kit-kat » 24 Oct 2013, 13:12

Оф душиче,колку е болно тоа.Немам искуство до толку,но знаеше на синко му се зацрвени газето,па со павловичева решававме,но само онаа оригиналор од ДР Павлович.
И се уште ја користиме во кризни моменти (smile)
Ќе прашам мислам јатрва ми имаше проблем со малата,па ќе ти пишам (bu)

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by Vesela » 24 Oct 2013, 13:51

Душа мала, стварно е многу болно тоа и пржи. И на синко знаеше понекогаш да ми се вцрви газето , и тоа најчесто од пелени. Нас најдобри ни беа Памперс, од други се нафрлаше. Не е страшно, поминува. Арно ти кажал д-р во овој период може најдобро е да користиш памучни тетра пелени ( и внимавај кога ги переш со некој бебе сензитивен прашок пери ги има на ПЕРСИЛ мислам.
Инаку највеќе ни помагаше крема на Бубхен ( не знам како се пишува оригинал) со зинк. Цинкот ја апсорбира вишокот влажност и делува смирувачки. Гледам сега и Алкалоид имаат иста со цинк, а веројатно и Нивеа и Пантен имаат. Нас на пример д-р Павловиќ не ни помагаше уште толку го надразнуваше газето. Но, пробај и со овие со цинк и со Павловиќ. Исто помага и беби пудра.
Ајде брзо да и помине, гушки за принцезата. (love5)

merlin
Редовен член
Редовен член
Мислења: 257
Придружен: 19 Apr 2013, 14:49
Му се допанале: 184 пати
Им се допаднал: 98 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by merlin » 24 Oct 2013, 16:24

мариед има еден препатар односно антисептик кој е баш за бебиња дури и кај предвемено родени го даваат и е баш за егзема во аналниот и гениталниот траклт кај деца. може кај вас не е егзема но мислата ми е дека може во тој предел да се кориси. тоа е Octenisept истиот што го даваат и пред инвитра..јас го корисатм и мн сум задоволна..

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by maried » 24 Oct 2013, 17:00

Фала ви (smile) Кит-Кет обавезно да ми пишеш. Инаку јас ја користам Др.Павловиќ оргиналната од самото раѓање и ништо, користам памперс, на Памперс Премиум, ја одмивам со камилица, а навечер со хиперманган. Сега купив јекодерм, па и со оа да пробам, грев ми е да ја гледам како се мачи. (sad1) (sad1) (sad1)

Мерлин, нас ни е надвор нафрлано и црвено, не се брумчиња туку како раничка е, ја мачкав со мустела со цинк, и на тоа место кај раничките кремата како да бегаше од што и е разрането, душата ми плаче кога треба да ја пресоблекувам (sad1) (sad1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by Debora » 24 Oct 2013, 17:09

Мерид можеби е во право педијатарот што ти рекол да пробате со тетра. Во памперсот има еден куп хемикалии и ако е алергична само на една од нив или ја иритира може да и се јават такви проблеми. Јас би пробала да видам дали ќе има подобрување.

davidkjara
Редовен член
Редовен член
Мислења: 376
Придружен: 14 Jul 2012, 08:46
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 125 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by davidkjara » 25 Oct 2013, 07:08

Marrid nie imavme slicen problem gazeto kako majmunce i bese neznam dali bese od pampersot koristevme Premium gi smeniv i si zemavme canbebe i si kupiv Jekoderm krema veruvaj za 2 dena i pomina na sekoe menuvanje na pelena debel sloj Jekoderm za 2 dena nisto i so pamucna vata so mlaka voda ja premivav pa susev so krpa meka pa debel sloj od jekoder probaj ke vidis Jekodermot ja obnovuva kozata i e mnogu dobar pozdravce (thumbsup) (a2)

stela
Редовен член
Редовен член
Мислења: 298
Придружен: 29 Apr 2012, 22:20
Му се допанале: 88 пати
Им се допаднал: 149 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by stela » 25 Oct 2013, 08:30

Се сложувам со Давидкјара,почесто менувај и ја пелената,и секогаш бриши ја со влажна тетра,па после со сува,или ако си во можност можеш и да си ја измиеш од половина надолу после секое менување на пелена.И на сува кожичка,никако на влажна,зашто тогаш се воспалува уште повеќе,намачкај и јекодерм,не мора во дебел слој,само убаво втриј за да упие кожата,да не се избрише од пелената. Имавме сличен проблем,само ептен малку беше исипана,и јас се потресов како тебе,и на овој начин и пројде.Сега гледам пак и се појавило,и мислам дека е од тоа што ја држиме во раце и ја зноиме,нема друго објаснување,затоа што има осип само во пределот каде што се преклопува кожичка со кожичка,е сега ја мачкам со мустела крема,зашто е како пудра кога ке се исуши,па ке видам кое делува поубаво ,јекодерм или мустела.Инаку јас ориганалната Павловиќ ја користам од почеток и немав проблеми,ама откако и се јави осипот пред месец дена,ја баталив,зашто приметувам дека на осипот делува полошо.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by ripcence » 25 Oct 2013, 09:19

Оф леле душа мала, кај нас се случи кај синко, па излезе дека е алергичен на пелените, ги сменивме и веќе такво нешто не се појави.
Мислам дека штом има раничка не треба да мачкаш со маст, затоа што кожата го испушта она како желе-течност кога заздравува и затоа неможеш да втриеш.
Мене ми кажа педијатарот, да сменам пелени, по два пати во денот гол го оставав по 15мин. да си претка да диши слободно кожата и само со бебешка пудра да се засуши раничката. Се разбира претходно одмивај ја ако можеш. Откако ќе засуши раничката можеш да мачкаш јекодерм-кај нас и тоа излезе дека не го поднесува, па мачкав со павловиќева.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Разрането газе на новороденче

Post by maried » 12 Nov 2013, 16:35

Еве ме мене, да ви кажам газето ни е подобро, раничките почна да ги снемува и многу се радувам..Многу пари фрлив на кремии разни препарати и нема да ви се верува што ми помогна НИШЕСТЕ (smile) (smile) Арно викаат лекот е пет пари ама треба да дојдеш до него (smile) (smile)

Одговори

Return to “Здравје кај бебиња”