Рибино масло, витамин АД

Здравје кај бебиња. Грчеви, настинки итн. Наши искуства и совети за здравје кај бебиња.

Moderator: Модератори

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Рибино масло, витамин АД

Post by Annabel » 12 Jan 2010, 11:40

Дали им давате на вашите деца рибино масло или витамин АД?

На Ива до скоро и дававме АД маслени капки. До 1 година мислам дека беше и дававме секој ден по 3-4 капки, а после тоа само во зима и есен кога помалку има сонце.

Сега, кога се појави свинскиот грип, земавме рибино масло, ама иако е со вкус на јагода не го сака да го пие (пробавме растворено во чајче, ама и така не го сака). И јас го пробав, ама грозно е...Сега го пие мм, тој нема гајле.

Успеавме да најдеме перли(од оние црвените) со витамин А и Д3 (низ цело Скопје нема поради грипов, па моите ни донесоа од Битола). На сликата на опаковката има риба, ама во составот никаде не пишува дека содржи рибино масло.

Имате ли искуство со овие витамини и кој од нив ги користите?

MAMA_M
Член
Член
Мислења: 102
Придружен: 14 Nov 2009, 20:32
Им се допаднал: 1 time

Re: Рибино масло, витамин АД

Post by MAMA_M » 14 Jan 2010, 09:02

еј и ние купивме од црвените перли за син ми. има рипче на слика, а во составот рипчето испарило (smile) Мислам дека нешто соја се спомнуваше. Ќе одев да се распрашам во аптеката, ама не останува време. И сега не му ги давам
На ќерка ми и давам Д3 по 3-4 капки

kikica
Редовен член
Редовен член
Мислења: 251
Придружен: 10 Aug 2010, 09:08
Им се допаднал: 10 пати

'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by kikica » 15 Sep 2011, 12:03

Здраво мамички, ме интересира каков вид на Д3 капки му давате или дававте на вашето бебе, јас до сега му давав Вигантол но слушнав дека некои педијатри ги забрануваат, знаете ли нешто повеќе за тоа? кои според вас се најдобрите капки?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: 'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by Debora » 15 Sep 2011, 13:38

Имаше една афера со Вигантол капките, ама тоа беше за таа серија http://tvoebebe.com/kapkite-vigantol-povleceni , не сум чула дека инаку ги забрануваат. Во секој случај можеш да земеш други.

kikica
Редовен член
Редовен член
Мислења: 251
Придружен: 10 Aug 2010, 09:08
Им се допаднал: 10 пати

Re: 'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by kikica » 15 Sep 2011, 15:48

I jas ja dobiv ovaa informacija Debora, bi trebalo da go imaat sredeno toa do sega (confus) jas zedov i drugi( D3 plivit) no mnogu gorcat i sin mi se gadi od niv, a ovie Vigantolot se bezvkusni i zatoa gi preferiram, se prasuvam dali ima drugi sto ne gorcat tolku?

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: 'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by Mamino_srce » 06 Jun 2012, 19:31

Од самиот почеток користиме Д3 капки, и му давам пред млеко. Значи направим млекце, наспем малку во лажице и ставим капки (5 капки) и после млеко. Педијатар ми има кажано дека е најправилно да се даваат пред млеко бидејќи така со калцијум најдобро се врзуваал витаминот.

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: 'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by Nadja » 07 Oct 2012, 17:05

На малиот му давам капки Пливит Д3. Неговата матична лекарка ми рече да му ги давам до 1 година.

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: 'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by Hera » 09 Nov 2012, 10:03

Јас му давам Вигантол по две капки дневно. Патронажната сестра ми рече дека се користеле максимум 30 дена откако ќе се отвореле. Ја прашав матичната за ова и ми рече дека нема врска, дека се само муабети за повеќе да им се троши во аптеките. Дека тоа си е маслен раствор и дека нема што да се расипе.

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: 'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by Mamino_srce » 09 Nov 2012, 11:01

Hera wrote:Јас му давам Вигантол по две капки дневно. Патронажната сестра ми рече дека се користеле максимум 30 дена откако ќе се отвореле. Ја прашав матичната за ова и ми рече дека нема врска, дека се само муабети за повеќе да им се троши во аптеките. Дека тоа си е маслен раствор и дека нема што да се расипе.
Да, и мене ми го кажале истото, да не се користат после месец дена по отварањето, и исто ја прашав матичната и ми кажаа дека нема врска.
Ние користиме Пливит д3 по 5 капки, бидејќи се послаби од Вигантол. Тоа не знаев, и водејќи се по другите што користат Вигантол и јас давав по 2 капки, па ме докторот искара, па морам едно време да му ја зголемим дозата на месец дена и после тоа да продолжам со 4-5 капки. Ама јас секогаш капнем 5,6,7 бидејќи нешто прогута, нешто му истече од устата, па затоа. (smile)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: 'Vigantol' или друг вид на Д3 капки???

Post by Peperutka » 16 Jun 2013, 14:56

И ние ги користиме Вигантол капките.Обично му ставам навечер,директно во устето,мм ќе му го подржи главчето а јас ќе му капнам 2 капки

Одговори

Return to “Здравје кај бебиња”