Хемоглобин кај бебиња

Здравје кај бебиња. Грчеви, настинки итн. Наши искуства и совети за здравје кај бебиња.

Moderator: Модератори

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by ivvi<3 » 01 Jun 2015, 22:38

Хепинес, те молам цитирај ме ако некаде сум те обвинила лично тебе дека не си направила скрининг или што и да е. А те прозивам, затоа што ти се обраќам лично тебе и те прашувам. Дури и ти одговорив на прашањето што се превзема кај дете со низок хгб со помалку од 3 месеци (совет од нашиот педијатар). Секој си има свои ставови и тоа е во ред, за тоа и служи форумов, но јас си вадам факти од мои извори и така си го бранам ставот и не гледам како некој напаѓам. Јас неколку пати потенцирав дека секогаш има исклучоци и дека истите совети не важат за сите. Го кажав мојот пример. Никаде не реков дека грешиш ти или пак некој друг. Тоа си е твоја работа кога и дали ќе го носиш твоето дете на доктор. Цитирај ме пак ако лично те обвинив или навредив.
Дебатата, накратко почна, кога имаше прашање кога ја направивме првата крвна слика. Јас кажав кога, Мерид кажа нема потреба претходно, поради резервите на железо итн., а јас и Радост не се согласивме околу тоа, ете јас со пример. И после докажувања дали прима бебето железо или не преку мајката, со доење, преку крв итн. Секој си ги кажа своите извори на информации, исто и јас. Можеш да си препрочиташ како почна сѐ.
Секој се труди да биде најдобар родител, како знае и умее, секој си го сака своето дете и му посакува најдобро. Јас лично не би дала лекарство на своја рака, но тоа не значи дека те обвинувам, тоа значи дека не се сложувам со тебе. Секој си носи одлуки и сноси одговорност за своите деца, за било какви постапки, дали се работело за здравје, воспитување, образование итн.
И на крај, ти ми го потврдуваш она што јас цело време го зборам. Си немала никакви проблеми. Јас имав. Би ми ги дала истите совети кои важеле за тебе? Сакам да мислам не.
И уште еднаш посочи ми како те навредив. Неколку пати препрочитав сѐ и не можам да најдам такво нешто.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by maried » 02 Jun 2015, 01:10

Ivvi, за железото во мајчиното млеко тврдам дека е така, прашав многу стручни лица, ама ете твој став е тоа и добро. За другото, вклучувајќи и скининг си 100 % во право, ама да не ја изреметиме темата.
Хепинес, колку му е хгб на С?? 106?? Ако му е толку мој совет ти е појачај исхрана и редовно контролирај. Ќерка ми трчаше цел ден со 105 хгб, ама дадов терапија. Подобро да прима терапија отколку да биде анемичен.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by Радост » 02 Jun 2015, 01:26

Морам да се замешам само дека на три месеци не се давало терапија. И те како се дава, пример на познаничка имам каде што го однесе бебето за крвна слика пред вакцина и излезе хемоглобинот 89. На 3 месеци можези се приметуваат знаци на анемија ама што ако бебето природно е со посветол тен и што ако бебето природно си е летаргично и успано? Како ќе приметат на 2.5 месеци поточно дека е анемично?
Така почна дебатата, и јас стојам на ставот дека ако не повеќе, треба на 3,6,9 и 12 месеци да се прави крвна слика. Дај Боже секогаш да е во ред кај сите ама што ако со таа крвна слика може да се спречи нешто?
Многу мајки даваат и антибиотик за секое едно нешто и не прават крвна слика за да не ги трауматизирале децата оти нели, антибиотикот мала траума на организамот е, па не земаме пример од такви случаеви.

Јас искуство со доење баш и немам, цицаше месец и пол и тоа со дохрана. Ама знам дека ме форсираа сите доктори до крај на бременоста да одржам висок хемоглобин и железо за да она биде со поголеми резерви, а и јас после породување. Се роди со 198 хемоглобин. :)

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by happiness » 02 Jun 2015, 08:52

Maried zelezoto mu e 106 od nejadenje :)
Eve 4 dena so red davam teleshko po 25 gr jadi po mn malku pa nemozam da mu motnam vo uste 50 gr
2 nedeli kaj sto beshe skoro na ad celo vreme..
Prvo zapcinja pa alergija i taka.. Inaku davav po 50 gr teleshko sekoj vtor den i beshe super..
Kaj bebinja ivicita okolu okoto kaj sto stavame kreon ako stanuva zbor za anemija se pravela mlecno bela po toa prepoznavale pedijatrite....

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by ivvi<3 » 02 Jun 2015, 09:54

Мерид, интересно е што и јас мислев како тебе дека бебето не прима железо преку мајчино млеко, но д-р Јулија кажува друго, и сега веќе се двоумам. Барав нешто на интернет, но не ми даде баш информација за тоа, ќе мора да истражам поубаво.
Радост, јас поради неуки доктори од бебе сум на антибиотици. Проблемот веднаш ќе се решел да ми направеле брис навреме, наместо по 6 месеци да испитуваат. За жал, кај некои доктори, антибиотик делење од ракав сѐ уште е пракса. А што се однесува до хгб во мојата бременост, се сетив дека ми беше 90 во деветти месец со терапија тотхема 4 ампули на ден и пред породување ми ставија интравенозно дупла доза во инфузија, ама не се сеќавам колку ми се покачи. Сите тие денови ми се како во магла, што од возбуда, што од грижи. Ама пополека ми се враќа меморијата :) Поздрав до сите вас и дај Боже никој да не мора да оди по доктори!

draga^^
Член
Член
Мислења: 119
Придружен: 18 Oct 2014, 14:00
Му се допанале: 29 пати
Им се допаднал: 40 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by draga^^ » 02 Jun 2015, 13:05

Хепинес и ние имавме проблем со анемија. малата кога имаше 14 месеци се разболе и освен млеко не сакаше ништо друго.последица на немање апетит беше анемија.докторката наша веднаш и препиша ферум лек. не се ни потруди да ме советува да и дадам нешто природно на пр мед и семе од коприва или нршто друготуку веднаш сируп.малата не сакаше да го пие сирупот и сеуште немаше апетит и на препорака на аптекарката зедов витсмински капки се викаат Babyvit a фирмата е Healtaid.околу 700 денари се а само по два дена малата почна да јаде и за месец дена само со исхрана хемоглобинот и се покачи од 97 на 112.а сега и е 122 без капки само со здрава исхрана. кога отидов кај матичната со резултатите таа се изненади и се налути зошто сум го прекинала сирупот.а детето се намачи

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by sweety » 03 Aug 2016, 13:10

хемоглобинот и е 107, пред два дена и беше 103 испитувавме крв бидејќи имаше тт па покачени леукоците примавме антибиотик, оставивме за десет дена пак да и испитаме дали ќе се покачи само со исхраната или пак ќе треба сирупче.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Хемоглобин кај бебиња

Post by Lejla7 » 03 Aug 2016, 14:14

Јaс мнoгу oдaмнa не сум му испитaлa хемoглoбин нa мaлиoт. А бел е кaкo снег, нo не беше aнемичен кoгa му испитaвме пoследен пaт, не се сеaвaм тoчнo ни кoгa беше. Сегa ме зaмисливте, вo пoследнo време избегнувaм дa му дaвaм жoлчкa зaрaди жештините, a и зaрaди тoa штo јa oдбивa, пa дa не случaјнo имa низoк хемoглoбин и oд тoa не мoже сaм дa oди?

Месo јaде инaку. Му дaвaм секoј втoр ден скoрo.

Одговори

Return to “Здравје кај бебиња”