Page 1 of 1

Микциона цистоуретрографија МЦУГ

Posted: 12 Aug 2014, 16:48
by Мирослава
Здраво мајки,
Мојот син има 2 месеца и поради зголемена температура не упатија во Детската клиника. По направена анализа на крв и урина дијагностицирана е уринарна инфекција (бактерија непозната бидејќи не се готови резултатите од уринокултура). Примена инфузија и антибиотик, пуштени сме на домашно лекување 6 дена со Панцеф и потоа со Цефаклор се до контрола во Септември. Даден е предлог за МЦУГ. За МЦУГ не најдов ништо на македонски форуми, тоа што успеав да разберам е дека станува збор за ренгенско снимање при кое детето е со катетар преку кој му се внесува течност со која се следи проодноста на уринарните патишта. Ме интересира дали некој има слично искуство и дали е добро да се прави МЦУГ кај толку мало бебе.
Извинете за долгиот пост

Re: Микциона цистоуретрографија МЦУГ

Posted: 15 Aug 2014, 07:22
by kit-kat
Мирослава синко на мала воздраст од 3 месеци исто му беше откриена бактерија и ја решивме со Панцеф или Сумамед. Но понатака ништо не ни беше предложено. Често добиваше уринарни инфекции до кај 3 години. И често бевме на антибиотик.
Еве го сега маже од 9 години е и нема никаков проблем. (smile) А за МЦГУ прв пат слушам. Пиши што сторивте. (kup)

Re: Микциона цистоуретрографија МЦУГ

Posted: 19 Aug 2014, 00:48
by Мирослава
Ќе видиме што ќе ни кажат во септември, а до тогаш си пиеме сируп. На ниту еден форум кај нас не најдов информации за МЦУГ, ниту дека некој знае за тоа, ниту дека на некое дете е правено. Се консултиравме со уште двајца педијатри и тие не советуваа да правиме вакво испитување. Се надевам дека на контролата во септември ќе поминеме добро и ќе споделам искуство.

Re: Микциона цистоуретрографија МЦУГ

Posted: 14 Sep 2014, 17:59
by Мирослава
Помина контролата. Бевме супер, сега сме без антибиотик и не ни правеа МЦУГ. (rad) Докторот рече ако уште еднаш се појави инфекција тогаш ќе мора да правиме МЦУГ. Јас се надевам дека ќе бидеме добри. :grin: