Носење на бебето во слинг или марама

Општи теми за бебиња од 0-12 месеци. Напредување во висина и тежина, развој на бебе, спиење, првите денови со бебето итн.

Moderator: Модератори

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Носење на бебето во слинг или марама

Post by Debora » 01 Feb 2010, 17:51

Одамна сакав да ја отворам оваа тема. Многу ми се допаѓа овој начин на одгледување на бебето и многу ми е природно бебето да се носи. Еве некои од придобивките:

* Бебето има природна потреба да биде носено. Тоа било носено во утробата на мајката девет месеци. Таму се чувствувало безбедно, заштитено, го слушало срцето на мајката, ја чувствувало нејзината близина, нејзините движења ит.н. Кога ќе се роди бебето, неговата потреба од близина со мајката не престанува. Кога бебето е носено, повторно ја чувствува истата близина, утеха и заштита. Од гледна точка на бебето доаѓањето на свет е огромна промена. Во стомакот на мајката било носено 24 часа дневно, па кога ќе се роди се уште ќе има потреба од тоа. Не е точно дека со носењето бебето ќе стане разгалено. Со носењето Вие всушност одговарате на неговата потреба да биде близу до Вас.
* Носените бебиња се позадоволни. Испитувањата покажуваат дека плачат помалку за 40-50%. Додека плачат кај бебињата се ослободува хормон на стрес. За секое бебе е нормално да плаче, но преголеми количини од овој хормон можат штетно да влијаат врз мозокот на бебето. Бебињата кои помалку плачат, тоа време го употребуваат за набљудување на околината и учење на нови работи.
* Често пати исхраната на носените бебиња е подобра, затоа што мајката полесно ги забележува знаците на глад, уште пред бебето да почне да плаче.
* Движењата кои ги чувствуваат бебињата додека се носени, се добри за развојот на центарот за рамнотежа и за целиот физички развој. Бебето го слуша дишењето на мајката, ги чувствува нејзините движења и самото реагира на нив со своите движења.
* Докажано е дека прерано родените бебиња подобро напредуваат, ако се често допирани.
* Носењето на бебето во положба со раширени нози е добро за развојот на колковите.
* Кога бебето е носено во марама, мекиот материјал ја спречува појавата на сплеснување на задниот дел од главата. Инаку ова е честа појава кај бебињата кои многу лежат.
* Бебето може и треба да биде носено и од таткото. Тоа помага за развивање на близината помеѓу таткото и бебето. Онаа близина што ја имаат мајката и бебето уште во текот на бременоста, со таткото е неопходно да се развиве покасно.
* Носењето на бебето, на мајката и го олеснува извршувањето на секојдневните обврски. Додека таа работи, бебето не е оставено само и може постојано да го надгледува.
* Носењето и овозможува на мајката подобро да го запознае бебето и неговиот начин на комуникација. Мајките кои ги носат бебињата полесно ги разбират и толкуваат изразите на лицето на бебето. Во исто време имаат и повеќе време за меѓусебна комуникација. На тој начин се стимулира бебето да учи. Докажано е дека кога му зборувате на бебето, му помагате во развојот на неговата интелигенција.
* Носењето не е толку незграпно, за ралика од буткањето во количка, носењето во корпа и сл. Можете без проблем да го носите бебето, додека другото дете го држите за рака.
* Го олеснува доењето на јавни места, правејки го подискретно.
Тука има повеќе: http://www.tvoebebe.com/BEBE/sling.php

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Debora » 01 Feb 2010, 17:58

Носењето во кенгур никако не е препорачливо во првите 3 месеци по раѓањето на бебето. Покасно може да биде штетно за машките бебиња, затоа што може да се прави притисок врз тестисите. Носењето пак во марама или слинг е безбедно веднаш по раѓањето. Тоа е начин бебето постојано да биде надгледувано од мајката, додека таа си работи. За разлика од дубакот, правилното носење во марама, нема штетни последици врз развојот на бебето. Е сега треба да се внимава да се набави квалитетен слинг или марама.
Бебето во зависност од неговата возраст, може да се носи во различни позиции. Марамите дозволуваат широк избор на положби за носење.
Дали некој има искуство?

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Petra » 01 Feb 2010, 18:45

Одлична тема. Искуство со слинг немам. Кога беше бебе мојата ќерка мислам дека имаше само кенгури,барем јас немав видено слинг. Кенгурите одсекогаш ми биле одбивни особено кога ќе видев мало бебе во нив. Сметав дека се штетни за бебињата затоа и не користев. За ралика од нив слинговите мислам дека се многу попрактични и побезбедни. Најмногу ми се допаѓа тоа што и по раѓањето на бебето со слингот може да се има скоро истата близина која ја имало бебето додека било во мајката. Во слингот мислам дека бебето повеќе се чувствува безбедно, заштитено и спокојно затоа што е во прегратката на мајката. Позитивно гледам и на тоа што придонсува за развој на емотивната врска помеѓу бебето и таткото. Здраствено нема опасност. Накратко доколку би имала потреба од слинг без двоумење би си набавила. (thumbsup)

Biljana
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 01 Feb 2010, 21:29

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Biljana » 01 Feb 2010, 22:07

Навистина се израдував за темава. Апсолутно носењето во слинг и марами е најдобриот, наједноставен и најздрав начин на раснење на бебето, бидејќи е сосема природен, исто како што и доењето е природно. Користа е огромна и за бебето и за родителите од секој аспект. Не е случајно што се толку многу популарни секаде (се чини дека само уште кај нас родителите не ставаат слинг или марама во списокот за потребни работи за новороденче). На оваа тема има многу, многу да се пишува и се надевам дека оние мајки кои што користеле вакви носилки (не кенгури!) ќе помогнат со совети од сопствено искуство !

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Annabel » 02 Feb 2010, 14:06

А каде може да се набават?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Debora » 02 Feb 2010, 14:13

Да не правиме реклами на форумов, ама се радувам што можат да се набават барем некои видови и во Македонја. (thumbsup) Јас многу сакам да имам и ако треба би го нарачала и од странство. (smile)

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Annabel » 02 Feb 2010, 14:15

Ние пак се распрашувавме за кенгуршиња, и едно што беше како најанатомско беше оклу 5500 денари и мм се зеза дека кошта колку креветчето (confus) .

Ако се толку скапи и марамата или слингот, тогаш ништо од биинисот (sad1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Debora » 02 Feb 2010, 14:19

Тие слингови што сум ги гледала кај нас биле околу 3300 ден. Има и поскапи. Барав по нет можат да се нарачаат поефтини од странство, ама кога ќе се пресмета поштарина.. веројатно не е исплатливо. Друго што е многу важно е квалитетот да биде добар.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Debora » 02 Feb 2010, 14:22

Сега се сетив по нет може да се најдат и совети за шиење, ама пак треба да се најде соодветен материјал и алки (ако се шие модел со алки).

Biljana
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 01 Feb 2010, 21:29

Re: Носење на бебето во слинг или марама

Post by Biljana » 02 Feb 2010, 15:19

Sega vo Makedonija ima izbor na sling i marami, cenata im e 2700, 2800 i 3200 d. i kvalitetot im e super!

Одговори

Return to “Бебе”