Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Општи теми за бебиња од 0-12 месеци. Напредување во висина и тежина, развој на бебе, спиење, првите денови со бебето итн.

Moderator: Модератори

Одговори
Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Tina9 » 06 Oct 2014, 22:22

Конечно денес излезе десното горно единиче (rad) (joy) Од левото единиче излезено е само едно ќоше (laugh1) чекам да доизлезе и да одморам малку (се надевам). Душичка се изнамачи. Не знам дали Дентинокс помогна. Еден период се смири ама последниве 7 дена воопшто не `и помогна.

Mau
Домашен член
Домашен член
Мислења: 592
Придружен: 09 Mar 2014, 12:47
Му се допанале: 47 пати
Им се допаднал: 334 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Mau » 05 Nov 2014, 23:06

Неколку дена е плачлива,се лигави ненормално, става се што ке стигне во уста, а посебно ја смирува кога ке го стави мојот или прстот на мм во устето и стиска силно ... дури и кога цица ме гризе јако... Неколку ноќи лошо спие, се буди со плачење а и некако се поти повеке овие денови. Дали се ова симптоми на први забчиња??? Некако многу ми е мала сеуште!

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Tina9 » 06 Nov 2014, 13:10

Мау најверојатно се запчињата. И ќерка ми со првите две запчиња многу сакаше да ме гризе за брада или палецот, а на маж ми носот (rolll). Твојата малецка е, но во медицината нема правила. И на другарка малото првото запче го извади дента кога правеше 3 месеци. А, на друга пријателка дури со запче и се роди (laugh1). Замисли колку е чудно новороденче со запче. Тоа е, кога сакаат тогаш ќе ги вадат.
Само лесно да помине и нека се нижат како бисерчиња. Порано, подоцна не е битно (big-hug)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Радост » 16 Nov 2014, 00:12

Ние конечно имаме уште две забчиња! (rad) (rad) (rad) Другата единица долу и горе лево двојката. (rolll) (rad)

Овие ги преживеавме, идеме на следни. (rolll)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Tina9 » 22 Nov 2014, 16:39

Честитки Радост (rad) Бисерче по бисерче си се множат (rad) (rad) (rad) И ќере моја како сериско производство, почна и не застана. За сега има 7 запчиња, а осмото наѕирнува (joy) Нема пауза.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Радост » 11 Dec 2014, 13:13

Ни пукна и 4-тото забче, десно кецот до излезената двојка. (rad) (rad) (rad) Иако јас очекував лево затоа што непцата од таа страна и се страшни.

Е сега да ве прашам. Знам дека кајнекои бебиња со забчињата оди и пролив, но дали од забчињата е возможно мешето да и се поремети пак, зошто не е од храна. (cry1) Прде, плаче, лошо спие, утрово од 9 до 12 пак во раце ми беше и шетавме низ собите и ќе се искака и ќе се смири. (cry1)

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 867
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 549 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Sashka » 11 Dec 2014, 23:29

Честитки, со лесно да ги реди бисерчињата (cl)
Тоа со мешето, ако и даваш почесто Ад сега заради нејадењето да не и е од млекцето, јас тоа го приметив кај нас (кога пие повеќе пати млеко кога забушава со јадењето повеќе гасови има), во секој случај ќе и се среди за брзо (big-hug)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Tina9 » 12 Dec 2014, 09:25

Мојата со првите четири запчиња (единиците) имаше пролив и по тоа знаев дека вади заби. Исто имаше многу гасови, прцкаше и мешето и клокотеше. Некогаш дури не прцне не се смирува, се нервира, вика.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Радост » 12 Dec 2014, 13:08

Официјално има и пролив прв пат во животот. Од тоа била маката и и дадов пролајф денес.
Ќе помине и ова. :)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Првите запчиња и проблеми во врска со нив

Post by Tina9 » 12 Dec 2014, 13:21

Радост, извини, ќе испадне како суфлирање. Само да ти кажам мое искуство. Од пролајфот на малата моја и се прави уште повеќе пролив. Кога имаше запек и давав пролајф и и помагаше колку толку. Матичната ми рече кога е пролив линекс (без разлика што велат дека нема врска. Има), а кога е запек пролајф. Пробај дај и оризова вода или печено јаболко. И циметот многу помага при пролив, но не знам дали би и дала. Велат од девет месеци може, ама ти си знаеш. Јас немам дадено. Исто многу помага рендано јаболко да го оставиш да потемне и измешано со банана.
Брзо да помине (big-hug)

Одговори

Return to “Бебе”