Вкусни здрави рецепти за дечиња

Moderator: Модератори

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Вкусни здрави рецепти за дечиња

Post by Tina9 » 21 Oct 2015, 14:23

Хепинес ги пробав палачинките сношти. Многу вкусни. Малку ме матеше тоа шеќерот со спанаќ, ама вкусно било. Место шеќер ставив мед.

Исто направив и вафли со јаболка. Оригиналниот рецепт го модифицирав и испадна следново:

2 шолји сос од јаболја (блендирани јаболка - ќе го прегреев блендерот за малце (laugh1) )
1/2 шолја млеко
1 јајце
1 лажичка прашак за пециво (пола кесичка)
3 лажици јаворов сируп
1/2 шолја мелени ореви
1 шолја брашно од овесни снегулки
1 шолја брашно од цело зрно пченица
1/2 шолја мелено ленено и чиа семе
3 лажици масло

Се печат во тостер за вафли или обичен тостер околу 10 минути. Мора убаво да бидат испечени за да не се одделат при отворање. Многу вкусни. Јаболка сега имаме на претек па мора некако да се искористат.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Вкусни здрави рецепти за дечиња

Post by Tina9 » 23 Oct 2015, 13:56

„Похована“ банана

Многу ги бендиса торте, ама и мама (tongue)

Прво направив тесто за палачинки:

1 шолја млеко
1 јајце
2 лажици масло
2 лажици јаворов сируп
1 шолја брашно до цело зрно пченица
1 шолја брашно од овесни снегулки
1 рака ореви мелени
1/5 кесичка прашак за пециво
малку сол

Потоа бананите ги исеков на тркалца и секое тркалце го макав во тестото па го печев на тавче за палачинки. Претходно тавчето го мачкав со малку масло. Многу излегуваат и многу се вкусни. Кога ми здосади од макање, во останатото тесто турив суво грозје и го направив палачинки. (drool) Морате да ги пробате.

Одговори

Return to “Исхрана на тодлери”