Вкусни здрави рецепти за дечиња

Moderator: Модератори

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Вкусни здрави рецепти за дечиња

Post by Радост » 26 Sep 2015, 18:17

Не дека не можат и за нас рецептите ама они се главни. :)
Тина, овде ќе може да ти го побарам рецептот за нугатс од зеленчук, а да не сме офф. И овде може да напишете рецепт за здрав оброк или ужина, па може на некое детенце ќе му стане омилено јадење.

Еве од денес рецепт, за вечера ќе пробам дали ќе ми пројде.

240 грама мешано брашно ( ако не сакате интегрално ставете по ваш изброр, пченично пченкарно или какво користите)
70 грама путер ( користев несолен на президент)
1 јајце
3 големи лажици мед
3 круши
2 лажици ладна вода

Го месите тестото и го ставате во фолија еден саат во фрижидер. Го расукувате и ги ставате исецканите круши.
Печете на 180 околу пола час.
Ова е мала доза за во калапи ако сакате за во плех дуплирајте.
Другата опција е со рендани јаболки, цимет и мелени ореви.

http://i58.tinypic.com/xm7w44.jpg http://i60.tinypic.com/14dlk04.jpg

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Вкусни здрави рецепти за дечиња

Post by hrizantema » 27 Sep 2015, 13:11

Браво за темава Радост (smile) .Мене ме интересира ако некој има здрав рецепт за домашен пудинг

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Рецепт за нугетс:

Post by Tina9 » 27 Sep 2015, 14:38

Одлична тема Радост. Како помина со кошничките, ги проба куклето? Ке се обидам и јас да ги направам.

Рецепт за нугетс:

Не следам некоја посебна грамажа, се од прилика, па вака оди. Една шолја обарен зеленчук, каков било. Јас комбинирам зеленчук што го јаде со зеленчук што не го јаде, за да го протнам некако. Едно јајце, малку сол, зачини други ако користиш. Ги гмечам со гмечалка за пире. Оставам зеленчукот да биде покрупен, не сосема изгмечен. Потоа наместо презла додавам овесни трици и пченични никулци по потреба (пченични никулци само 1 лажица зашто нагорчуваат). Тестото да е полепливо за со печењето да не станат премногу тврди. Потоа на секое ги воденам дланките и земам од тестото и формирам некогаш коцки, некогаш топчиња, срциња... За да и бидат покрцкави од надворешната страна секое парче го макам во палента (несварена). Ги ставам на намрсена тава, сосем малце масло, колку да не се залепат и ги печам на 200 степени додека добијат златно кафеавка боја.

Со каков и да правам зеленчук, секогаш ги јаде. Некогаш додавам и претходно сварено месо. Во случај кога ставам грав, половина шолја е грав, а половина шолја друг зеленчук. Комбинации имаш милион и секогаш се вкусни.

За пудинг имам многу убав рецепт за чоколаден пудинг од авокадо, само во наредна прилика ќе го напишам. Морам да работам додека тортето ми спие.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Пудинзи

Post by maried » 27 Sep 2015, 18:41

Браво за темата :-D :-D
Сега ке го направам рецептот на Радост за вечера, само наместо мед ќе морам маџун :-(

за пудинг еве 2 од мене.

Во вода се вари ориз, откако ќе се свари се става во блендер со обарени суви сливи и банана.

Варам просо, во блендер ставам плус банана, лажиче сирово какао и маџун

Авокадо, 5 урми (од вечер ги киснам), лажиче сирово какао и банана.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Поховани зеленчукови стапчиња

Post by Tina9 » 28 Sep 2015, 15:05

Да Мерид, тој пудинг со авокадото е највкусен. Јас само наместо суви урми користам свежи. И пробај, ако не можеш мед, јаворов сируп е исто добра и здрава варијанта. Ќерка ми го сака.


Уште еден омилен рецепт на ќерка ми. Поховани зеленчукови стапчиња. Најчесто користам црн патлиџан, тиквици, сладок компир. Ги сечам на парчиња како за помфрит, ни многу дебели ни многу слаби. Во една чинија бијам јајце со сол, а во друга чинија презла, сусам и пармезан. Секое парче зеленчук го макам во јајце, па потоа во презлата и ги ставам на намрсена тава. Се печат на 250 степени додека да добијат златно кафеава боја. Одлични се и за ужина, како и за главен оброк. Пробав да и направам и сосови за да ги мака, ама не сака. Така ги јаде и по цела тава (drool)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Вафли од тиква

Post by Tina9 » 30 Sep 2015, 17:01

Вафли од тиква:

500 гр. брашно од цело зрно пченица
1 лажиче прашок за пециво
цимет, индиско оревче (по вкус)
1 јајце
1,5 лажица мед (или маџун / јаворов сируп / кафеав шеќер)
1 шолја варена тиква
4 лажици масло
2 шолји млеко

Се мешаат сувите со сувите, водените со водените состојки, па потоа водените се додаваат во сувите. Исто како за мафини. Се печат на тостер за вафли или обичен тостер. Треба убаво да се испечат за да не се разделат при отворање.
Многу се вкусни. Како прилог со нив правам овошен јогурт или овошно пире.

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Пудинг од авокадо

Post by happiness » 02 Oct 2015, 20:54

рецептите се за мерак неколку имам веке пробано (drool)
пудинг од авокадо јас имам вака правено
1 авокадо
2 помали банани
1/2 лажичка рогач
1 лажичка кокосово масло
за поголемки можи и мед,маџун, бадем, орев, семиња мелени и слично

авокаде немам купено месеци, летово купив 2 пати и беше ем тврдо ем внатре темно со изразена горчина претпоставувам расипано... помислив можеби не му е сезона... сте имале вакво искуство? или можеби знаете кога му е сезона?

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Мафини со тиквичка

Post by Tina9 » 03 Oct 2015, 16:19

Мафини со тиквичка (истите ги правам и со црн патлиџан)

2 шолји рендани тиквички - се посолуваат и после десетина минути убаво се цедат, да не остане вода во нив
малку сол
2 јајца
1 чешне рендан лук (може и повеќе, кој е љубител)
1 прашак за пециво
180 мл јогурт
6 лажици масло
2 шолји (за млеко ) - брашно (јас мелам овес, печница, рж, јачмен)
ленено семе и сусам за попрскување од озгора

Се мешаат сувите со сувите состојки, водените со водените, вклучувајќи ги и тиквиците. Се печат на 200 степени 20 минути (ако се помали калапите 15 мин)

Ќерче ги обожава. (обожава се` што е мафин (laugh1) )

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Домашно лебче со просо

Post by happiness » 04 Oct 2015, 20:19

домашно лебче со просо


300гр брашно
150гр просо
20гр свеж квасец
3лајци маслиново масло ( можи и ароматизирано од претходен ден со свеж босилек или лукче или рузмарин... да пренојки)
1 лајче сол 1 лајца шекер

квасецот и шекерот се преливат со млака вода да запени.
просото во тенџере се пречи 2 мин па се дотура 350мл вода се вари поклопено на тивко дори да омекни и се остава да се олади
брашното солта и маслото со квасецот се замесуваат ( и вода по потреба) и се остава да кисни 1 саат
се додава оладеното просо и се размесува да се распореди рамномерно просото, по потреба се додава и брашно оти просото е влажно и пак се остава 1 саат да кисни
со мрсни раце се оформува лелбот спрема калапот и се остава
рерната се загрева на 250 заедно со калапот во кој ке се печи лебот , во жежок калап се става лебот се покрива или со капак или со фолија и се печи на 250 степени 30 минути , се трга фолијата се намалва температурата на 220 степени и се допекува околу 10-15 мин

јас го имам правено повеке пати со вакво печење ми е оргиналниот рецепт а сум го печела и обично во ладен калап и не покриен на темература од 220 степени и пак беше убав
на корката од лебот се познава просото и е по крцкаво ,а внатрешноста е супер мека, имав некаде и слика ке ја побарам и ке ја постирам .
на здравје

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Домашен маџун

Post by happiness » 05 Oct 2015, 20:28

денес правев домашен маџун за прв пат и морам да пишам тука дека вкусот е многу поинаков од онај индустриски кој го имам купувано (rad)
моите турва вино од домашно грозје сорта не знам која ама беше благичко грозјето црно, по неколку саати си турив во шишина 3 литри сок го прецедив низ газа и варев на силно на електрично во длабоко тенџере околу саат и пол кога почна да прави пат беше течно ама такво требало откако почна да се лади си се згусти добив една голема тегла маџун, здравје за дете во тегла (rad)
можи и грозјето да го исцедите во соковник
не е некој рецепт ама нека стои колку само лесно и брзо се прави , е сега си сака мешање во тој еден саат време ама се издржува (tongue)

Одговори

Return to “Исхрана на тодлери”