Како да го подобриме апетитот?

Moderator: Модератори

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Проблеми со хранење

Post by Tina9 » 12 Oct 2015, 13:42

Фала ви за идејата. Ќе се обидам, само малку тешко ќе биде. Свекрва ми и така се жали дека сум ја направила тревопасно животно откако забранив да се купуваат виршли, колбаси, салами ... Ама ќе се обидам (tongue) Павлака повеќе не јаде. И помина периодот. Ама изгубив контрола зашто месецов сум повеќе надвор од дома. Не може да јаде и доручек, ручек и вечера само кашкавал. Фала му на Бога што од смутито не се откажува барем за сега. Со се друго е борба. А јас кинам нерви. Што да се прави. Секоја идеја е добредојдена. Фала ви уште еднаш (grupna-gushka)

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Проблеми со хранење

Post by maried » 12 Oct 2015, 17:26

Тина јас вака правам.
Појадок е секогаш овошје, значи исто ко смуди ама пошто не пие, и го давам како каша.
После тоа нешто со лебче, кифличка, геврече, мафин.
Ручек тоа си имам ред еднаш риба, 3 месо, 3 леќа. Јајце варено ие ужина или вечера.
Измеѓу сечам, круша, јаболко, мандарина, слива, брусница, сончоглед, пуканки, ореви. Зависи што и во чиниче на маса, ке игра ке касне нешто, и така полека се научи.
Значи јаде, прибирлива е, и пак од 11.7 килажа не мрда :-(

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Проблеми со хранење

Post by Tina9 » 12 Oct 2015, 18:11

Одлична идеја Мерид. Ќе пробам. Јас ништо на маса не оставам за да не прави неред, но можеби тоа е решение. Подобро да грицка здрави работи и мешето да ѝ е полно отколку по цел ден да јаде едно и исто. Ќе треба време да се вратиме во колосек. Фала ви многу на двете. (grupna-gushka)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Како да го подобриме апетитот?

Post by Peperutka » 13 Oct 2015, 10:03

Ги споив темите,еве сега гледам дека е успешно (smile)
Тина9 се надевам дека ќе го решите проблемот. (big-hug)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Како да го подобриме апетитот?

Post by Tina9 » 13 Oct 2015, 15:53

Фала Пеперутка. Јас отворив нова тема зашто не е проблем апетитот туку преферирање и одбивање одредена храна. Точно што рече Мерид пребирливост.
Мерид мила воопшто не се замарај со килажата. Битно да е здрава и цврста. Колку јаде и колку тежи не е битно. Можеби таков ѝ е метаболизмот.
Вчера веднаш го применив вашиот совет и го скрив кашкавалот. Еве како ја "натерав " да проба грашок вчера. Од нашата манџа извадив само зрна грашок и ѝ ги турив на табаката од хранилката. Ѝ дадов две чинивчиња да го става. Почна да го префрла од едно во друго. Потоа проба едно зрно па го плукна. Пак проба и на крај го изеде целиот (joy) Потоа на маса и ставив домашни житни плочки и од нив касна. Нон-стоп нешто џвакаше во устето и само еднаш го отвори фрижидерот и кога не го најде кашкавалот се откажа. (jmp) Денес пак и дале ама кога ќе си одам дома ќе си ја вратам во колосек.
Фала ви за искрените совети. Затоа и го сакам форумов. Не наоѓам толку истомисленички меѓу моите пријателки. (grupna-gushka)

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1413
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1549 пати
Им се допаднал: 903 пати

Re: Како да го подобриме апетитот?

Post by SMESKO » 07 Mar 2017, 17:07

Изгледa ние имaме гoлем прoблем,дa е периoд не верувaм a и некaкo ми изгледa без решение прoблемoв.Д јaдеше се штo ќе и дaдев дo пред 3 дo 4 месеци,сегa-ништo не јaди имa 17 кг и 2 гoд 3 месеци скoрo.Нaшетo мени е сaбaјле пoпaренa бисквитa,чoкoлинo и гриз измеѓу немa шaнси зa бaнaнa или билo штo другo.Ручек ништo oдвaј јoгурт сo леб и тoa е тoa,oд штo му е грев тaкa е нејaденa ќе. инaпрaвaм пoвтoрнo нештo кaкo чoкoлинo кoгa не гo јaди ни јoгуртoт.А дa нaпoменaм декa млекo не пие a мнoгу јaди мaслинки и сирење aмa без леб,немa шaнси дa кaсне некoјa кoмбинaцијa.Секoјдневнo имa дoмa супa,ручек нoн стoп се прaви a oд ништo не кaснувa ниту сaмa дa земе ниту дa и дaдеш.Ај билo кaкoв сoвет е дoбредoјден (racinja)

(Дa нaпoменaм декa кaшкaвaл,сaлaми,еурoкрем,јaјце билo вaренo прженo,кoмпир,oриз ништo не јaди).

Одговори

Return to “Исхрана на тодлери”