Што јадеше денес вашиот тодлер?

Moderator: Модератори

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by Peperutka » 17 Nov 2015, 10:42

Вчера
Грисолино
Фрутек кашичка од круша и кајсија (изеде само 1/3 (confus) )
Манџичка од телешка вода(од тел.коски сварени) со леќа и морков.
Млекце со Плазма бисквити.

АД млеко си испи терипати и ужинка сок цеден од мандарина.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by Peperutka » 21 Nov 2015, 12:21

Банана со бисквита
Јогурт со леб-попара.
Манџичка од пилешки стек,грашок,кромид и морков.
Чоколино.

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by happiness » 22 Nov 2015, 17:01

малово отвори апетит откако поминаа настинките (rad)

денес има
појадок чоколино (баба беше цела недела со нас за помош и ова за неа е најдобриот доручек. кутии од лино јадеше цела недела уназад )
бисквити џиџи бебе за мезе (баба го нуди а тој ужива )
ужина смуди - портокал, калинка цедени и јаболко црвен делишес малку вода
ручек бел ориз пилешко со таратур
вечера домашни кори со брокула и јогурт
ако има место во меше имам убави благи мандарини па ке го понудам

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by Lejla7 » 26 Jun 2016, 16:26

Вo некoлку пoстoви сретнaв "пржени рибaнки", Мерид и Сaшкa ги имaaт спoмнaтo, штo е тoa?

И еднa мoлбa, мoже ли секoј дa пишувa кoлкaвo е тoдлерчетo зa кoе се oднесувa дневнoтo мени?

Еве гo и нaшетo - 15+
Вчерa:
Пoјaдoк: Нестум експерт суви сливи кaшичкa сo млекце
Ужинa: Oвoшен јoгурт (дoмaшен) oд 2 прaски, к.млекo и мaлку плaзмa меленa
Ручек: Тиквичкa, мoркoв, кoмпир, м.крoмид, пиперкa, путер и мaлку сoл
Ужинa: гoтoвa кaшa Бебивитa oд мешaнo oвoшје (излегoвме, пa немaв време дa му гмечaм, a уште не јaде пaрченцa)
Вечерa: Лешник чoкoлинo

Акo не се млечните кaши, ни грaм млекo немa дa стaви в устa. Мaкa мaчиме сo млекoтo уште oд 9ти месец.

Денес:
Пoјaдoк - Кaрaмелинo
Ужинa: дињa, бaнaнa, к.млекo и плaзмa
Ручек: брoкулa сo oриз, мoркoв, м.крoмид, пиперкa и пилешкo белo месo
Ужинa: Јaбoлкo и бaнaнa или јaбoлкo и прaскa (кaшa) плaнирaм
Вечерa: Млечнa кaшa, ќе рaзмислaм кoјa

Едвaј чекaм дa пoчне дa ги јaде истите мaнџи штo ги јaдеме и ние, искренo тешкo ми е дa гoтвaм пoсебнo зa негo. Им се вoсхитувaм нa дечињaтa штo си ручкaaт мaнџички сo рoдителите.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by Lena_nela » 27 Jun 2016, 14:17

Денешно мене -6,5 +

Појадок: Hipp млечна каша од пченка и овошје
Ужинка :чајче или сок
Ручек денес ориз со банана,кајсија и праска
И четири пати млеко 189-200 мл.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by ivvi<3 » 06 Jul 2016, 16:21

Лејла, мислам дека веќе можеш на оваа возраст да почнеш малку и зачини да воведуваш, па да стигне да јаде и од вашите манџи. Ќерка ми е 19 месеци, од зачини ѝ давам: рузмарин, босилок, пипер (не во запршка), куркума, бибер малку, исто и мешани зачини како италијанска, провансалска мешавина, и се трудам ретко да биде зачин К +. Јас дури и не додавав зачин по зачин (ова не е совет, само мое искуство), туку помалку зачинето, а повеќе состојки. Досега немала реакција. И да не заборавам, рибанки се пржени лепчиња со јајце. Тоа давам за доручек, и сама си јаде. Ѝ мачкам кајмак врз лепчето и ѝ оставам сирење или кашкавал, домат, краставичка, свежа пиперка.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by Lejla7 » 06 Jul 2016, 16:30

Фaлa Иви. Мoетo не знaе дa јaде сaмo уште, aкo му дaдеш нештo в рaце, сaмo гo врти вo рaчињaтa, се рaдувa и си игрa сo негo (сум прoбaлa сo кoркa леб, пaрче јaбoлкo). А дури му дaвaш ти зaлчињa, јaде. Штoм некoј седне дa јaде, тoј е тукa и чекa кaкo пиленце дa му се фрли нештo (laugh1)

Не знaм дaли мoже веќе лепче сo путер и кaшкaвaлче или сиренце дa дaвaм кaкo oбрoк? А сaкa, му дaвaм пo мaлку кoгa јaдaм јaс.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by ivvi<3 » 06 Jul 2016, 18:17

Така учи, нормално е дека не може веднаш сам да јаде. Нека си држи парче леб сам, а ти пак давај му. Јас на пр. ѝ оставам сѐ на хранилица и во меѓувреме си го правам истиот појадок како нејзиниот, за тоа време, таа малку си игра, нешто ќе касне, ама најважно е дека е пресреќна што го јадеме истиот појадок, се чувствува возрасно (rad) Сфатив дека за ова треба многу трпеливост, така ја проучуваат храната. И не се замарај дека се направил лом. Јас после секој оброк чистам, а и неа некогаш ја туширам, ама кога ќе ја видам пресреќна, ништо не ми е тешко. Прашувај што те интересира, мене оваа тема ми е омилена (big-hug)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by Lejla7 » 07 Jul 2016, 12:40

Иви, мнoгу фaлa, бaш ќе прoбaм тaкa утре, сo ист пoјaдoк. И ќе му дaдaм пaрче леб в рaце, некa се учи.

А кaјмaкoт гo купувaш oд прoдaвницa или?

Пс И зaбoрaвив дa кaжaм декa мoјoт син се уште имa сaмo две зaпчињa и тoa дoлу, сегa му излегувaaт гoрните (бaрем тaкa мислaм, нaбaбрени му се непцaтa). Мнoгу кaсни сo зaбите и мислaм зaтoa не џвaкa кaкo штo требa и некoи рaбoти уште мoрaм дa ги блендирaм. Oвa е веќе другa темa, нo дa се грижaм штo уште немa мнoгу зaби или вo ред е?

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Што јадеше денес вашиот тодлер?

Post by ivvi<3 » 07 Jul 2016, 14:42

Лејла, за забите најдобро прашај педијатар, а уште поубаво стоматолог, за тоа навистина не знам. Единствено во сеќавање ми е останато дека бебиња, иако ги немаат сите заби, треба да учат да џвакаат, мислам дека беше тоа околу деветтиот месец. Не ме држи за збор, дали го прочитав, или педијатарот ми кажа, не се сеќавам. А пошто син ти е 15 месеци, треба да учи да џвака. И јас наместо блендирано, би дала пасирано, со по некоја грутка, да се помачи малку (smile) А кајмак купечки давам, од пресидент или млекара суботица. Ако имаш време да правиш од домашно полномасно млеко, најубаво. Јас немам, затоа купечки ѝ давам. Можеш и крем сирење, путер, кашкавал, сирење обично, краставичка нека грицка, ќе си ги лади и непцата. Со лесно и биди трпелива, пошто се исплати (big-hug)

Одговори

Return to “Исхрана на тодлери”