Колку храна треба да изеде едно дете?
Moderator: Модератори
Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by mihaela » 17 Mar 2011, 13:04
Но сепак е најважна правилната комбинација на намирниците.Правилната исхрана подразбира земање намирници од пет различни групи:млечни производи,овошје,зеленчук,намирници полни со белковини(месо,јајца,мешункаст зеленчук)и јаглени хидрати(житарици,ориз,леб,компири).Најдобро би било кога детето од сето ова би добивало по две порции во текот на денот и плус да пие по половина литар вода.Пример за едно дневно мени за еден двогодишник:
-овошје и зеленчук:пола банана,три кришки јаболко,шест зрна грозје.две лажици варен спанаќ
-јаглени хидрати:пола парче леб,еден мал компир,две лажици корнфлекс,две лажици тестенини
-белковини:50гр.варено месо или две лажици пире од грав
-млечни производи:шолја јогурт или шолја млеко
Ова е само пример како може да се комбинира храната.И немора секој ден да се јаде месо,доволно е и три пати во неделата и плус еднаш неделно да има риба во менито.
А што се однесува до потребните калории еве една кратка табела:
-до година мин.550,макс.1100,просечно околу 850 калории
-од година до две мин.700,макс.1400,просечно1050 калории
-од две до три год.мин.850,макс.1650,просечно1250калории
Се надевам дека наведов корисни информации.Инаку што се однесува до лажицата како мера за порција држи место констатацијата,затоашто почнав да ја применувам и речиси секогаш јадеме све дури и ни останува понекогаш,а се разбира и притураме но тоа поретко (laugh1) .Поздрав!
-
- Редовен член
- Мислења: 318
- Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
- Му се допанале: 94 пати
- Им се допаднал: 177 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by Tina9 » 17 Jan 2015, 11:50
-
- Модератор
- Мислења: 2203
- Придружен: 23 May 2013, 07:48
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1320 пати
- Им се допаднал: 1927 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by Радост » 17 Jan 2015, 11:59
Овошје се уште си јаде од 120-180. Зеленчук од 60-120. Млечно-житни каши 110-160. И има една ужина ао две мандарини.
Сок не пие. Чај во просек 200, вода 50.
Аптамил од 340-500 мл дневно.
-
- Редовен член
- Мислења: 318
- Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
- Му се допанале: 94 пати
- Им се допаднал: 177 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by Tina9 » 21 Jan 2015, 13:36
http://www.health24.com/Parenting/Child ... s-20120721
http://www.eatrightontario.ca/en/Articl ... L-YUUfF_VE
http://www.wholesometoddlerfood.com/toddlermenus.htm
Според првата статија на детето треба да му се дава храна во количина од една супена лажица за секоја година. Значи дете од една година треба дневно да добие по една супена лажица од секој вид храна (овошје, зеленчук, месо ...), две годишно дете по две лажици итн.
Оброците да се поделени на 6 и повеќе помали порции и да не се даваат сокови и благи работи пред главниот оброк.
Искрено ми олесна зашто навистина толку јаде. Не ја присилувам да јаде повеќе од што сака.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 4049
- Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
- Му се допанале: 1286 пати
- Им се допаднал: 1103 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by Lejla7 » 12 Apr 2016, 10:24
Кај нас е проблем и тоа што воопшто не пие млеко, не сака ни да го помириса па цел ден му го ставаме во каши и искрено веќе немам комбинации.
Сабајле кога ќе стане јаде Нестум или Карамелино со околу 150 мл млеко, после тоа уште една каша со овес или мултижитарици на Хипп плус 90 мл млеко плус овошје (вообичаено банана или јаболко). Ручекот е стандард зеленчукова каша, еден ден без месо, друг ден со месо. Ужинка - кисело млеко со овошје и понекогаш кафена лажичка плазма. За вечера му давам јајце со палента и АБЦ ако не јадел месо тој ден, или пак млеко со житарици и овошје ако јадел месо. И пред спиење пак кисело млеко со лебни трошки или со малку плазма, бидејќи млеко не сака никако да пие.
Се на се, му се собираат 6 оброци (иако понекогаш се 5) и вкупно околу 300 мл млеко (не сметајќи го киселото млеко). Од тие оброци три се по 180-190 г, другите се помали. Не знам дали е во ред. На годинката имаше 9 и пол килограми, иако требаше да биде околу 10 со оглед дека родилната тежина му е 3300. Но докторката вели дека штом е здрав, во ред е. Не можат сите да бидат исти на иста возраст.
Што мислите вие?
Некоја идеја плус за јадење?
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1422
- Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
- Му се допанале: 1559 пати
- Им се допаднал: 912 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by SMESKO » 12 Apr 2016, 17:22
Поручкува гриз руча тарана и ве4ера банана со кива,смоква.Немаме никави ужинки а богами и леб сеуште не јади (laugh1) па од каде се килограмите незнам (rolll) (rolll) (rolll)
Нека се здрави и живи а јадењето на вашите деца зависи исклучиво од вас мајките.Кога ве читам незнам за повеќето продукти кои ги спомнувате (ner) .
Лејла а какво млеко му даваш на маженцето,адаптирано (confus) .Ако не си пробала со кравјо млеко мислам дека треба да пробаш со тоа,Д го прифате одма кравјото затоа што е повкусно,АД јас лично неможев да го намирисам а не да го пијам.Поздрав и гушки за малиот (big-hug)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 4049
- Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
- Му се допанале: 1286 пати
- Им се допаднал: 1103 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by Lejla7 » 13 Apr 2016, 07:49
А бе проблем и кога јаде детето и кога не јаде (smile) Моево пак значи јаде ама троши. Инаку сум пробала да му давам тарана, не сака, се задавува. И веднаш добива нагон за повраќање, така што уште му давам блендиран зеленчук и месо, а овошјето го рендам и гмечам. Што да правам, тоа е.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1422
- Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
- Му се допанале: 1559 пати
- Им се допаднал: 912 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by SMESKO » 13 Apr 2016, 09:54
Да се здрави и живи дур не почнат сами да си бараат проблем се ама тоа се слатки маки (love5) .
-
- Член
- Мислења: 179
- Придружен: 11 Mar 2013, 18:45
- Му се допанале: 2 пати
- Им се допаднал: 68 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by b bebe » 15 Apr 2016, 11:05
-
- Модератор
- Мислења: 2203
- Придружен: 23 May 2013, 07:48
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1320 пати
- Им се допаднал: 1927 пати
Re: Колку храна треба да изеде едно дете?
Post by Радост » 15 Apr 2016, 13:00
За блендираното ич не се секирајте, секое дете кога е спремно само покажува. А и за количината на храната, нормално е дека зависи од метаболизамот. Мојата јаде помалку од многу деца ама има повеќе килажа како и височина. И се уште е заљубена во Аптамилот и го пие 3 пати на ден.
Return to “Исхрана на тодлери”
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива