Колку храна треба да изеде едно дете?

Moderator: Модератори

mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by mihaela » 17 Mar 2011, 13:04

Ја отворам темава затоашто верувам дека и другите мајки се загрижени во врска со исхраната на нивните деца,а посебно со тоа дали јадат доволно.Пролистувајки најразлични магазини посветени за децата,трудејќи се да најдам некој корисен совет,налетав на текст посветен токму на оваа тема.Според него одговорот на прашањето колкава треба да биде една порција која ќе ги задоволи потребите на дете на возраст од една до две години е-две големи лажици храна(на пр.1 лажица пире од компир+1 лажица мелено месо).Со растењето порцијата се зголемува,но лажицата и понатаму останува мера за порција на детето.Но во зависност од активностите на детето,порцијата може да се зголемува.
Но сепак е најважна правилната комбинација на намирниците.Правилната исхрана подразбира земање намирници од пет различни групи:млечни производи,овошје,зеленчук,намирници полни со белковини(месо,јајца,мешункаст зеленчук)и јаглени хидрати(житарици,ориз,леб,компири).Најдобро би било кога детето од сето ова би добивало по две порции во текот на денот и плус да пие по половина литар вода.Пример за едно дневно мени за еден двогодишник:
-овошје и зеленчук:пола банана,три кришки јаболко,шест зрна грозје.две лажици варен спанаќ
-јаглени хидрати:пола парче леб,еден мал компир,две лажици корнфлекс,две лажици тестенини
-белковини:50гр.варено месо или две лажици пире од грав
-млечни производи:шолја јогурт или шолја млеко
Ова е само пример како може да се комбинира храната.И немора секој ден да се јаде месо,доволно е и три пати во неделата и плус еднаш неделно да има риба во менито.
А што се однесува до потребните калории еве една кратка табела:
-до година мин.550,макс.1100,просечно околу 850 калории
-од година до две мин.700,макс.1400,просечно1050 калории
-од две до три год.мин.850,макс.1650,просечно1250калории
Се надевам дека наведов корисни информации.Инаку што се однесува до лажицата како мера за порција држи место констатацијата,затоашто почнав да ја применувам и речиси секогаш јадеме све дури и ни останува понекогаш,а се разбира и притураме но тоа поретко (laugh1) .Поздрав!

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Tina9 » 17 Jan 2015, 11:50

Интересен пост и дилема и мака на секоја мајка. Малце со лажиците не ми е сватливо, ама гледам и цуре моја повеќе од три супени лажици не јаде. Мерев и излезе околу 100 г каша. Додека беше помала јадеше и до 150, а сега намали. Се тешам со тоа што има и две ужинки па си велам не може нонстоп да јаде многу. Колку јадат вашите тодлерчиња?

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Радост » 17 Jan 2015, 11:59

И мојата до кај 10.5 месеци си јадеше убаво. Па имаше една недела кога речиси ништо не јадеше и проби горниот ќец. Одтогаш наваму ептен со молење е хранењето.

Овошје се уште си јаде од 120-180. Зеленчук од 60-120. Млечно-житни каши 110-160. И има една ужина ао две мандарини.

Сок не пие. Чај во просек 200, вода 50.

Аптамил од 340-500 мл дневно.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Tina9 » 21 Jan 2015, 13:36

Еве неколку страници со примери менија и количина на храна која треба да ја изедат тодлерчињата.
http://www.health24.com/Parenting/Child ... s-20120721
http://www.eatrightontario.ca/en/Articl ... L-YUUfF_VE
http://www.wholesometoddlerfood.com/toddlermenus.htm

Според првата статија на детето треба да му се дава храна во количина од една супена лажица за секоја година. Значи дете од една година треба дневно да добие по една супена лажица од секој вид храна (овошје, зеленчук, месо ...), две годишно дете по две лажици итн.

Оброците да се поделени на 6 и повеќе помали порции и да не се даваат сокови и благи работи пред главниот оброк.

Искрено ми олесна зашто навистина толку јаде. Не ја присилувам да јаде повеќе од што сака.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Lejla7 » 12 Apr 2016, 10:24

И јас имам многу дилеми во однос на тоа колку храна треба да изеде моето дете.

Кај нас е проблем и тоа што воопшто не пие млеко, не сака ни да го помириса па цел ден му го ставаме во каши и искрено веќе немам комбинации.

Сабајле кога ќе стане јаде Нестум или Карамелино со околу 150 мл млеко, после тоа уште една каша со овес или мултижитарици на Хипп плус 90 мл млеко плус овошје (вообичаено банана или јаболко). Ручекот е стандард зеленчукова каша, еден ден без месо, друг ден со месо. Ужинка - кисело млеко со овошје и понекогаш кафена лажичка плазма. За вечера му давам јајце со палента и АБЦ ако не јадел месо тој ден, или пак млеко со житарици и овошје ако јадел месо. И пред спиење пак кисело млеко со лебни трошки или со малку плазма, бидејќи млеко не сака никако да пие.

Се на се, му се собираат 6 оброци (иако понекогаш се 5) и вкупно околу 300 мл млеко (не сметајќи го киселото млеко). Од тие оброци три се по 180-190 г, другите се помали. Не знам дали е во ред. На годинката имаше 9 и пол килограми, иако требаше да биде околу 10 со оглед дека родилната тежина му е 3300. Но докторката вели дека штом е здрав, во ред е. Не можат сите да бидат исти на иста возраст.

Што мислите вие?

Некоја идеја плус за јадење?

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by SMESKO » 12 Apr 2016, 17:22

Кога ве читам се чудам (laugh1) Д има 14 кг има 1год и 3 месеци,јаде 3 пати на ден и 2 пати млеко.
Поручкува гриз руча тарана и ве4ера банана со кива,смоква.Немаме никави ужинки а богами и леб сеуште не јади (laugh1) па од каде се килограмите незнам (rolll) (rolll) (rolll)
Нека се здрави и живи а јадењето на вашите деца зависи исклучиво од вас мајките.Кога ве читам незнам за повеќето продукти кои ги спомнувате (ner) .

Лејла а какво млеко му даваш на маженцето,адаптирано (confus) .Ако не си пробала со кравјо млеко мислам дека треба да пробаш со тоа,Д го прифате одма кравјото затоа што е повкусно,АД јас лично неможев да го намирисам а не да го пијам.Поздрав и гушки за малиот (big-hug)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Lejla7 » 13 Apr 2016, 07:49

Му давам веќе кравјо Смешко, од годинката веќе е само на кравјо. Проблемот со пиењето млеко го имам уште од кога наполни 9 месеци, уште беше на адаптирано и не го сакаше, полека почнав да му воведувам кравјо разводнето ама ни тоа не го сакаше и уште не го сака. Се тешам дека јаде барем кисело млеко, а и што килограми ќе качи кога по 3-4 пати на ден кака. Метаболизам ист како на мајка му (smile) Во право си, можеби треба да не се замарам, а и докторката ни рече - какво сакате детето да ви биде кога и вие двајцата маж и жена сте високи и тенки.

А бе проблем и кога јаде детето и кога не јаде (smile) Моево пак значи јаде ама троши. Инаку сум пробала да му давам тарана, не сака, се задавува. И веднаш добива нагон за повраќање, така што уште му давам блендиран зеленчук и месо, а овошјето го рендам и гмечам. Што да правам, тоа е.

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by SMESKO » 13 Apr 2016, 09:54

Проблемот со блендирана храна го имам и јас,сеуште и давам ама пасирано сеуште не можи да јади,пример кога некоја мајка ќе ре4и се најаде детето леб со јајце и сирење (smile) за нас непознат поим (ner) .Тарана и Д се дави ама на 1 и 2 лажиче после си тераме експресно (rolll) .
Да се здрави и живи дур не почнат сами да си бараат проблем се ама тоа се слатки маки (love5) .

b bebe
Член
Член
Мислења: 179
Придружен: 11 Mar 2013, 18:45
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 68 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by b bebe » 15 Apr 2016, 11:05

Лејла, ајде пробај со млекото да му ставиш едно мало лажиче мед да проба да пие или земи несквик какао во 200 мл. Млеко ке ставиш 2 мали лажици и кажи што си направила

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Радост » 15 Apr 2016, 13:00

Подобро да не пие млеко одошто да пие со несквик секој ден.

За блендираното ич не се секирајте, секое дете кога е спремно само покажува. А и за количината на храната, нормално е дека зависи од метаболизамот. Мојата јаде помалку од многу деца ама има повеќе килажа како и височина. И се уште е заљубена во Аптамилот и го пие 3 пати на ден.

Одговори

Return to “Исхрана на тодлери”