Колку храна треба да изеде едно дете?

Moderator: Модератори

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by hrizantema » 15 Apr 2016, 14:18

Значи вака,јас ич не се замарам дали пие млеко или не,еве мојата не е некоја љубителка на млеко и веќе после годината го пие само пред спиење и тоа 150 мл од таа мерка ретко повеќе да испие,уште сме на адаптирано Хумана џуниор,ама планирам да земам од едни луѓе домашно кравјо млеко ,а тетрапак не планирам засега,само некој пат за кашички или сутлијач го користам.Инаку повеќе сака кисело млеко и јогурт,исто како мене,и јас не сум пиела млеко,а и ден денес не пијам,па ништо не ми фали.
Во поглед на јадењето,со оглед на тоа дека оди во градинка таму има два оброци и две ужинки,и дома кога си иде некоја ужинка од овошје со житарици или од ручекот наш зависи што и како е зготвено,па вечера има тестенини(јуфки,тарана,макарони) со јогурт или кисело млеко,или пак интегрален гриз со банана,какао,палента со некој зеленчук,сирење,урда и сл.Кога е дома за викенд доручкува житарици(киноа,просо,овес,пченица) со овошје,па има ужинка пак некое овошје или домашна кифла,мафин,пита,ручекот е мес/риба со зеленчук,па има ужина некој домашен пудинг/јогурт,оовошје,супа и на крај вечера.Си јаде супер околу 200 гр.секако,ама еве оваа недела нешто послабо ми има апетит,незнам дали се должи на заби,и излегуваат четворки,па почнав да се нервирам,ама тоа е.
За килажа не сум ја мерела од фебруари,кога беше на 14 м 9500 кг и не се замарам со килажа искрено дека е многу активна и битно ми е да е здрава,па каква сака нека биде

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Lejla7 » 18 Apr 2016, 12:10

Пробав млеко со Краш Експрес. Не сака. Уште кога ќе го види шишето плаче и го бутка со рака (ner) Е па ќе го јаде млекото во каши како до сега, тоа е.

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Колку храна треба да изеде едно дете?

Post by Bube » 19 Apr 2016, 16:23

После годинката и не е толку битно колку млеко пијат се додека јаде млечни производи. Не му се секирај лејла. Јас пак намерно не и давам млеко, за да си јаде се останато инаку колку го сака по цел ден само на млеко ќе е
Инаку и ние имаме слично мени како хризантема.
А има 15 месеци . Појадува житарки( лажица киноа, амарант, просо ... итн ) или негулки овесни, јачменови или ржани со некое овошје околу 150 мл.
Ручек денес месо утре риба задутре комбинација со јајце и и се така во комбинација со многу зеленчук .
вечера кисело млеко павлака трано, или некои од готовите каши фрутолино рижолино ..
немаме проблем со неблендирана храна. Комотно јаде ама баш се и цели парчиња, единствено месото и го блендирам . Се друго е пасирано или на мали парчиња .
Измеѓу оброците има и ужинки , сите што ќе ги види на маса ам ам и седнува (rad)
Грицка кашкавалче пример, или краставица ќе и исечам на коцкички, или ќе и обарам брокула и нејзе ја сака за ужинка,некоја проја абе се се

Пупу за јадење немам проблем со нејзе
Пупу да не ја заречам

Одговори

Return to “Исхрана на тодлери”