Page 2 of 2

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 02 Feb 2013, 18:06
by kikica
Мамино срце значи се решивте веќе, браво за одлуката, што и да биде сега мисли само дека правиш добра работа за него. Од цуцлата може да настанат проблеми со запчињата може дури и скрос да ги искриви предните заби, како отвор да направи, ако многу долго и често ја држат децата во уста. А и другите запчиња сега полесно ќе си никнат и многу други причини има и факти дека не му треба цуцла повеќе (thumbsup) Голем дечко е сега, уште малку и ќе ги пуштаме со Ф. женски да бркаат (smile) А дека ќе плаче- ќе плаче некое време, ама биди покрај него, зборувај му, пеј му одвлекувај му некако внимание па полесно да навикне..Син ми така кога го одвикнував од цицање, првата и втората ноќ плачеше многу по цел час дури (sad1) третата помалку, а четвртата мислам дека си се навикна веќе и по една недела не заеше што е тоа цицка (laugh1) Бог да е со вас и да ви даде сили да издржите и лесно да се навикне (a2)

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 02 Feb 2013, 19:25
by Mamino_srce
Фала ти мила многу. (a2)
Вечерта после бањање почна да кенка, да ја тражи, оти тоа ни беше како некој ритуал, после бањање му дадам цуцла додека спремам да вечера и после спиење. Се одлучивме дека е време кога видовме дека веќе се опасно врзал за неа. Стане од спиење и кога му ја побарам да ми ја даде, тој бега и врти со глава. И кога му ја земам плачеше по неа. Му ја давав само пред спиење, ама сепак веќе се приврза со неа, посебно сега е голем и си ја покажува својата приврзаност.
Еве вечерта заспа, релативно брзо, ама беше изморен, сега само чекам кога ќе го слушнам да пее (laugh1) Ама сум решена. Само тешко ми е малку, да ми е некој кажувал дека ќе ми биде тешко поради цуцлата што плаче нема да му верувам, ама стиснав заби, не му треба веќе. Сум припремана и психички и на три дена и три ноќи да имаме проблем со спиење, ама ќе помине.

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 02 Feb 2013, 20:50
by happy cumulus
Браво за одлуката, Мамино Срце! Ајде со среќа. МОже и ние да се решиме веќе...

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 03 Feb 2013, 11:43
by Mamino_srce
Еве да дадам извештај како поминавме. Синоќе како заспа одлично беше, го слушнав некаде после полноќ, почна да кенка, дојдов до него и вероватно тој очекуваше да му ја дадам цуцлата, ама само го покрив и веднаш продолжи. И после пак го слушнав дека малку закенка, му кажав да спие, и тој пак продолжи. Значи поминавме без плачење. Додуша сабајле стана малку после 6, и не можеше да си презаспие повторно.
Е сега денското спиење одеше потешко. Му требаше саат време да заспие. Му пеев, го нишкав ко мало бебе ( сега од една зависност да не дојдеме до друга (laugh1) ) ама морав да му свртам внимание некако, бидејќи ептен се гледа зависност, се уште прави така со устата, со вилицата, како цуцла да има, а нема, и му пречеше не можеше да се опушти и да заспие. Сега ќе видам можно е порано да се пробуди, ама не е битно, ќе се врати во ред се. Битно се е без плачење. Добар си е дечко тој, мил на мама, поднесува јуначки (love5) Леле, зависност е во прашање и тоа каква, мм ми вика сега малку кризира, ама ќе помине целосно за два-три дена (laugh1) И сум среќна што и од тоа ќе се решиме, за секоја навика има и одвика (rad)

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 01 Jul 2013, 23:06
by sunshine_2012
еве ме на темава.
Вчера со мм се договоривме да му сецнеме цуцлата и едноставно да се откаже( така направивме со Даниел), Синоќа мм му ја сецна цуцлата и сега гоставаме да спие си ги направивме сите ритуали пред спиење и ајде у кревет, прво ја прифати и ние си излеговмеи со мм викаме ок сигурно не му смета и мм си излезе до град и јас сама со него, и си викам ок добор е куте, леле за 5 мин. ми дојде у дневната ми ја носе цуцлата и ми вика NOooo NO zs( zs mu e cucla)ми ја даде цуцлата и ми покажува што се случило со неа, а јас пак му покажувам сочуство и дека многу ми е жал за неа ама ете тоа е и нема друга му вика аш нема цуца. и ок , и јас со него легнав во кревет и никако несакаше да заспие ми вика бај бај да сме излегле од собата. ајде на терасата седнавме и го галам не несакаше да спие и дури кога мм дојде дома го легна во кревет заспа, спиеше до 7 сабајлето. Ама денеска исто несакаше да заспие пак без цуцлата ама не ја сака таа што му е сецената, ја фрла (thumbsup) и цел ден неспан и на сред ручек во неговото столче децкото намести главче и затвори очиња да спие и тоа со полна уста. циркуси. не му дадов да спие, мм го стави да спие и ете го спие сега. Значи заспивањето ни е тешко,овие неколку дена ќе ни бидат тешки ама ќе помине.

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 03 Dec 2013, 19:53
by Moniche80
јас моето го лажам, му викам дека ќе дојде чичко полицаец да го земе ако не ја остави цуцлата и сиротото ме слуша, ама помага ова (thumbsup)

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 29 Dec 2013, 01:36
by melanija
Мамички со првото детенце се намачив на 2 години да се одвики од цуцлата, го пуштив кај мајка ми и таа среди за 3 дена ми го врати ко нов, сега имам девојче 7 месеци и сакам да се одвикне кажете ми ефективен начин бидејќи неможам да ја оставам да плачи 3 дена ке попусштам и ке се зафркнам повеќе (confus)

Re: Како да се одвикнеме од цуцлата лажачка?

Posted: 12 Jul 2014, 11:51
by Fiona
моето цуцаше до 3 мес и толку... наполни 3 и веќе не му ја дадов... кога ќе покенкаше го ставав на града да цица..
ако цицате тогаш е лесно, фрли цуцлата и цице на изволте да биде (smile)