Page 2 of 2

Re: Логопед- кога е време да се посети?

Posted: 19 Oct 2017, 08:18
by ivvi<3
Не се секирај, штом оди во градинка, ќе почне да зборува, ќе се изненадиш. Да знаеш дека и карактер е во прашање. Мој совет е да ги слушаш дефектолозите и прашувај што можеш ти конкретно за твоето дете, да работиш дома. И секако нема штета од раскажување приказни. Почни со пократки ако нема трпение да ги дослуша. Земи го во скут, сликовницата во раце и почни. Ако нема интерес, пробај пак. По малку. Со интеракција децата најмногу учат. После кога ќе почне да ја дослушува приказната, ќе го прашуаваш, на пр. Каде ја прати мајка ѝ црвенкапа? Нема да ти одговори, ама ти одговори место него- Во шумата. Значи прво раскажување, потоа со едноставни прашања за приказната. И по некое време сам ќе ти раскажува делчиња кои најмногу му оставиле впечаток (smile)