Тодлерско секојдневие

Moderator: Модератори

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Тодлерско секојдневие

Post by maried » 18 Oct 2014, 13:48

Пеперутче (big-hug) за двајцата умни синковци.
Незнам мојот пост дали е за тука, ама вака одприлика тече еден наш ден.
Станува кај 22:30, се галиме, си пееме околу пола саат, па пресоблекување, и почнува "Денис Напаст" со своите лудории :-)
Сите играчки се низ куќа, патка околу маса, јаде и збеснува за надвор. Ја облекувам и саат време шетаме. Си идеме цица и заспива. До 23:30 навечер сме активни.
Вади забче и еве една недела сум за никаде, навечер е хорор :-(
Се тешам дека е период!!
Last edited by Debora on 18 Oct 2014, 23:33, edited 1 time in total.
Reason: Раздвоена тема, за палавите тодлерчиња :)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11005
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5789 пати
Им се допаднал: 3547 пати

Re: Бебешко секојдневие

Post by Debora » 18 Oct 2014, 15:45

Ви треба едно Тодлерско секојдневие веќе, кој сака нека го отвори. (smile)
Пораснаа бебушите, да се живи и здрави сите. (rad) (kup)

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Бебешко секојдневие

Post by maried » 18 Oct 2014, 19:18

maried wrote:Сашка, колку забчиња имате?? И кај нас не е ништо поразлично. Еве денес има каснато 60 грама овошна и едно пудингче на хумана. Смешно :-(
Почна ли да оди??
Јас навечер мака мачам, се буди на секој саат, ама буткаме некако.
Гушни ја куклата од нас (big-hug)

Ете грешка сум направила. Станува во 10:30 мислев :-)

Неможам од мобилен инаку јас ќе ја отворев темата, а баш ни треба ;-)

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Бебешко секојдневие

Post by Fiona » 18 Oct 2014, 23:02

Ејј жени, чекам тема турбо секојдневие со весело тодлерче (laugh1)
и ветувам ќе ме има често да си се искажам каков ден сме имале (smile)
Моето е турбо.. 16 месеци, 16 забчиња и трчање,лудување.. и по секоја беља иде и ми вика буби мама.. го гушкам и се забравам (tongue)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11005
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5789 пати
Им се допаднал: 3547 пати

Re: Тодлерско секојдневие

Post by Debora » 18 Oct 2014, 23:32

Ја раздвоив темава, да не чекаме додека некој ја отвори новата. (thumbsup)
Епа, честито тодлерчиња и да имате многу весели муабети. (kup)

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Тодлерско секојдневие

Post by imambebe » 10 Nov 2014, 22:05

Д се буди околу 7-8 часот и следува мазење во кревет, па му текнува на некоја играчка и ајде во потрага по неа. Почнува со една, па друга, трета. Па има неколку сликовници, на масето мало му стојат, си ги зема и си ги прелистува, си чита по негово. Сака бај бај и се радува кога го носиме надвор, Ќе се измори и на спиење. После тоа одново бара некоја играчка, кружи околу маса по стопати. И да ви кажам ми помага, посебно кога пружам алишта на сушалка, он ги вади од корпа, го брише подот со нив и ми ги подава- мама е. Душа моја, еден ден ме виде дека се спремам да пружам и ме фати за рака и ме однесе кај што стојат штипките и покажуваше на нив. Срцко. Сега ми е нешто уплашен и не се пушта сам, бара рака и ајде, шутираме топки, играме кошарка, возиме коли, мотори. Пред заспивање навечер со татко му обавезно си играат нешто, имитира звуци на куче, коњ, мајмун, лав, прасе, смешки е. А дел од секојдневието му е што обавезно ја чука главата од нешто, ама со малку и со лесно само да е.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Тодлерско секојдневие

Post by maried » 10 Nov 2014, 22:34

Кај нас е весело цел ден :-)
Се буди, и одма брм-брм, мафта со рачето за па-па. Следува пресоблекување и одма кај играчките.
Си зборува цел ден. Бебе, баба,ајде,чао,дај,на,пиле,мама,тате,брм-брм.
Патиките ги вика паки,Пиличи се пичи,Штипки се шики :-)
Ако ја скарам сама си вика не,не :-)
Цел ден оди низ соба, планирам деновиве постапалки :-D

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Тодлерско секојдневие

Post by Tina9 » 13 Oct 2015, 18:34

Многу ми недостига тортичка па да си напишам во темава. Станува најдоцна до девет. Ја седнувам на нокширче дури се расони. Ја пресоблекувам, средувам и почнува со палавштини. Многу е темпераментна. Само трча, не знае да оди. Ќе поигра со играчките, ќе касне и тропа на вратата за чао. Мора да ѝ се угоди зашто отиде вратата (rolll) Кога е убаво времето обавезно ја носам крај езеро, а кога е лошо времето чаото и е горе долу по спратови. Преспива и после истата песна. Секунда не застанува, ако нема што друго да прави трча горе долу низ дневната. Во комшиите имаме другар постар три месеци и мора да се видат во денот. Или доаѓаат или одиме ние или па сите заедно излегуваме. Многу се интересни кога се заедно. Тој е иницијатор на белите, а мојава ги прави. Кога се заедно се исто како во сцените на малите палавковци. Пее, танцува, вика, трча само не мирува. Дружељубива е многу. Секаде си наоѓа другарче. И само гушка, бакнува (a2) Милина. Будна е до 23:30.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Тодлерско секојдневие

Post by Радост » 13 Oct 2015, 19:06

Нашето најчесто секојдневие.
Станува 9:30-10, одма се соблекуваме и миеме раце ( цел ден би можела во вода ). Седнува на столчето и го давам таблетот и чека да спремам смуди за двете и кафе за мама.
Во зависност каков и е денот, ако се молиме и за облекување и јадење и времето лета, одиме покрај Вардар да гледа како трчаат кутриња луѓето и да фрламе каменчиња. И ужива нејзиното ранче да го полни со камења и да го носам јас. :))
Ако е порасположена одиме во паркот и купуваме еден леб за да рани гулабите и да трча. Во просек по саат и пол до два сме надвор.
Се враќаме дома, мие рачиња и си играме со коцките.
Во 14:30 заспива и најчесто спие до 16.
Станува, ручекот и е спремен и веднаш сме на маса.
Ако не врне излегуваме пак накај 17:30, ако е лошо времето до вечерта си играме и трче низ стан. Обожава да играме фудбал, така мисли ја бркам и се смее. :))
Во 21:30-22 ја бањам и гледа песнички и во 23:30 најчесто заспива.

(love5)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Тодлерско секојдневие

Post by Tina9 » 13 Oct 2015, 19:17

Срценце.

И мојата многу сака животни. В чаршија трча по сите што имаат кучиња. Сака да ги гали, а јас уплав имам. Не разбира дека не смее. Сака и мачиња. Редовни гости сме кај една брачеда која има двомесечни мачиња. Сама ги зема и ги шета низ дворот. Кај дедо ми имаат кокошки и ужива да ги храни. Дедо ѝ дава пченка во пластично вангле и таа им фрла (laugh1) и вика по нив пипи коко пипи коко (rolll)

Одговори

Return to “Тодлери”