Хемоглобин кај деца

Moderator: Модератори

Одговори
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Хемоглобин кај деца

Post by Радост » 24 Sep 2015, 20:07

Знам ќе си речете има ваква тема, но таа е кај бебињата (love5), па затоа еве една за дечињата од 1-3 години.

Може да го пишувате со возраст хемоглобинот кај вашите деца, а и да побарате/кажете совет за подобрување на крвната слика.


Ќерка ми е 20.5 месеци и хемоглобин 130. Мислам дека е благодарение на тоа што јаде многу капини/боровинки. Внимавам кога има продукт со железо да има со витамин ц, а да нема со калциум.
Или попрецизно, кога има капини боровинки гледам да има брусница/портокал, месо со пиперка.
Значи не оди месо со кисело млеко. Најпросто кажано. :)


Како се другите дечиња?

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by maried » 24 Sep 2015, 21:19

Лана од бебе ми е со слаб хемоглобин, најнизок 10.1, еднаш дадов Малтофер и толку. Пробав со исхрана.
Телешко комбинирам само со патлиџан.
Аронија, боровинки со брусница и лимон
Сирово какао
Леќа секој втори ден

Последен пат и земаа пред една недела заради настинка и и беше 11.5.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 867
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 549 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by Sashka » 24 Sep 2015, 23:26

Последна крвна слика пред вакцина во мај, хемоглобинот и беше 133, а и претходно беше со слични вредности +- нешто ситно. Се трудев да внимавам на комбинациите, ама па спанаќот не го јаде без к.млеко, а жолчката скоро почна да ја јаде со лимон, претходно ја јадеше само со к.млеко...

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by Радост » 25 Sep 2015, 00:08

Сашка одлични сте! И деца се со свои потреби и вкусови, не можеме само по книга да ги чуваме. Верувам да јадеше млечни производи и мене ќе ми беше потешко да ја исконтролирам, вака без нив ем тешко ем лесно.

Единствената причина за која се тешам што овошјето и што уште сака каши е само тоа. Јаде мнооооогу овошје по два пати во денот блендирано, и за овошјето додека го сака како каша или смуди ќе и го давам.
Кога гледам што се и колку и ставам, нема теорија како парчиња да ми го изеде. Затоа и го одржуваме во граница од 125-132.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by Tina9 » 25 Sep 2015, 15:16

И јас се надевам дека подолго ќе ми го прифаќа смутито. Нема друг подобар начин да внесе овошје, па и зеленчук во толкава количина. Последно кога и мерев на 16 месеци хемоглобинот и беше 129.
Јас мислев дека калциум не треба да се комбинира само со зеленчукот, а не дека не треба и со јајцето и месото (scratch) Како што имам читано и слушнато, човечкиот организам не го апсорбира железото од растително потекло и треба да се конзумира овошје и зеленчук со витамин ц и не треба да се комбинира со калциум. А, не знам за месото и јајцето. И ќерка ми не сака млечни производи, освен павлака, која и не е баш најдобар избор. Кисело млеко и додавам во смути навечер зашто нема друг начин да внесе калциум. Се надевам дека нема да и влијае многу на крвната слика.

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by Bube » 26 Aug 2016, 14:09

Eve ja krvnata slika od pred eden saat . Za hemoglobin gledam deka e dobro . Ako se razbirate povekje okolu drugite raboti da mi kazete duri da odnesam vo ponedelnik kaj maticnata da ne se mislam . (big-hug)

Ps sorry za latinicava eve dopisuvam i odma ke stavam makefonski font na telefonov

https://s4.postimg.org/dpqvtgpl9/20160826_135837.jpg

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by Lejla7 » 26 Aug 2016, 16:33

Кoлку штo се рaзбирaм јaс, се и е супер. Минус имa сaмo кaј МЦВ, не знaм тoчнo штo е тoa, еднaш ми oбјaснувaa, некoј сooднoс е, aмa не зaпoмнaв. Имене секoгaш ми е сo минус, пoд нoрмaлa, пa ми велaт декa oдлични ми се резултaтите.
Брaвo зa хемoглoбинoт, тaкa дa прoдoлжи куклaтa (cl)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by Радост » 26 Aug 2016, 17:47

Колку се и јас разбирам - се е совршено. (big-hug)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Хемоглобин кај деца

Post by Bube » 26 Aug 2016, 20:01

Јееееееејјј (rad) (rad)

Фала ви девојки (grupna-gushka)

Одговори

Return to “Тодлери”