Занимација и игри за малите деца

Moderator: Модератори

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Занимација и игри за малите деца

Post by Tina9 » 25 Sep 2015, 16:03

Дојде есен и со неа дождови. Ќе дојде и зима. Какви игри, играчки, занимации користите за да им е на децата интересно?
Научени бевме летово по цел ден во двор и на шетање и сега тешко оди адаптацијата дома. Јас користам сликовници обични и звучни, коцки, мечиња, ксилофон, тапани (thumbsup) , во последно време најмногу игра со количиња и со топки. Многу брзо и здосадува се, а време до спиење имаме на претек. Некако побавно поминува само дома затворени. Не сакам многу да ја навикнувам на компјутер. Доволно е два пати по половина час (барем јас така мислам).
Дајте предлози како се занимаваат вашите дечиња.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by maried » 25 Sep 2015, 16:53

Супер тема Тина :-D
Мојата е 2 години, многу сака да ги расфрла играчките, да и ги кренам и пак од поново :-/
Игра со кукли, ги нишка им пее, игра со коцки, сега актуелно и е во нејзината кујна да ми свари кафе или супа.
Сликовници имам еден куп ама слабо ги разгледува.
Сака да пуштам песнички на таблет и да игра низ соба, да го вози точачето.
На таблет седи само кога појадува и руча, значи пола саат. Навечер го кревам и не го бара.
Сега сакам со пластелин да почне да игра, барам убав :-D

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by Радост » 25 Sep 2015, 17:17

Јас и купив пластелин во 6 бои со сукало и форми за колачиња и така секој ден јас си правам. (rolll)
Многу е тешко на оваа возраст да им се задржи внимание на подолго, растура собираме и се по 5 мин.

Периодов највеќе сака купот од пенкала да го истура и собира и да пишува. Јас и цртам и она демек по мене повторува со чкртаници. (rolll)

И моментално два месеци ги обожава коцките. Само со нив останува и по пола саат. Имаме и како возчиња што се прават и ги возиме секој ден да ги носат децата во градинка и на школо и обични коцки да правиме живеалишта за животните.

Одприлика вака нешто.

http://i57.tinypic.com/2eeht15.jpg

Бара чајче ќе довршам во друг пост останатото. :)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by Peperutka » 25 Sep 2015, 19:50

Одлична тема Тина9 (smile)
Д. уште е мал па уште не бара надвор,ама ако ја види отворена терасата,одма со лазење излегува на неа.
К. е многу немирен и пргав па ми е навистина проблем кога е дома,дека летово цело во двор беше,ако е дома или бара грицки или на компјутер да гледа цртани или песни (што не сакам да го заучувам уште сега,комп. го избегнувам) или беснее по троседи.Имаме многу играчки,топки,колички имаме и коцки ама се тој крши и мн. ретко знае да се заигра.
Денес татко му му купи багер со далечинско па му е тоа сега интересно,игра со багерот. (smile)
Имаме и точак,обичен(метален со помошни тркала) и пластичен (од тие на три тркала), тие си ги вози,имаме и едно камионче и тоа си го вози дома.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 891 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by ripcence » 26 Sep 2015, 13:29

Се што е на тркала е интересно за мојот ѕвер, еден тон колички, формули и камиони, ги реди на петоседот и ги вози некое време после ги расфрла насекаде, има количка за кукли нејзе обожава да ја вози со бебето внатре, по цела куќа ја развозува, интересно му е играта со хулахоп јас му го тркалам он оди да го врати :) како кутре, коцки и сликовници имаме ама не го интересираат баш, омилени игри му се скокање по петоседот (sneeky) и жмурка, јас му се кријам во ходник или спална и кога ќе ме најде бега назад во дневна, значи се што е со трчкање е интересно.
Сам ретко се заигрува, мора заедно, ако е тивок сам беља прави. (tap)
И да не го заборавам наааајинтересното - кујна, душа негова да отвара фиоките и да вади од натре и да ги прередува магнетите на фрижидер тоа може без здосадување да го прави, потоа мама кај да фати попрво. (shaking)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by Tina9 » 26 Sep 2015, 14:31

И мојава не сака сама да игра, поинтересно и е со друштво. Нормално. И таа ја сака количката за бебиња ама во неа ги заспива колите (tongue) Моторџика. Приметувам дека веќе и се здосадени играчките. И давам и пластични ванглиња и дрвени лажици па кога правам ручек и таа меша. Потоа тропа по нив. Барам нешто интересно и едукативно. Пластелин е добра идеја само ми е страв да не го изеде (laugh1) Обично јаде се што не е за јадење (tongue) Имаше и на странава твое бебе, мислам дека прочитав за рецепт за пластелин, па ќе пробам. Со коцките играше некое време, ама не ги сака повеќе. Од пријателка која работи во Белград учителка во градинка научив за метод Монтесори, па ја чекам да дојде и да ми донесе материјали. Ако добијам нешто, ќе ви посредувам.
И музикална е, сака да слуша музика и да игра, ама освен да ја слуша сака и да гледа, а не сакам да виси на телевизор и компјутер. Морам да најдам друг начин.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 867
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 549 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by Sashka » 28 Sep 2015, 12:38

Има купишта играчки дома, цел ден вадиме и креваме, си игра со коцки, има фарма, замок, куќичка и коњушница што се составуваат од коцки со фигури дечиња, животни, мебел. Готви во нејзината кујна па ги раниме играчките, не рани и нас домашните. Не се заигрува сама, мора кога игра некој со неа да е и да го анимира (smile) . Купивме и пластелини Play doh со некои калапи за колачи, со нив знае да помине бааги време, ама пак не сака сама да се занимава (smile) . Пишуваме, сега и се актуелни мрсните боички, полесни и се за контрола, па повеќе со нив шкрткаме, цртаме, боиме...Имаше еден период кога се мачевме со јадењето, па јадеше само со лаптоп и пуштени Маша и медо или песнички од Mother goose club, сега го редуцираме времето пред лаптоп и тв. И така, мама цел ден си игра (rolll)

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by happiness » 02 Oct 2015, 14:51

Да, да , многу било потешко да се чува мало дете дома.... Сега сме во фаза на осознавање на предмети, форми, дали е за јадење или не е, нивни функции дали свири, свети , дали се тркала и како се крши... (ner) сега откако залади дома преуредивме СЕ! како пола иселени да сме (shaking) два теписони имам споено пред телевизор и над нив ставив подлога за играње, и се случи чудо, се пика под подлогата демек е скриен и дреми така доволно долго за да расфатам низ дома (thumbsup) од време на време ке го ѕиирнам ке го скокотнам и тој пак си се пика и ќути (thumbsup)па сакам да му купам нешто на лик на шатор нека си се крие детето (jmp) играчки има, еден кош оставив во дневната ( од утро до мрак се расфрлани на под ), а другиот што беше со плишани го тргнав да не ми смета не е мерак на нив...
сака топки лази и ги турка да се придвижат кај оди топката -таму оди и детето (smile) и така ке заглават заедно под маса (laugh1)
Сака музика -класика (w1) обавезно во текот на денот слушаме по пола саат некогаш и саат време ( во состојба е цел концерт да изгледа) седи пред телевизор и дете не трепнува ако е од мобилен пуштено сака да го држи тој во рака, значи мора да слуша и да гледа ! Го слушаме само Andre Rieu други неќи почнува да плачи одма (rolll) Цртани гледа кога како... телевизорот ни е пуштен скоро цело време на мини ултра ама не им обрнува многу внимание , а во последно кога ке го исклучам реагира со прстето вперено во него и испушта смешни звуци за да го пуштам.
кујната му е интересна за сега отвара само во фиоката под фурната тргнав плеховите и му ставив пластичи пајнци и тафти па едно по едно ги вади додека и јас се врткам низ кујна... а сам ретко оди , сака да му бидам на видик и во близина (love5)
нас ни се бери време поминато пред телевизор... зедовме крлешка ја неки, зедовме и игрална ама плачи мисли дека ке заминам некаде и ја прибрав, колку само силно ме гушкаше кога ке го извадев од игралната (love5) зедовме проодувалка ама паѓа и таа така дреми в соба...
се заигрува со едни чавчиња се пикаат едно во друго ке ги нареди и ке ги фрли таман да се растурат , и со прстени си поигрува се редат на конусна основа...
се на се неколку играчиња ни се интересни , другото е за расфрлање (shaking)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by Tina9 » 02 Oct 2015, 15:19

Сите исти биле (rolll) Само растурено да ни е (rolll) Еве деновиве јас и малата се тркаме со колички, јас со проодувалката, таа со количката за кукли. Нормално таа победува (tongue) Урнебес (jmp)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Занимација и игри за малите деца

Post by Tina9 » 10 Oct 2015, 14:47

Ветено, сторено. Повелете линкови за материјали за монтесори.
http://www.mamashappyhive.com/
http://www.christianmontessorinetwork.com/

Има многу убави материјали и методи за работа со деца. Секако есенва и зимава ќе врне, па мора да се прави нешто интересно иначе маф ни е работата. (tongue)

Одговори

Return to “Тодлери”