Перница за спиење

Moderator: Модератори

Одговори
Acika
Нов член
Нов член
Мислења: 15
Придружен: 29 Apr 2014, 14:01
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 1 time

Перница за спиење

Post by Acika » 02 Feb 2016, 15:21

Барав но не најдов ваква тема, ако сепак има поправете ме. Ние сме 17 месеци и сеуште спиеме брз перница. Мислам дека како и да е треба да почнеме да користиме. Па ме интересира од кога е најдобро да се почне, колкави перничиња користите и од кај ѓи купувате.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 867
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 549 пати

Re: Перница за спиење

Post by Sashka » 03 Feb 2016, 15:08

Од мое искуство, кога само ќе си бара перниче (smile)
Кај мене почна околу 2 години да си бара, купивме на дормео, трослојна детска, ама на мама перницата и е поубава, од нејзиното перниче си ја трга главата и иде на мојата ( спие со нас ) .Сега и јас не знам каква да и земам...

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Перница за спиење

Post by Vesela » 03 Feb 2016, 18:30

И ние на синко му купивме околу 2 години. Купивме од ИКЕА перница анатомска со полнење од гускини пердуви. Перницата повеќе ни служеше за гушкање и играње отколу за спиење. До денес ( 9 год) се уште сака само да ја гушка и сака да спие на рамно. (scratch)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Перница за спиење

Post by Bube » 01 Sep 2016, 13:21

Ќерка ми 19 месеци , оваа недела две почна са бара перница . Значи спие , ќе почне да се вртка бара си рачињата ќе фати некоја и си ја повлекува под глава и продолжува да спие .
Перниците што ги имам не се баш соодветни за нејзе оа здравје ќе се пуштам во потрага деновиве да и земам нејзе .
Имам една со мемори пена од бертони уште како бебе и ја земав ама многу е мала не ја сака .

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Перница за спиење

Post by Lejla7 » 01 Sep 2016, 13:49

Јaс кoристaм нaјoбични перници сo пoлнење oд пaмук,сaмo мaли, мaјкa ми ми ги дaде. Амa не му е глaвaтa секигaш нa перницa, сaмo кигa ќе гo стaвaм нa неa зaспaн. Дo 6-7 месеци и не кoристев никaквa. Не гледaм зoштo дa трoшaм мнoгу пaри зa перницa кoгa спие и без неa. Здрaвје пoнaтaму.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Перница за спиење

Post by ivvi<3 » 01 Sep 2016, 14:29

Има перници за деца од Дормео, од 1- 10 години мислам дека е. Ние ја имаме таа и си спие на неа веќе неколку месеци. Трослојна е и може да се комбинираат сунѓерите по желба. Јас сум многу задоволна.

Ariela
Нов член
Нов член
Мислења: 85
Придружен: 24 Nov 2014, 14:52
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 43 пати

Re: Перница за спиење

Post by Ariela » 01 Sep 2016, 15:47

Јас и купив најобична од стружанка марка Калина ако ви се познати. наполнета со памук, има патент се отвора па може слободно да се извади од памукот и да се направи висина која ви одговара.
А се навикна веке на нејзе. (racinja)

Одговори

Return to “Тодлери”