Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Moderator: Модератори

Одговори
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by Lejla7 » 15 Jun 2016, 18:03

Не знам дали и е местово на темава во овој подфорум, ако сум згрешила, исправете ме.

Можеби е рано, но малку ме фаќа паника како ќе се снајдам кога ќе се роди бебево, а синчево наше ќе нема ни полни две годинки.

Пеперутка, знам дека ти беше во слична позиција, па ако можеш пиши нешто. И ако има некој друг, ве молам споделете искуства.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by Peperutka » 16 Jun 2016, 01:06

Тука ќе ја повикаме Саншајн да се јави,таа се справува со 4 мускетарчиња.
Ќе ти требаат мноооогу љубов,здрави нозе за трчање,челични нерви и по можност помош од мајка,свекрва.
Имаш помош од некого Лејла,кој ти го чува детето кога ти си на работа?Кога ќе се породиш со второто,првото треба да го запишете во градинка дека тешко е еден човек сам да се снаоѓа со две мали дечиња,секое со свои потреби,истовремено двете ќе плачат или двете треба да јадат па на кое попрво да му угодиш.
Без грижи мила,со добра организација се е полесно.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by Lejla7 » 16 Jun 2016, 09:02

Имaм пoмoш, секaкo, и oд мaјкa ми и oд свекрвaтa. Инaку тешкo сo мoетo рaбoтнo време. Рaзмислувaм зa грaдинкa, aмa некaкo не ми се прaќa тoлку мaлo дете, пa и вo зимски периoд. Вируси oд грaдинкa и бебе дoмa? Не знaм.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by Lena_nela » 16 Jun 2016, 22:48

Лејла баш е лудо со две мали деца (w1) Мојве се на 3 год и 7месеци разлика ,ќе речам дека горе долу поголемиов можам да му кажам да ме разбере, да не вика додека бебе спие,да ми донесе нешто или да го почува бато но тоа трае нај сила 5-6 минути и пак по свое и тој што наумил.Ама Ајде тоа туку кога ќе дојде време за јадење и на двајцата во исто време,бебе плаче ,мора да му дадеш млеко,другото ти вика "мамо ми се јаде,ми се јаде" и ти вика над глава (shaking) Среќа што свекрвми и мајка ми се тука па имам помош едно чуваат тие друго јас ,ќе ти треба помош. А за В градинка и јас не го пуштив оваа зима оти бев исто како тебе,мало бебе,во сред зима,а градинка вируси,бактери... ама оваа есен ќе оди обавезно,зш ќе бидам сама и ќе неможам со две,па ќе видиме како ќе биде.

DemetraD
Член
Член
Мислења: 210
Придружен: 05 Nov 2011, 11:24
Му се допанале: 31 пати
Им се допаднал: 36 пати

Re: Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by DemetraD » 24 Jun 2016, 17:57

Баш ме интересираат вашите искустава од сега ме фака паника две наеднаш дома едно размазано 4 годишно без помош има да биде лудница мама ке заврши во лудница Ама само да се родат живи здрави и лудницата не е толку лоша институција (rolll) (laugh1)

Mari G
Нов член
Нов член
Мислења: 98
Придружен: 20 Apr 2016, 16:05
Му се допанале: 97 пати
Им се допаднал: 79 пати

Re: Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by Mari G » 26 Jun 2016, 04:10

Некој спомна лудница? :lol: :)
Јас веќе сум тргната натаму
(jmp)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by Lejla7 » 26 Jun 2016, 10:36

Аууууууу, е сегa ме исплaшивте (w1) Нoвaтa гoдинa ќе имa мнoгу интересен стaрт (sonic)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2250
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 932 пати
Им се допаднал: 1186 пати

Re: Како се снаоѓаат мајките со две мали деца дома?

Post by sweety » 13 Mar 2017, 12:50

И мене ме фаќа страв иако ќе имам помош, мајка, свекрва ќе бидат тука нон стоп секоај по три месеци ќе пораснат децава, ќе мора некој ред и организираност, кога ќе потпораснат друго ќе биде , сакам М да ја пратам од септември во градинка, колку ми е паметна идеја незнам, ајде здравје се да биде во ред да сме живи и здрави па ќе смилсуваме планови.

Одговори

Return to “Тодлери”