Одвикнување од пелени

Moderator: Модератори

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Bube » 29 Sep 2016, 18:45

И јас не сакам да ја форсирам . А и стварно е потешко сега дека ладно е . Се почуствував неубаво што и матичната и учителките на неколку пати ми кажаа дека веќе е голема и дека треба да се учи на нокшир . И си реков ајде
Ама да ви кажам денес што ни се случи .
Уште кога ја зедов во градинка се гледаше по неа дека нешто не е во ред , дека има некои промени . Се понашаше исто како првитеденови кога ја зимав не се двоеше од мене . А тоа дека ја оставиле по гаќи нели . Па се покакала во гаќи . Па морале да ја тушираат . Па да седи на нокшир . И сето тоа и е ново нели .
Кога дојдовме дома кога го виде нокширот кога почна да пишти да вика неее нееее .
Полека и објаснував како се мочка на нокширче едно друго бла бла зборев зборев таа слушаше слушаше внимателно и кога ќе прашав ајде сега дпјди да мочкаш таа пак истото . Наеднаш почнува да пишти и викааа неее неееее . И ја оставив стискаше стискаше се гледаше дека и се мочка . Имам три нокширчиња . И дадов да бира . Нееееее
И и викам добро мама ако нејќеш во нокширче каде да мочкаме сега што да правиме и клекна и се измочка .
Муабетот ми е некако многу делуваше исплашена истрауматизирана коа ќе се спомнеше нокшир . Ја оставив до сега ете без памперс . Ниеднаш не седна на нокширот . Некоја одбивност. А има осет мислам . Оти ќе застане понастрана и ќе си се измочка . И после бега , не дава ни да ја преслечам раат пак со молење .
Не и е допаѓа оваа промена

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Lejla7 » 29 Sep 2016, 23:15

Бубе, пa не мoже и oдење нa грaдинкa и oдвикнувaње oд пелени нaеднaш - мнoгу трaуми се тoa. Пoчекaј. А учителките некa менaт пaмперс. (thumbsup)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Maceto » 30 Sep 2016, 09:11

Бубе кажи им на учителките во градинка да не ја форсираат,може и имаат створено траума па детето ќе направи одбивност за нокширче.Разговарај со нив,речи им дека се истрауматизирала од ситуацијата,оваа недела да не ја ставаат па потоа пак ќе почнат.Може се засмрамила и потоа се уплашила, а сите знаеме дека со дечиња убавина на сила не бидува,може и тие малку ја скарале (да не грешам душа), ти само зборни со нив,па ќе пробате пак од почеток за некој ден (big-hug)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by ivvi<3 » 30 Sep 2016, 09:47

Бубе, ти пишале претходно отприлика тоа што и јас сакав да ти пишам. Треба да се прави разлика помеѓу упорност и сосила. Кажи им дека сакаш од пролет да ја одвикнуваш, барем да не ја мачат таму.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Peperutka » 30 Sep 2016, 18:08

К. во Мај наполни 3 години и абер немаме за одвикнување.Не сака да седне на нокшир,еднаш татко му сакаше да го натера да седне,ама К. почна да плаче,да се трга и се откажавме.Дури откако ќе се искака,ќе каже и ќе се засрами бидејќи му зборуваме дека требада кажува,дека е голем веќе за памперс (lovet) На пролет планираме во градинка да го дадеме но изгледа дека ќе ја одложиме градинката дири не се одучиме од пелени.

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Bube » 24 Nov 2016, 17:11

Ќерка ми е на добар пат со одвикнувањето веќе . Голема работа завршија во градинка .
Но имам друг проблем сеа. Веќе втор ден не е какана (sad1)
Се труди се мачи стенка по десет мин седи седи на нокширче и ништо . И во пелена исто .
И варам компот од сливи јадеше круша просо ленено семе ...млеко и не ни пиеше овие денови воопшто .
Што друго да преземам ? Страшно ли е два дена да не е какана ?
Онака си е нормална весела не покажувазнаци дека нешто ја боли. Мешенце не е тврдо ама сепак сум загрижена. Од тоа што успеав да читнам на нет вика дека е нормална работа кај тодлерите од време на време ...

Што мислите ? Ви се случило со вашите тодлерчиња вака некогаш ?

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Maceto » 25 Nov 2016, 10:24

Бубе најпрво честитки бидејќи сте на добар пат (rad) Јас лично искуство за какањето кај таа возраст немам, но мислам дека кај секој човек е сосема нормално да не е какан два дена, продолжи си со исхраната со слива, тргни ја крушата, ако имаш компот од слива водичката најмногу помага и ленено семе обавезно, па ќе си се искака (big-hug)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by sweety » 25 Nov 2016, 13:47

иако сме мали М кака само во нокширче, пред три месеци наутро кога стануваше и беше сува пелената, и веднаш кога ќе пиеше млекце веднаш какаша,си имаше створено некој ред после јадење да се искака и уште на 7 месеци почнав да ја ставам на нокшир и до ден денес така правам, ја ставам почесто некогаш само мочка или пак ако цело попладне не сум ја ставиал на нокширчето а ја ставам веднаш се искака, засега тераме по овој редослед а до кога незнам, може ќе смени ама важно знае и не се буни, ретко да ми се искака во пелена.

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Bube » 06 May 2017, 16:12

Мами кажете ми , што да се прави. Ќерка веќе некое време е без памперс освен навечер . Уредно си кажува секогаш кога и се мочка . Непамтам кога последно се мочкала во гаќички .
Но со какањето имаме проблем . Не сака никако да кака ни на нокшир ни на шолја . Едно време ме молеше мама туљи пампас има кака а сега дирекно во гаќички .
Незнам како да постапам .
Знам деца шо до големки до 3,4 годинки им ставаат памперс за какање само , не сакам така да се навикне

Совет некој ?

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by ivvi<3 » 23 May 2017, 12:18

@Bube , што направивте со ќеркичка за какањето? Се среди ли? Извини касно ти пишувам.

Одговори

Return to “Тодлери”