Одвикнување од пелени

Moderator: Модератори

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Bube » 16 Jul 2016, 12:29

Иви а колку месеци има ќеркичка ?

Еве да ви кажам јас денес пробав . Ја слеков на гаќички , се израдува многу оти и реков како на мама гаќички ќе ти облечам . Дадов нокширот ама таа нема водено никој да мочка во нокшир од кај знае шо се прави :ymblushing: па ми текна да и пуштам видеа. Ги гледаше ги гледаше без да трепне а јас демек возбудена и пбјаснувам види ги мама умни бебенца мочкаат на нокшир , еве и ти имаш нокшир едно друго . Она само гледа и едно време цуп цуп се врти со газето кон нокширот ги слече гаќите и седна (joy) (joy)
Абе јас ќе се помочев место неа хаха и ај викам ќе мочкаш ли таа неее, ќе какаш ли тааа нееее и стварно ништо само си поседе на него .
Ама добро ко за првпат да се запознаене јас мислам добро е .
После излеговме во двор, пак без памперс си се мочкаше во гаќи (scratch)
Ова тешко ќе е изгледа (unsure) ама дури сме кај моите на гости сакам да пробам . Тука има двор , и таму шо сака нека прави (thumbsup)
Ќе ви пишувам .

Инаку А за една недела ќе наполни 18 месеци .

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by ivvi<3 » 16 Jul 2016, 12:35

19 месеци. И по ова што го пишуваш, мислам дека ќерка твоја е спремна за нокшир (thumbsup) Бубе, ќе биде напорно, иако не мора да значи, ама вреди трудот. Па и нив им е с'клет на овие жештиниве со пелена. Само трпеливо и ќе биде (big-hug)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Bube » 16 Jul 2016, 12:48

Да иви и јас затоа сакам барем да се обидам , баш ми е жал на овие жештини со памперс коа ќе ја слечам некогаш кожичката како збрчкана од шо се потела (cry1)
Ќе се обидеме посекако , ќе пуштам видеата таа сака да гледа, ќе зборувам оа ќе видиме .
Фала иви за споделеното искусѕво , ќе прашувам (big-hug)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Bube » 28 Sep 2016, 12:40

Ивии кажи ми како сте со пелените ? Скрос ги тргнавтее ?
Ние летото ништо не направивме . По моја вина . Се откажав јас мм замина странство и без волја бев некако небитно . Важно уште носи пелени .
Но во градинка ми кажаа учителките дека треба да почнеме да ја учиме на нокширче .
Вчера дома тргнавме теписите и и облеков гаќи . Времето кога седеше на нокшир беше без резултат (smile) само ќе речеше гоковоо (готовоо ) ќе станеше и нема ништо во нокширот. Таман ќе ја облечам и ќе си се помоча . И се така во круг дури не ги потрошивме сите гаќи шо ги имаме .
Некако многу безнадежна ми стои ситуацијава .
Се надевам на омош од учителките . Многу ги сака . И многу ги слуша . Незнам

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Lejla7 » 28 Sep 2016, 14:13

Бубе, рaнo ви е. Акo мислиш дa бришеш пoдoви, биди упoрнa. Oд пoвеќе пријaтелки штo сум прaшувaлa, нaјефективнo е oткaжувaње нa вoзрaст oд 2 и пoл дo 3 гoдини, бaрем пoсле тoa немa мoчкaње ни вo кревет - едмнoстaвнo, дететo си е спремнo. Нa силa убaвинa не бидувa. Јaс ехеееј дури другoтo летo плaнирaм дa прoбaм и тoa aкo бидувa, aкo не, сo мaлo бебе ич не ми е ни нa крaј пaмет дa бришaм измoчaни плoчки.

ПС Прoчитaј ги првите стрaници oд темaвa.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by ivvi<3 » 28 Sep 2016, 15:47

Бубе, така е. Тешко е на почеток. Не знам што да ти кажам. Ќерка ми веќе е на нокшир и само една пелена за спиење користи. Преку ден си е во гаќи, исто и кога излегуваме. Имаме еден нокшир дома и еден во кола. Ама да, на почетокот секаде мочкаше и ѝ купивме преку 20 пара гаќи и секој ден машината си работи (smile) Еве веќе недела дена и сама си кажува ако ѝ се оди. На почеток ја ставав на саат време на нокшир, сега чекам да ми каже. Летото е најубаво за одвикнување дефинитивно, ама трпение мора да се има. Не очекувај ни веднаш да ти кажува. Прво створи ѝ навика дека нокширот е за таа работа, па после другото само ќе си дојде. Кај нас беше предност што таа не ги сака пелените, сама си ги вадеше, па можеби и тоа има врска. Ама дека ќе чистиш и дека дома ќе ти мириса на урина, да, нема бегање од тоа. И уште една работа, мислам дека е многу важно да соработуваш со воспитувачките, да бидете усогласени околу тоа, инаку џабе ако некој од вас ја става на нокшир, а другиот не.

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Maceto » 29 Sep 2016, 11:31

ivvi<3 wrote:Бубе, така е. Тешко е на почеток. Не знам што да ти кажам. Ќерка ми веќе е на нокшир и само една пелена за спиење користи. Преку ден си е во гаќи, исто и кога излегуваме. Имаме еден нокшир дома и еден во кола. Ама да, на почетокот секаде мочкаше и ѝ купивме преку 20 пара гаќи и секој ден машината си работи (smile) Еве веќе недела дена и сама си кажува ако ѝ се оди. На почеток ја ставав на саат време на нокшир, сега чекам да ми каже. Летото е најубаво за одвикнување дефинитивно, ама трпение мора да се има. Не очекувај ни веднаш да ти кажува. Прво створи ѝ навика дека нокширот е за таа работа, па после другото само ќе си дојде. Кај нас беше предност што таа не ги сака пелените, сама си ги вадеше, па можеби и тоа има врска. Ама дека ќе чистиш и дека дома ќе ти мириса на урина, да, нема бегање од тоа. И уште една работа, мислам дека е многу важно да соработуваш со воспитувачките, да бидете усогласени околу тоа, инаку џабе ако некој од вас ја става на нокшир, а другиот не.
А од која возраст почнавте по прв пат да ги ставате децата на нокширче? Ние сме за една недела 15+,ама некако зимо пред нас и незнам нели ми е рано?

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by ivvi<3 » 29 Sep 2016, 11:39

Мачето, мислам дека е рано. Јас почнав на 17 месеци да ја ставам, тогаш беше мај, топло и имаше време цело лето за привикнување. Нека биде доволно топло, и само по гаќички да ја оставаш.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Lena_nela » 29 Sep 2016, 11:48

Мачето,немора да ја форсираш,сега е и ладничко. С од денски носење памперси се одвикна сосема сам без надгледување на 2 год. Едноставно му извадив памперс тоа беше наутро го седнав на вц шоља(без адаптер,не го сакаше) и тогаш се помочка,ние го охрабривме со БРАВО и ппсле тоа му беше интересно и сам бараше а што беше смешно сакаше со сите што ке одат во вц и тој да биде внатре(неможеше човек да моча кај нас беше под надзор :grin: ) За какање бараше памперс уште некое време,за тоа никако не можевме да се научиме,но поврторно тој сам реши,јас го прашав до кога ке ставаме памперс,а тој ми вика до нова година да додје дедо мраз. И навистина кога помина н.год.му викам сега што правиме и тогаш не ставивме памперс и готово,а ноќе се одвикна пред какањето,едноставно не се мочаше памперсот како ми го ставав така на сабајле беше сув и така престанав даа му ставам, два три дена се будев ноќе да го видам да не е случајно измочан но не беше.
Така да не се секирајте и форсирајте ке си прекинат самите деца се во свое време. Негде и читав дека и ако на детето вршиме притисок може лошо да влијаее.

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Одвикнување од пелени

Post by Maceto » 29 Sep 2016, 15:08

Фала ви девојки,па и јас никогаш несакам ништо да форсирам,секогаш си викам се во свое време,ама секој совет од искусните мајки и е добредојден. Башка сега и зимо пред нас,па таман на пролет и лето ќе бидеме поголемки и ќе почнеме и со тоа и тогаш пак ќе ве барам за совет на оваа тема (rolll) (rolll) (big-hug)

Одговори

Return to “Тодлери”