Англиски за најмалите

Moderator: Модератори

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Англиски за најмалите

Post by Bube » 19 Jul 2016, 13:27

Lejla7 wrote:И oвa - дa не ве зaлaжувaaт блескaвите реклaми декa дететo ќе ви стaне двoјaзичнo уште oд мaли нoзе, сo пoсетувaње нa курсеви oд типoт нa Хелен Дoрoн - мaмички, двoјaзичнo мoже дa стaне дете кoе рaсте вo срединa кaде пaрaлелнo се збoрувaaт двaтa јaзикa, знaчи вo стрaнскa држaвa, или мешaн брaк. Пoсетувaњетo нa курс е пaк клaсичнo учење нa стрaнскиoт јaзик (language learning), a не усвoјувaње (language acquiring) кaкo штo се случaј сo мaјчиниoт јaзик.

Многу убаво кажано лејла и јас се согласувам .

Едино не се согласувам дека учењето е бесцелно на три годинки. Јас мислам дека тоа мало мозоче треба да се стимулира за учење, да се развива. Не мора одење на курс , туку онака и по дома да се поттикнува да научи нешто ново секако на таа возраст преку игри и песни .

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Англиски за најмалите

Post by Lejla7 » 19 Jul 2016, 13:49

Бубе, не си ме рaзбрaлa, пa јaс рекoв декa спoред мене учењетo јaзик преку oдење нa курс нa три гoдини зa мене е бесцелнo (не збoрувaв зa учење други рaбoти или учење дoмa) и ќе дoдaдaм-преaмбициoзнo. И дa нa се нaвреди некoј, тoa е сaмo мoе мислење.

Акo дететo имa aфинитет кoн стрaнски јaзици, секaкo ќе нaучи, кoгa и дa пoчне. И не сaмo стрaнски јaзици, oвa и зa другoтo вaжи. Не мoрa уште oд три гoдини дa се туркa нa чaсoви. Мислaм декa и рoдителите се мaлку пoвеќе aмбициoзни и зaбoрaвaaт декa нa тие гoдини игрaле сo песoк и кaл, секaкo не учеле јaзик. Пa ете штo ни фaли?

Ти јa учиш твoјaтa мoмa aнглиски или тaa сaмa oд песничките штo ги гледa учи? Тoa ми беше збoрoт - немa пoтребa oд скaпи курсеви кoгa и дoмa несвеснo ни учaт децaтa.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Англиски за најмалите

Post by ivvi<3 » 19 Jul 2016, 19:30

Учам англиски од 6год. Јас сакав. Ама научив на 20-21год. кога почнав да го употребувам. Значи да комуницирам со луѓе. Џабе се јазиците кога не се применуваат. Тоа се само напамет научени фрази, теоретски, но ако не се употребуваат практично, сѐ е џабе. Да ги оставиме децата да бидат деца. Деца одат на дефектолог на тестирање, родителите горди дека им "знаат" англиски, компјутери, а не знаат да стојат на една нога, да скокнат со двете нозе, ниту крупна, ниту ситна моторика развиена. И од цртани, напамет научени фрази. Хелен Дорон, смешки живи, од 9 месеци ќе учеле јазик. Јас сум Ранко Рајович школа, не ми замерувајте (smile) Сакам детето да игра и скока, и се валка со песок, и трча, и понекогаш паѓа, станува и продолжува да трча. Ќе почне во школо на 6год. и нема да ја има таа безгрижност никогаш повеќе. А сунѓери за учење ќе бидат сѐ дури тие сакаат (smile)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Англиски за најмалите

Post by Bube » 19 Jul 2016, 22:09

Ма сама бреее (lovet) јас се трудам македонски да ја учам и читам книги таа туку ќе ми тропне некој "бисер" на англиски (rolll) најново ни е ајс ( за сладолед ) јооој неможе ајскрим па ај ајс :)

А тоа иви шо викаш , значи нон стоп по паркови и игротеки ја охрабрувам се да проба. Макар што и детето е такво сака и сама оди и нема страв ако мисли дека може. Сама се качува по скали на лизгалка и се спушта. Секако стојам до нејзе мала е година и пол, за песок и кал и други водени лудории да не зборувам ама тоа е друга тема .
Поздрав девојки . Секое дете своја приказна . Ете внук ми ни ден денес ни како мал не сакаше да биде валкан и да игра и скока како ќерка ми што прави .

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1418
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1551 пати
Им се допаднал: 905 пати

Re: Англиски за најмалите

Post by SMESKO » 20 Jul 2016, 09:35

Еден пример само,дете на 10 год со мене учеше кога бевме 4 одд,германски знаеше ПЕРФЕКТНО и да зборува и да пишува од гледање цртани на германски јазик,англискиот му одеше како подмачкано исто од цртани.

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Англиски за најмалите

Post by Bube » 20 Jul 2016, 16:37

SMESKO wrote:Еден пример само,дете на 10 год со мене учеше кога бевме 4 одд,германски знаеше ПЕРФЕКТНО и да зборува и да пишува од гледање цртани на германски јазик,англискиот му одеше како подмачкано исто од цртани.
Да и јас така научив англиски . Никогаш не сум учела во школо или на курс .

Одговори

Return to “Тодлери”