Нега на коса

Moderator: Модератори

Одговори
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Нега на коса

Post by Petra » 20 Oct 2010, 16:04

Ако имате проблем со кожата или едноставно сакате да ја разубавите доволно е еднаш неделно да се измиете со чај од камилица.
Копривата влијае на растот на косата, цврстината, сјајот и расчешлувањето. После секое миење добро е да се потури со чај од коприва. А исто така од фризер имам слушнато дека коса која се полива со чај од коприва не цвета на врвовите.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Природна козметика

Post by Petra » 19 Nov 2012, 13:41

Маска за зацврстување на влакното, за сува и оштетена коса:
Измешај пет лажици маслиново масло со две јајца. Стави го на косата и прекрија главата со најлонска кеса или нешто со што ке го спречиш разливањето на маската.
почекај 15 минути и потоа измиј ја косата со шампон
Маската ја држам подолго, не пречи.
Оваа маска ја правам скоро месец. Кај мене косата ја дотерав да изгледа без живост. Бааѓи ја средив. (laugh1) Не ми е ниту права ниту виткана, така накршена понекогаш со јадри локни. Ја скратив кратка, па пред секое излегување ја пеглав и и ставав гел. Од гелот рани почнаа да ми се прават, па решив да ја чувам долга, арно ама не прекинав да ја пеглам. Скратив дел од оштетеното за да не изгубам многу во должина. е сега се надевам дека ќе си ми се подобри квалитетот на косатат. За сјај ставам јаболков оцет.
За подготовка на оцетен раствор треба да се придржувате на следнива пропорција: на 300 мл вода, но не топла додадете 100 мл јаболков оцет. Внимавајте! Оцетот има особина да ја суши кожата на главата односно скалпот и да доведе до образување на првут, па за да го избегнете ова не нанесувајте од растворот на коренот од косата туку само по должината на косата. Откако ќе ја измиете косата, исплакнете ја со оцетниот раствор и оставете ја така да се исуши, не се измива косата после процедурата.
Јас ставив одприлика. (smile) Да не ви биде мисла испробано оцетот не остава силен мирис на кисело. (thumbup)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Нега на коса

Post by Petra » 20 Oct 2013, 15:02

Природно против перут
На темето нанесувам прво лимонов сок две лажици, јас без вода, а може и со малку вода. Потоа нанесувам маслиново масло и да стои така неколку часа.
Потоа сода бикарбона место шампон, на влажна коса ставам и ја втривам. Треба неколку недели да се користи. Ако се суши косата треба да се намали количината. Прочитав една дланка, јас ставам многу помалку.
На крајот целата коса може да се исплакне со шолја млака вода во која има малку лимонов сок.
Јас на крај ја плакнам со чај од рузмарин, и тој е добар сојузник во борбата против перутот.

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Нега на коса

Post by mamigabi » 20 Oct 2013, 16:36

За потхранување на влакното си правам маска од мед, лимон и маслиново масло, е пошто мојата коса е долга и густа, треба поголема количина
- 4 лаж мед
- 2 лаж масл масло ако немам ставам обично
- половина лимон
- 3 лаж млака вода
се меша и се мачка на коса, стои 30 мин и потоа се измива

ЕДнаш ја имам направено и оваа маска, бев воодушевена од резултатот, но одамна не сум ја напраила дека нема Авокадо во градов
- едно излупено и сомлено авокадо
- една банана
- 2 лаж масли. масло се се меша, и се остава на коса 30 мин

Оваа маска погодна за оштетена коса

Одговори

Return to “Природна нега”