Теста

Moderator: Модератори

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Теста

Post by Nadja » 11 Feb 2013, 13:55

Bela wrote:Ги направив крофните и соленките од Надја и супер ми испаднаа, другиот пат ќе правам пола мера од крофните многу испаднаа (laugh1) . И мекиците од Кјара се преубави.
Јас крофните ги имам правено 2 пати и супер ми излегоа. Одозгора им ставив шеќер во прав и чоколаден прелив. Превкусни беа.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Теста

Post by kit-kat » 18 Jul 2013, 21:44

КУКУМИШЕ

1кг.брашно
1 дојден квасец(1 лајче шеќер,2лажици брашно малку млака вода)
1 лажица сол
млака вода за замесување

Се меси тестото,се остава 15-20 мин,да скисне.
Се мачка тркалезен плех бр.36 со масло и се загрева рерната.
Тестото се дели на 7 делови.1 маргарин кристал се дели на 7 делови.Од секој дел од тестото се сучи губа околу 30см.дијаметар.Се мачка со маргарин.Се ставаат две паралелни ремички сирење рендано или изварка од горе надолу.Се затвара губата од левата и десната страна да се допре во средина,да го покрие сирењето,и да дојде како цилиндар.Па пак се става сирење(изварка) по средината на „цилиндарот„.Па се затвора од горе и од доле да дојде како правоаголник.
Се става во средина на плехот со свитканиот дел од доле.Другите четири исто се прават и се редат горе,долу,лево и десно од онаа во средина да дојде како крст.
А последните два правоаголници се сечат како триаголници и се ставаат во плехот помеѓу другите.
Се мачкаат со јајце од горе и се става сусам.Па се печи убаво да изврие.
Може сите пред печење да се исечат како последните како триаголници.
Изгледа комлицирано но многу е лесно.


Може истото тесто да се подели на 7 дела.Да се сучи од секој дел кора,да се премачка со маргарин да се стави сирење(изварка) преку цела губа и од двете страни да си витка како цигара додека не се спојат во средината.Така да се печат сите седум долги губи во четвртаст плех.

Bela
Домашен член
Домашен член
Мислења: 612
Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
Му се допанале: 18 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Теста

Post by Bela » 19 Jul 2013, 14:30

Кит-кет, кажи ми дали маргаринот треба да се растопи или па не мора. Сакам да направам кукумише (laugh1) ептен ми изгледа лесно за правење.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Теста

Post by kit-kat » 19 Jul 2013, 15:38

Не мора Белла.Доволно е на собна тем.да постои.Или јас го вадам на тераса пред да го отворам и како од микро е. (smile)

Bela
Домашен член
Домашен член
Мислења: 612
Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
Му се допанале: 18 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Теста

Post by Bela » 20 Jul 2013, 23:27

Кит-кет го направив кукумише (laugh1) , ми испадна преубаво и ептен вкусно.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Теста

Post by kit-kat » 21 Jul 2013, 09:54

Баш ми е мило што ти се погоди (smile) (drool) (drool) (drool)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Теста

Post by carina » 11 Aug 2013, 17:07

КИШ ЛОРЕН

100 гр брашно
50 гр маргарин
1 жолчка
50 мл вода
(јас ставив и 1/3 пециво)

се се меси и се става во подмачкано тавче како за пица.одозгора се става фил
фил:3 јајца + белката се матат со вилушка,се додава 100 мл млеко,сол црн пипер,сирење,кашкавал,кисели краставички,салама(да не набројувам,може што сакате,јас ги ставив овие состојки.го имам пробано и со праз,многу е вкусно).оваа смеса се истура врз тестото ,одозгора се ренда кашкавал и се пече на 200 степени околу 20-30 мин.
добар апетит

srculence
Редовен член
Редовен член
Мислења: 499
Придружен: 13 May 2013, 22:17
Му се допанале: 212 пати
Им се допаднал: 296 пати

Re: Теста

Post by srculence » 12 Feb 2014, 17:31

Кифлички

Два свежи квасци се дробат во пола литар слатко млеко и се додава три лажици шеќер. Ова се замесува со еден кг брашно (во голем длабок сад, се прави дупка во брашното и се истура смесата), 2 филџани масло, 3 цели јајца и малку сол. Треба да се добие меко тесто, да не лепи, ниту пак да е тврдо. Ама тоа ќе зависи од брашното, Откако убаво ќе го измесиш, го оставаш на топло да кисне. Кога ќе нарасне, правиш топчиња , и од нив правиш форми по желба Се редат во подмачкан плех откако малку ќе нараснат се мачкаат со јајце, се посипуваат со сусам/ким/крупна сол/мак , се става мало парче маргарин одозгора на секоја кифла, па се печат на 200 степени, отприлика 15-20 минути,
(thumbsup)

Filigran
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1827
Придружен: 22 Jul 2012, 15:43
Му се допанале: 898 пати
Им се допаднал: 739 пати

Re: Теста

Post by Filigran » 28 Feb 2014, 18:04

Гибаница
500 гр готови кори за пита
500 гр изварка или дробено сирење
5 јајца 1 пециво
200 мл кисела вода
200 мл јогурт
сол по потреба
ФИЛ:
јајцата се маткаат , се додава киселата вода, јогуртот, изварката, пецивото.
Во намрсено караванче се редат корите. Секоја се попрскува со загреано масло, а на секоја 3 кора се тура од филот. Така се продолжува додека не се потрошат корите. На крај се завршува со 1 маткано јајце со малку јогурт или млеко и сусам.
Се печи на 200 степени, отприлика 15 мин. Амавие домаќинки знаете колку, ќе си проверувате додека не зарумени убаво.
Наздравјеееееееее

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Теста

Post by Lena_nela » 07 Oct 2015, 20:30

Пита-погача

Потребно:
-1 кг. Брашно
-3 јајца
-500мл.млеко(загреано,млако)
-100мл.масло
-1лажица сол
-1лажица шеќер
-1 квасец
-250 гр.путер(маргарин кристал)
-400гр.сирење

Подготовка:
Замесете тесто од млекото,масло,сол,шеќер,2 цели јајца и плус една белка од третото јајце(жолчката оставете ја на страна),надојдениот квасец(млака вода,малку шеќер, брашно) и брашното(можеби ке ви треба уште 100-200гр.брашно ) се меси тесто средно тврдо,да не е мн меко.Се остава да одмори околу 20 мин. Пото се дели на 24 топчиња,а може и помалку 12(јас направив 24) секое топче се расукува колку тањир средна големина се премачкува со растопен путер(јас го правам со путер) и се ренда сирење (на грубата страна од рендето) така секое топче се расукува се премачкува и му се ренда сирење и се редат една кора врз друга.На крај на последната кора не се става ништо,со оклагија се расукуваа целото тоа колку плехот (јас имам голем плех 33/43) треба да биде со дебелина колку еден прст и ,ако немате голем плех тогаш делете го тестото на два дела за во два помали плеха.Плехот предходно се премачкува со путер се става питата и се премачкува со разматената жолчката.Пред да се ставинво рерна се остава едно 10-15 мин.да одмори и убаво да изработи квасецот.Се пече на 220 степ. 10 мин.,а потоа на 180 уште 45-50 мин. Во зависност како ви пече рерната. Јас после 15 мин одозгора ја покрив со фолија или хартија за печење за да не подгори и на 5 мин. пред крај ја извадив .
http://i60.tinypic.com/286qsg9.jpg

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”