Кломифен
Медикаменти за лекување на неплодност. Нашите искуства со медикаменти во борба со неплодноста, резултати, нус појави итн.
Moderator: Модератори
Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.

-
- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Кломифен
Post by Peperutka » 01 Nov 2010, 14:29
ТРЕТМАН НА ПРОБЛЕМИ СО ОВУЛАЦИЈАТА
Кломифен
Прв обид за предизвикување на овулација најчесто се прави со Кломифен. Кломифенот е хормонален препарат кој ги стимулира јајниците за да созреваат повеќе јајце клетки.
Најчесто е прв избор на лекарите затоа што е ефтин и добро се поднесува.
Иако може да има некои нусефекти, шансите за нив се помали отколку при употребата на други хормонални препарати. Исто така кломифенот има помали шанси да предизвика синдром на хиперстимулација на јајниците во споредба со гонадотропините. Чести споредни појави се: отеченост, подуеност на стомакот, болка во стомакот, зголемување на јајниците, акни и сл.
Кломифенот се употребува на тој начин што се зема од 3-7 ден од циклусот или пак од 5-9. Задолжително постапката се следи на ултразвук за да препознае евентуалната опасност од синдром на хиперстимулација на јајниците, појава на цисти и сл. Често пати предизвикува создавање на повеќе фоликули и ја зголемува можноста за повеќеплодна бременост.
Кломифенот предизвикува овулација кај голем број жени, но сепак кај некои не. Доколку не се успее да се предизвика овулација, во следниот циклус дозата се зголемува.
Кога се работи за синдром на полицистични јајници, во комбинација со кломифенот може да се даде и метформин.
Гонадотропини
Кај жени кај кои не е можно да се предизвика овулација со Кломифен, се преминува кон инекции со гонадотропини. Овие инекции се многу ефикасни и предизвикуваат овулација кај околу 90% од жените. Содржат фоликуло стимулирачки хормон ФСХ. Шансите да дојде до повеќеплодна бременост се уште поголеми од тие со употребата на кломифен. Исто така поголема е и опасноста од синдром на хиперстимулација на јајниците.
Се почнува со ставањето на инекциите од почетокот на циклусот до 8-14 ден. Состојбата редовно се следи на ултразвук и се прати дали треба да се зголеми или намали дозата. Кога ќе се примети дека фоликулите се доволно созреани, се прекинува со гонадотропините и се дава инекција со хормонот hCG за да се предизвика прскање на фоликулите и ослободување на јајце клетките. Овулацијата се случува обично после 36 часа од инекцијата со hCG. Може да се оди со темпирани односи во тоа време или пак да се направи инсеминација.
Доколку жената не забремени после неколку циклуси со инсеминација, се препорачува да се оди со ИВФ.
ТРЕТМАН НА НЕПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ
Во случај на непроодни јајцеводи има 2 алтернативи.
Доколку јајцеводите не се многу оштетени и не се со многу прираслици, можно е успешно да се примени лапароскопска операција.
Во случај на поголемо оштетување, операцијата нема да има успех. Во таков случај се препорачува директно одење со ИВФ.
Во случај кога жената се ближи до 35-та година, се препорачува да не се губи време со операција и да се оди дректно со ИВФ.
ТРЕТМАН НА ЕНДОМЕТРИОЗА
Во случаи кога се работи за блага или средно распространета ендометриоза, може да се обиде да се отстрани ткивото со лапароскопска операција.
Ако операцијата не е успешна или пак се работи за поголема зафатеност, се применува ИВФ. Успешноста на ИВФ постапката во случај на ендометриоза е нешто помала.
ТРЕТМАН НА ИДИОПАТСКА (НЕОБЈАСНЕТА) НЕПЛОДНОСТ
Понекогаш не е можно да се најде причината зошто жената не забременува, па со тоа потешко е да се даде и соодветна терапија. Во случај на идиопатска неплодност се користат истите средства како и кај неплодноста заради проблеми со овулацијата.
Прво се обидува со Кломифен за да се придизвика создавање на поголем број фоликули и со тоа да се зголемат шансите за зачнување. Често пати Кломифенот се комбинира со инсеминација.
Ако нема упех се даваат инекции гонадотропини во комбинација со инсеминација.
Ако инсеминациите не се успешни, како последна алтернатива останува ИВФ.
ТРЕТМАН НА МАШКАТА НЕПЛОДНОСТ
Третманот ќе зависи од причината која ја предизвикува неплодноста кај мажот.
На пример доколку се работи за хормонално пореметување се даваат хормони, ако се работи за варикочела се прави хируршка интервенција, ако неплодноста е последица на некоја инфекција се даваат антибиотици ит.н
Во секој случај се променува начинот на живот (исфрлање на алкохолот, цигарите, носењето тесен долен веш ит.н.)
Во случај да не помогнат другите средства, се прави ICSI техника на вонтелесно оплодување. Од класичното ИВФ се разликува по тоа што наместо да се чека спрматозоидите сами да ја ополодат јајце клетката, со посебна игла се зема 1 сперматозоид и се внесува во неа.

- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Кломифен
Post by Debora » 01 Nov 2010, 15:49
Јас прв пат кога земав Кломифен ми се направија 2 цисти и менструалното крварење не ми запра 2 недели, па пиев некои апчиња и се се среди.
После тоа ми се креваше косата на самата помисла на Кломифен и помина долго време додека не се осмелив повторно да ги земам. Бидејки секако проблемот не беше во овулацијата ги избегавав максимално.
Следните пати се молев се да биде во ред (бев навистина уплашена по непријатното искуство) и фала Му на Бога се беше добро. Одлично реагирав на Кломифенот, секогаш имаше повеќе фолкикули - ама кај мене изостана резултатот.
После тоа ми се креваше косата на самата помисла на Кломифен и помина долго време додека не се осмелив повторно да ги земам. Бидејки секако проблемот не беше во овулацијата ги избегавав максимално.
Следните пати се молев се да биде во ред (бев навистина уплашена по непријатното искуство) и фала Му на Бога се беше добро. Одлично реагирав на Кломифенот, секогаш имаше повеќе фолкикули - ама кај мене изостана резултатот.
-
- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Кломифен
Post by Peperutka » 01 Nov 2010, 16:37
Јас имам лани пиено Кломифен и одлично го подесував,ми се појави овулација но само еден фолекул.Потоа овулацијата повторно ми се изгуби и менструациите не ми се редовни. (unsure)
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Кломифен
Post by Debora » 01 Nov 2010, 16:39
И еден фоликул може да заврши работа. Овулацијата исчезна и покрај примањето Кломофен или кога престана со Кломифенот?
Ефектот од него може да трае уште 2-3 месеци и толку.
Ефектот од него може да трае уште 2-3 месеци и толку.
-
- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Кломифен
Post by Peperutka » 02 Nov 2010, 15:52
Мојот доктор ми кажа дека може да дојде до бременост и со еден фолекул а јас имам сигурно 7-8 со еден циклус ама џабе.Имв испиено само едно пакетче Кломифен, ефектот беше 3-4 месеци,на ехо се гледаше дека фолекулите прскаат и има овулација ама ете ми се изгуби (sad1)
-
- Нов член
- Мислења: 12
- Придружен: 14 Nov 2010, 20:53
Кломифен
Post by Daren » 24 Nov 2010, 21:36
Zdravo na site, nova sum na forumov, jas i soprugot vo brak sme 7 meseci i se obiduvame da imame bebe, no rezultati nema, poslednive dva meseci sum na klomifen, ovoj mesec dupla doza, a rezultat samo eden folikul (minatiot mesec so edna doza klomifen-dva folikuli),doktorot vika se e vo red, dovolno e eden, no jas nekako nemam nadez, mislam deka nesto ne e vo red, deka e nesto strasno, (scared) utre sum na eho, za da vidime koja golemina e, pisete ako nekoj imal vakvo iskustvo (sad1)
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Кломифен
Post by Debora » 24 Nov 2010, 21:48
Daren добродојде на форумов (kup), ќе видиш дека многу скоро ќе се пофалиш со меше. Штом е проблем овулацијата а со Кломифенот имаш макар еден фолукул, нема потреба да се загрижуваш.
Па и природно кај жените созрева по еден. Ајде чекаме утре да се пофалиш дека фолукулот убаво напредува и после само вредно со тм. (ttc) (smile)
Па и природно кај жените созрева по еден. Ајде чекаме утре да се пофалиш дека фолукулот убаво напредува и после само вредно со тм. (ttc) (smile)
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Кломифен
Post by Debora » 25 Nov 2010, 15:50
Јас сум пиела и по 1 и по 2.
Мојата матична ми даваше по 1, она не сака да претерува со ништо и ја дава најмалата потребна доза и тука сосема се согласувам со неа. Сепак се хормони, а не бомбони.
Сум пиела и по 2.
Зависи од лекарот колку ќе даде првиот пат, ако нема резултат во смисла на формирање фолиули следниот пат дозата се зголемува.
Ти по колку ќе пиеш?

Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива