Блага и торти

Moderator: Модератори

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Блага и торти

Post by happiness » 22 Jan 2015, 09:22

ONLI44YOU mila toa e zitarka se nabavuva od prodavnica za zdrava hrana a mislam deka gi ima pakovani na vitalia vo pogolemite marketi (l2)

only44you
Редовен член
Редовен член
Мислења: 305
Придружен: 21 Sep 2014, 00:49
Му се допанале: 278 пати
Им се допаднал: 95 пати

Re: Блага и торти

Post by only44you » 22 Jan 2015, 17:50

Blagodaram milaaaa.... Ne znaev , navistina... Ama sega znam i moram da go nabavam (thumbsup)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Блага и торти

Post by Lena_nela » 08 Oct 2015, 18:11

Дебора бараше рецепта за пита со јаболка,а јас кога правам нешто со јаболка правам или си кори или лења пита. Еве рецепт:

БРЗА ЛЕЊА ПИТА

Потребно: 2чаши(200мл.) брашно,1 чаша шрќер,1/2 чаша масло,1 јајце,1 пециво,1,5 јаболка,цимет,1ванилин шеќер
Подготовка: Со миксер ги миксираш брашното,шеќерот,маслото,јајцето,пецивото,ванилин шеќер убаво се миксираат,половина од тестото го тураш во плех (помал 23/32) и го ставаш во загреана рерна на 180 степ. 10 мин.
Предходно јаболката ги рендам им ставам една чаша шеќер(зависи колу се кисели) цимет (по желба) и јас им ставив малку рум ;-)
Го вадам тестото после 10 мин.ги ставам јаболката со се течност (што ја испуштаат) и го дотурам останатото тесто (ако не ви стигне од тестот може тоа што е да го ишарате врз јаболката на секаде по малку, еднаш не ми стигна тесто па наредниот пат се зголемив на плус една чаша и јајце) се враќа во рерна и се пече уште 40-45 мин. Се служи со шеќер во прав.

Пита со кори и јаболка
Потребно 500 гр. Кори
Јаболка,цимет,масло,кисела вода,пециво и презла
Ппдготовка: јаболката ги рендам и им ставам шеќер(по желба и вкус) и цимет.
Во лонче(750мл.) ги мешам маслото,кисела вода и пецивото( точно колку ставам масло кис.вода незнам од око негде околу 200мл масло а останатото вода)
Земам кора ја попрскувам со водата,маслото и пециво,врз неа ставам друга и таа е попрскувам и на неа ставам трета кора и неја ја попрскувам,земам една рака(не мн полна) презла и ја попрскувам кората,земам од јаболката и ставам на работ од кората и виткам ролат.Исто се прави и со останатите кори,на крај ги поливам одозгора со лажица пд течноста(кис.вода,масло,пециво) и ги оствам 5мин. колку да омекнат корите и ги сечам на парчиња(по желба големина ) Ги ставам на печење на 180 степени и печам се додека не за руменат ги вадам попрскувам со вода и ги покривам со салвета. Ги служам со шеќер во прав.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Блага и торти

Post by Debora » 04 Jul 2018, 11:49

Торта со тиквичка
Кога имаш тиквички во фрижидер, а не ти се пржи. (laugh1) Вчера вечерта пробав како ќе испадне и воопшто не е за фрлање, а прелесно се прави, ем има тиквичка па може и ко салата да се смета. (pipi) (laugh1)

3 јајца
2 шола шеќер
1 кафено лажиче сол
1/4 кафено лажиче сода бикарбона
1 прашок за печење
1 лажица цимет
4 лажици какао
1 ванилин шеќер
1 шол зејтин
2 шола рендана тиквичка
2 шола брашно

Се матат јајцата со шеќерот, се додава се друго и се пече 50-60 мин на 180 степени. Кога ќе се олади се посипува со шеќер во прав. Толку (smile)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”