Доцнење на менструација

Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
nunnty96
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 16 Jun 2018, 05:38

Re: Доцнење на менструација

Post by nunnty96 » 16 Jun 2018, 05:44

Здраво девојки
Сеуште не сум направил тест и сеуште не сум добила...Последен пат ми заврши на 26 Април така да со дечко ми имавме односи на 28 Април..ден потоа тој ми кажа дека не бил сигурен дали направил нешто утре дента се напив антибејби апче-72 часа после една недела ми покажа само една точка и си мислев дека ми е дојдено но утре дента немав ништо еве веќе е 16 Јуни а јас немам никакви симптоми ни за менструација ни за бременост... (confus) (cry1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11052
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5848 пати
Им се допаднал: 3574 пати

Re: Доцнење на менструација

Post by Debora » 16 Jun 2018, 18:13

Има големи шанси хормоните да се пореметат заради апчето и од тоа да ти доцни. Штом циклусот ти завршил на 26 април, мала е веројатноста дека си забременила 2 дена подоцна. (smile) Сепак најсигурно ти е да отидеш на лекар за точно да ти кажат што се случува.

Lattie
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 12 Dec 2019, 00:17

Re: Доцнење на менструација

Post by Lattie » 12 Dec 2019, 00:34

Здраво, нова сум на форумот и сакам да споделам со вас и да добијам ваше мислење. Со сопругот работиме на случајот еве неколку месеци безуспешно сега ситуацијата ми е ваква требаше да добијам на 24 11 меѓутоа еве веќе 18ден немам, сега имам дилема бидејќи неколку пати ми се случи или наутро или навечер на хартијата да имам бледо розево дали има некакви шанси да е нешто позитивно овој пат реков ќе почекам до следната менструација па ќе правам тест. Вашето мислење би ми било од големо значење.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11052
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5848 пати
Им се допаднал: 3574 пати

Re: Доцнење на менструација

Post by Debora » 14 Dec 2019, 17:20

Добродојде. (smile) (dobr) Најсигурно ти е направиш тест, по 18 дена доцнење мора да покаже точно. Розов исцедок може да значи бременост, ама може да е и некое хормонално пореметување. Собери сила за тестот и се надевам дека ќе биде посакуваното. Ќе чекаме да пишеш убави вести. (kup)

Одговори

Return to “Забременување”