Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Место за слободни, опуштени муабети

Moderator: Модератори

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by sweety » 10 Mar 2019, 18:51

хелоу женички
Јас дома со децава ништо нр видов од празникот,пак не навасаа вируси...синко ангина и автоматски доби антибиотик а ќере само тт па преку крв излезе вирус (re) е сега трет ден денес со тт утре пак треба да одиме со маже бевме под стрес цело сабајле те по доктори и дури не ми ни честита ама затоа вечерта кога ги успиваме се почастивме со винце ми купил цвеќе и добив ваучер нешто да си купам ....сепак не заборавил ајде кога ќе пораснаѕ ќе славам (whistle) (grupna-gushka) синко ме бара мамаа дури и на плачка ја тера (laugh1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11040
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5834 пати
Им се допаднал: 3569 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by Debora » 11 Mar 2019, 18:43

Слатка како сте денес? Се надевам дека тт веќе ја нема. (a2)
Буци вие шеткате со дечињата? dance Тука викаат дека од утре ќе залади, инаку ептен топло деновиве. За некој зиморлив ко мене празник ќе му дојде. (laugh1)
Кит кет ти ептен ме разубаве. (piggy) (rolll) Како сте вие со мешко? Абе од мало ќе го научиш да трча. (laugh1) (big-hug)
Кај сте другите? Пишете по некој збор, како се бебуши, тодлери, а некои еве и на школо тргаат. (love5)
Јас сум денес преморена. Едно пивце ми треба, еве за сите. (beer) (kup)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3252
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1726 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by kit-kat » 12 Mar 2019, 10:54

(coffee) како сте женски?
Јас добра поточно супер само запекот ме мачи ненормално. Се што е можно пробав и пак ништо (comp)
Дебора (beer) еве пивце од мене за добар ден. Баш ми е мило што се погоди кната. Кажи колку ефект има
Слатка (racinja) полесно заздравување на дечките. Ќе помине.
Буци рашетана беше (laugh1)
Тука денес снежно и ладно (cold) како декември да е.
Но ќе помине.
Поздрав девојки (grupna-gushka)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11040
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5834 пати
Им се допаднал: 3569 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by Debora » 13 Mar 2019, 15:53

Добар ден. dance dance dance Повелете по едно кафенце. (kup)
Кит кет кната испадна мн подобро од очекуваното. Не ја давам веќе. (laugh1)

https://i.postimg.cc/bsdkKhYg/cup-of-co ... ookies.jpg

Поздрав до сите. (big-hug)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by ripcence » 19 Mar 2019, 00:52

(grupna-gushka)
Другарчиња здраво!
Ме нема (rp), ми се насобра турбо темпо...
Овде новости, новости (bu), претрчав низ форумот набезина
@kit-kat па како си ме израдувала со мешето не знаеш (big-hug), со лесно нека е.
@Debora (love5)
Очиве ми се на пола копје, со последните сили куцам, ама морав да ве поздравам, јас и ѕверко праќа гушки за сите тетки.
Ветувам ќе пишам нашироко (racinja)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11040
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5834 пати
Им се допаднал: 3569 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by Debora » 19 Mar 2019, 11:35

Рипченце се јавила. (rad) (rad) (rad) Баш пријатно ме изненади, се надевам дека ќе најдеш време да пишеш некој збор повеќе. (joy) dance (joy) (kup)
Кит кет (sonic) ? (laugh1) Бебе кога ќе се роди ќе знае да трча, сериозно. (rolll)
Слатка оздравевте ли? (a2)
Буци вие како сте? Се надевам дека и вие трајно ги избркавте вирусите, па ви останува да уживате во убавото време. (love5)
Кај сте другите? Некој да намамам со пивце? (beer) (kup)
Убав ден на сите. (bu)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by sweety » 26 Mar 2019, 21:39

здраво женски
Да пишам некој ред два..
Фала дебора ,подобри се откако завршија со антибиотик и двајцата,се надевам дека поминаа вирусите ,ќе се стопли времето ама пак и оно зеза еден ден топло утредента ладно од 20 на 10 степени паднат температурите и нормално дека ќе се разболуваат,ама нели деца се па така раснат сите.
Се спремаме Мк. за велигден и сега само ми врти километри од Лозано по стопати ја слушам па и нелоја солза падне (cry1) носталгија за дома .
Деца спијат маже излезе да се виде со некој пријатели,јас си отворив радлер и пуканки чекам филмот да почне ,денес одморив со синко поспавме на пладне па сега не ми се спие.
(beer) Живели

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3252
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1726 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by kit-kat » 28 Mar 2019, 21:13

Еве ме стигнавме со мешко (sonic)
Баш неродена ќерката ќе трча Дебора (laugh1)
Во 3 недели синко не прошета низ цела Македонија на 6 натпревари. Успешно беше секаде, да се пофалам. Во 1 недела три пати до Скопје бевме. Сега уште наредна недела и да здивнеме.
Па ќе мачкаме по дома. До Велигден се надевам ќе успееме
Вие како сте?
Слатка со дечките. (part)
Рипче фала ти мила (big-hug) како сте вие со генерациите? (rolll) кажувај искуство ќе ми треба.
Буци ја снема со мешко (t3)
Другите ги нема???
Ве поздравувам и (grupna-gushka) сите

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11040
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5834 пати
Им се допаднал: 3569 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by Debora » 31 Mar 2019, 22:01

Кит кет честитки за тоа умното дете. (con) (part) (rad) Бог секогаш да го благословува и да ве радува, а сестрчката ќе биде умна како него. (a2)
Слатка читам за радлерот и пуканките, па си викам а зошто јас немам??? Неспремна сум. (rolll) Се стопли ли таму пак? (a2)
Ние дома си бевме денес. Вчера Квини ми рипна во Вардар (rp) , па обидувајќи се да излезе на кејот си повреди 2 нокта, сега нема шетање некој ден. Ќе биде интересно. (ner) (laugh1)
Добра ноќ на сите. (kup)

buci12345678
Редовен член
Редовен член
Мислења: 293
Придружен: 04 Nov 2013, 14:25
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 231 пати

Re: Одново на кафенце, а и лимонада, па и чоколада

Post by buci12345678 » 07 Apr 2019, 02:00

Тука сум ние со ќеркичка повторно бевме болни овој бронхитис никако да ја остави на мира (sad1). И јас бев болна еве денес 10 и последен ден како пијам антибиотик бидејќи имав некое воспаление ама сега сум подобра фала му на бога. Инаку мешко е добро сега сум на 12 на контрола па ќе видиме како напредуваме. Позз и (grupna-gushka) до сите тетички (t3) (love5) (big-hug)

Одговори

Return to “Опуштено”