Болки во стомакот во бременоста

Бременост, прегледи во бременоста, качување на тежина, проблеми во бременоста, искуства и совети за здрава бременост,

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Болки во стомакот во бременоста

Post by Peperutka » 01 Feb 2012, 11:56

Овие денови ниско во стомакот чувствувам болки само кога стојам и кога сум во движење (unsure) А движењата на бебето одлично ги чувствувам (smile)
Дали некоја од вас имала слично искуство? (help)

malenaD
Домашен член
Домашен член
Мислења: 840
Придружен: 03 May 2011, 11:30
Му се допанале: 155 пати
Им се допаднал: 121 пати

Re: Болки во стомакот во бременоста

Post by malenaD » 01 Feb 2012, 13:57

Пеперутка не се секирај тоа е болка на некој лигамент или мускул и мене ме наболуваше пред некој ден и тоа во движење и кога бев на контрола др. ми рече дека тоа е од што расте бебушот и се растегнуваат лигаменти и мускули . Што значи уживај во клоцањето на бебушко и чуствувај го како расте (thumbsup)

Happy_Mommy
Домашен член
Домашен член
Мислења: 630
Придружен: 17 May 2011, 21:34
Location: USA
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 42 пати

Re: Болки во стомакот во бременоста

Post by Happy_Mommy » 01 Feb 2012, 14:07

Пеперутче јас мислам дека баш во тие недели се шири матката нагло и можно е да чувствуваш болка и нелагодност во стомакот. А можеби и бебуш е пораснал, така си се наместил и притиска на некој мускул . Мене едно утро тооолку многу ме болеше што неможев да издишам, верувај.

Поздравче (bu)

peperutce
Нов член
Нов член
Мислења: 46
Придружен: 14 Sep 2011, 22:17

Re: Болки во стомакот во бременоста

Post by peperutce » 01 Feb 2012, 22:34

Lele Peperutka,bas i jas denes mislev na ovaa tema,i jas gi custvuvam istite bolki no povremeno,
duri nekogas i koga odmaram osekam nekoja bolka i tezina vo dolniot del od teloto,no i mnogu dvizenja na bebeto.Milsam deka e normalno,vo ovoj perod nakmnogu raste bebeto!pozdravce!

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Болки во стомакот во бременоста

Post by Marina » 02 Feb 2012, 02:01

(agr)ќе подзаболува од време на време,ништо страшно,матката се шири,мускулите на грбот и прават простор,се е нормално.ако се појави крв ,тогаш треба на гинеколог да се отиде.
и мене ми беше еднаш така ,наеднаш да ме боли,и се исплашив и во болница отидовме (love5) тогаш ми кажаа дека е момченце,а иначе немаше проблем,претходниот ден ми беше роденден,јадевме многу торта и ,како што си имав проблеми со запекот цела бременост, си придонело тоа за недостаток од простор во стомакот,така ми кажаа таму

Bojana
Нов член
Нов член
Мислења: 63
Придружен: 25 Jul 2016, 18:49
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 27 пати

Re: Болки во стомакот во бременоста

Post by Bojana » 13 Jul 2017, 13:26

Здраво девојки (grupna-gushka)
Повремено имам некои тапи болки во долниот дел од стомакот не се чести особено навечер кога ке си легнам страв ми е да не е нешто лошо инаку сум 16+3
Дали имате осетено нешто слично?

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Болки во стомакот во бременоста

Post by Vesela » 14 Jul 2017, 22:27

Не би требало да е нешто сериозно. Јас исто чувствував некои тапи болки во долниот дел на стомакот. Испадна се ширела матката и мускулите. Магнезиум ми дадоа. Ако ти е шубе оди на контрола.

Bebce
Нов член
Нов член
Мислења: 7
Придружен: 02 Apr 2018, 10:02
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 3 пати

Re: Болки во стомакот во бременоста

Post by Bebce » 25 Jun 2018, 00:07

Здраво девојки! Денеска чувствувам болка некоја тапа над папокот, како ми се дува стомакот, имам гасови и некогаш ми се шири на средината на грбот. Се исконсултирав со две докторки, ми рекоа да не се грижам, дека не е страшно, ама јас се плашам. Сабајлево имав запек, а потоа бев во вц во текот на денот пак, овој пат нормално ама мислам дека столицата пак ми беше потврда. Инаку 11 недела сум, болка немам во долниот дел на стомакот, но оваа горе ме загрижува. Еве пијам чајче од нане, се надевам ќе престане.

Одговори

Return to “Бременост”