Најстарата трудница со четворка има 65 години

Најстарата трудница со четворка

Annegret Raunigk од Берлин е бремена со четворка. Со тоа што ќе ја роди четворката на таа возраст ќе влезе во медицинската историја.

Бременоста е резултат на ин витро со донирани јајце клетки и донирана сперма. Annegret вели дека била шокирана кога на ултразвучниот преглед дознала дека се фатиле дури четири ембриони.

Нејзиниот гинеколог предложил да го редуцираат бројот на ембриони, но таа одбила. Вели дека се чувстува доволно фит за да се грижи за нив и додава:


Не мислам дека ќе имам било какви проблеми.

 

со ќеркичката

Со керќичката Лејла


Raunigk пред десетина години била на насловните страни во Германија кога ја родила нејзината ќерка Лејла на 55 години.

Инаку таа веќе има 13 деца, од кои најстарото има 44 години, а има и 7 внуци.

Досега најстарата трудница која родила четворка е Merryl Fudel, која тоа го сторила на 55 г.