Самоконтролата во детството ги предвидува здравјето и благосостојбата во зрелоста
Долгогодишна студија покажа дека децата кои имаат ниско ниво на самоконтрола уште на возраст од 3 г., почесто имаат здравствени проблеми, зависност од супстанции, финансиски проблеми и криминално досие додека достигнат 32 години.
За цел на студијата била оценувана самоконтролата на повеќе од 1,000 деца од Нов Зеланд, од страна на наставниците, родителите, набљудувачите и од самите деца. Оценувањето вклучувало мерки како: ниска толеранција на фрустрација, недостаток од упорност во постигнувањето на целите, тешкотии во придржувањето кон задачите, преголема активност, делување пред да се размисли, потешкотија во дочекувањето на ред, немир и несвесност.
Кога дошле до полнолетство, децата кои постигнале најниски оценки, покажале највисоко ниво на проблеми со дишењето, болести на непцата, сексуално преносливи болести, воспаленија, прекумерна тежина, холестерол и висок крвен притисок.
Студијата е превземена од меѓународен истражувачки тим, предводен од психолозите Terrie Moffitt и Avshalom Caspi од универзитетот Дјук.
Нивото на самоконтрола во детството е важно за успех во зрелоста
Импулсивноста и релативната неспособност да размислуваат долгорочно, на индивидуите со недостатокот од самоконтрола им создавало повеќе тешкотии со финансиите, како заштеди, долгови на кредитна картичка и сопственост на домот. Тие исто така имале поголема веројатност да бидат самохрани родители, да имаат криминално досие и зависност од алкохол, тутун, марихуана и потешки дроги.
Изгледите кои ги имале децата како возрасни можеле да се предвидат, вели Moffitt.
Сепак учесниците во студијата кои со текот на времето нашле некаков начин за да ја подобрат својата самоконтрола, стоеле подобро од резултатите кои би биле предвидени во детството. Самоконтрола е нешто што може да се научи, велат истражувачите, и со тоа би се заштиделе многу пари за здравствена заштита, кривични дела и злоупотреба на супстанции.
За понатаму да го потврдат значењето на самоконтрола, Caspe и Moffitt ја направиле истата анализа врз група од 500 пара близнаци во Велика Британија и утврдиле дека браќата или сестрите со помала самоконтрола на 5 години, имале поголема веројатност од нивните браќа / сестри да започнат да пушат, да покажат слаби резултати на училиште и да се вклучат во антисоцијално однесување на возраст од 12 години. Ова покажува дека самоконтрола е важна сама по себе, одвоена од сите други фактори кои ги делат браќата и сестрите, како што се нивните родители и домашниот живот", вели Caspe.
Децата од Нов Зеланд кои имале ниска самоконтрола, почесто правеле лоши избори како адолесценти, вклучувајќи го пушењето, непланирана бременост и отпаѓање од училиште. Нормално, тоа ги поставувало на уште потежок пат.
Дури и лицата со ниска самоконтрола, кои завршиле средно образование, како непушачи и без деца, покажувале послаби резултати на возраст од 32 години.
Поради поголемата веројатноста да станат самохрани родители и да имаат ограничени приходи, јасно е дека пониската самоконтрола на една генерација ја става следната генерација во неповолна положба, вели Moffitt.
Добрата вест е дека самоконтролата може да се промени. Луѓето можат да се променат, вели Alexis Piquero - професор по криминологија на Државниот Универзитет на Флорида, кој не бил вклучен во истражувањето.
Piquero, кој што ги проучувал корените на криминалното однесување, вели дека постојат потврдени методи кои на наставниците и родителите можат да им послужат како алатки за самоконтрола.
Успешните програми вклучуваат вежбање на донесување одлуки, играње на улоги и учење за последиците на акциите.
Идентификувањето на ниската самоконтрола што е можно порано и навремената интервенција и превенција е многу поефтино, отолку покасното справување со затворите, програми за дрога, и лични економски неуспеси.