Yiping Han - истражувач од Одделот за перидонтика на Case Western Reserve University School of Dental Medicine, го објави првиот документиран линк помеѓу бактерија кај мајката со заболување на непцата во бременоста и смртта на бебето. Ова беше објавено во фебруарското издание на Obstetrics & Gynecology.

Во новиот број на списанието Nursing for Women's Health, објавена е статија во која се укажува на тоа дека дебелината кај бремените жени е поврзна со компликации, вродени дефекти, како и зголемен ризик од дебелина кај детето во детството и зрелата возраст.

Спрема новата Кохранова систематска студија, употребата на доплер ултразвук кај високо ризичните бремености може да го намали бројот на царски резови и бебиња кои би починале.

Жените кои имале абортус или пак доживеале спонтан абортус имаат 3 пати поголем ризик од раѓање на следното бебе со премала телесна тежина, покажуваат новите истражувања.

Колку е поголем бројот на абортуси или спонтани абортуси кај жената, толку се зголемува и ризикот од премала тежина на бебето во следната бременост.

Раѓањето со премала тежина (под 2500 грама) и предвременото раѓање (пред 37-та седмица од бременоста) се главната причина за смртност кај бебињата.

Според австралиска студија презентирана на годишното собрание на Европското Здружение за Репродукција и Ембриологија, секојдневното ејакулирање во текот на 7 дена го подобрува квалитетот на машката сперма со тоа што се намалува процентот на оштетувањето на ДНК.

Досега немаше консензус помеѓу лекарите за тоа дали треба или не треба воздржување од сексуални односи неколку дена пред овулацијата.

 

Во една Холандска студија се покажа дека жените имаат помали изгледи да ја имаат најопасната форма на дебелина, ако почнат со земање на пробиотици од првото тромесечие на бременоста. Пробиотиците се бактерии кои помагаат да се одржи здравата рамнотежа на бактерии во дигестивниот тракт, со тоа што го спречуваат претераното размножување на штетните бактерии. Тие се нормален дел од дигестивниот систем и играат улога и во контролирањето на инфекциите.

Во анализата биле комбинирани 2 одвоени студии. Првата студија покажала дека жените кај кои ќе се развие прееклампсија во текот на бременоста, во последните седмици од бременоста имале мало намалување на функцијата на тироидната жлезда.

Втората студија покажала дека жените кои имале прееклампсија во бременоста, имаат поголеми шанси за намалување на тиродината функција, после 20 и повеќе години од породувањето, од жените кои немале прееклампсија.

Ова е објавено во ноемвриското издание на Obstetrics & Gynecology.

Во студијаta на Kaiser Permanente Center од Орегон, во која учествувале повеќе од 40000 жени и нивните бебиња, било утврдено дека жените кои качиле повеќе од 18 кг во текот на бременоста имале двојно погoлми шанси да имаат бебиња со тежина над 4 килограми.

Спењето на стомак кај бебињата се смета за главна причина за синдромот на ненадејна смрт кај доенчињата. Во САД после кампањата од 1994 г. за важноста на спиењето на бебето на грб, бројот на смртност од овој синдром е намален за 56%.

Научници од Универзитетот во Аделаида ги објавија резултатите од нивните истражувања во American Journal of Epidemiology. Со резултатите од испитувањето е фрлена светлост врз причината за зголемената појава на астма кај децата на возраст од 3-5 г. во развиените земји, во последните децении.

Pages