Во една студија во која учествуваа 60000 жени со случаи на рак на дојка во блисккото семејството, се покажа дека жените кои доеле барем 3 месеци, имале имале напола помал ризик од рак на дојка.

За жените кои имаат барем една личност од блиското семејство со рак на дојка, доењето на бебето го смалува ризикот за кај нив да се појави рак за 59%.

Лежењето за време на раните стадиуми на породувањето може да го забави неговиот напредок. Истражувачите од Кохран открија дека првата фаза од породувањето кај жените кои што клечеле, стоеле, шетале или седеле исправено била пократка.

Научниците открија протеин, кој ги заштитува несозреаните сперматозоиди од оксидативните процеси кај глуците. Кога глушец мажјак, постар од една година со недостаток од овој протеин ќе се спарел со нормална женка глушец, имало зголемена појава на спонтани абортуси и дефекти во развојот.

Новата студија направена од тим на истражувачи од Универзитетот во Копенхаген, покажа дека недостатокот на Ц витамин може да му наштети на менталниот развој на новороденчињата.

Она што секој го знае за бебињата е дека тие не спијат, а не спијат ниту нивните родители. Но всушност првите 6 месеци од животот се од огромна важност за развивањето на правилен ритам на сон и будност, кои му се потребни на детето за здрава иднина.

Ретка форма на тестикуларен тумор фрли светлина на нови генетски мутации кои се јавуваат кај децата. Истражувањето финансирано од Wellcome Trust и Данското здружение за рак, покажа зошто некои болести се јавуваат почесто кај деца на постари татковци.

Една нова студија покажа дека бебињата имаат поголеми шанси за кошмари и на 6 и на 12 месечна возраст, ако нивните мајки страдале од депресија или анксиозност пред бременоста.

Во студијата учествувале 874 жени на возраст помеѓу 20 и 34 години во Саутхемптон, Велика Британија. Пред да забременат, жените пополниле прашалник од кој се гледало нивото на депресија. Кај 29% имало значителни знаци на депресија или анксиозност.

Одамна се знае дека нивото на фолати (природна форма на фолна киселина) во бременоста е многу важно за нормален развој на нервниот систем на бебето.

Направена е студија која покажала дека жените со знаци на депресија имаат поголем ризик од предвремено породување. Колку знаците на депресија биле поизразени, толку бил поголем и ризикот.

Во студијата учествувале 791 бремена жена од Сан Франциско и неговиот окгруг и траела од Октомври 1996 г до Окомври 1998 г. Повеќето од жените (98,5%) не примале никакви антидепресиви, па тоа ја прави студијата поверодостојна, затоа што лекарствата не можеле да ги замаглат резултатите.

Една нова студија покажа дека состојките кои се наоѓаат во мајчиното млеко се менуваат во текот на денот.

Мајчинотото млеко содржи многу состојки, помегу кои и нуклеотиди, кои имаат важна улога во регулирањето на сонот на бебето.

Највисока концентрација на нуклеотиди била пронајдена во ноќните часови: од 20 часот навечер до 8 наутро. Тоа им помогнало на научниците да сватат дека мајчиното млеко има голема улога и во воспоставувањето на правилен сон кај бебето.

Pages