Модерните практики на воспитување не се добри за менталното здравје
Дали сте сретнале некое детенце кое има природна сочувствителност и покажува грижа за чувствата на другите? Кое е спремно да соработува и не инсистира да биде по негово? Веројатноста е дека неговите родители покажувале голема грижа, често го гушкале, веројатно дека било доено, спиело со неговите родители и било охрабрувано да си игра со другите деца.
Ова се резултати на три нови студии на Професорот по психологија на Универзитетот во Нотердам, Darcia Narvaez.
Резултатите покажуваат поврзаност помеѓу начинот на одгледување на децата како во постарите уредувања и подобро ментално здравје, поголемото сочувство, развој на совеста и повисока интелигенција кај децата.
Професорката вели:
Нашите испитувања покажуваат дека корените на моралното функционирање се формираат рано во детството и зависат од квалитетот на семејната подршка и подршката од заедницата.
Направени се 3 студии:
- Надгледување на практиките на родителите на 3-годишни деца.
- Студија која испитувала како одредини пракси во воспитувањето на децата, влијаат врз исходот и била дел од поголем проект за превенција на малтретирање на децата.
- Споредбена студија на практиките на мајки во Кина и САД.
Начинот на кој денес ги подигаме децата во САД, се повеќе ги лишува од практиките кои би довеле до нивна добросостојба во морална смисла.
Narvaez издвојува 6 карактеристики на одгледување на децата, кои биле вообичаени за нашите предци:
- Многу позитивен допир, постојана грижа, прегрнување и држење на децата.
- Навремено реагирање на плачот на бебето. Вие не можете да разгалите бебе. Навременото реагирање значи да одговорите на потребата на бебето, пред да се вознемири и мозокот да му се преплави со токсични хемикалии. Топлата грижа со одзивање кон бебето, ќе го одржува мирен мозокот во годините кога се формира личноста и одзивот кон светот.
- Доење идеално во период од 2-5 години. Имунолошкиот систем на детето не е целосно изграден до шестата година, а доењето го помага.
- Повеќе возрасни луѓе кои ќе се грижат за детето, покрај мајката и таткото.
- Слободно играње со деца на различна возраст. Децата кои повеќе си играат имаат помали шанси за синдром на хиперактивност и други ментални здравствени нарушувања.
- Природно породување, кое ја снабдува мајката со потребните хормони кои ќе и дадат енергија за да се грижи за детето.
Според Narvaez во САД сите овие карактеристики одат во надолна линија:
Децата многу малку се држат, а повеќе се носат во седишта за автомобил, колички и сл., во споредба со минатото. Само 15% од мајките ги дојат децата по 12 месеци. Проширените семејства се раскршени, а дозволеното од родителите слободно играње е значително намалено од седумдесетите години на минатиот век.
Лошите практики и уверувања станаа вообичаени, како употребата на вештачко млеко, изолацијата на децата во нивните соби или уверувањето дека ако брзо реагирате на негодувањето на бебето, ќе го разгалите.
Дали како последица на модерните навики или пак делување на други сили, истражувањата покажуваат дека здравјето и добросостојбата на децата во САД, во последните 50 години се влошени. Има епидемија од анксиозност и депресија помеѓу младите, агресивното однесување и деликвенција кај младите деца се во пораст. Се покажа дека помеѓу студентите во колеџ емпатијата, сочувството и моралното однесување се опаднати.
Сите овие работи за мене како истражувач на моралниот развој се загрижувачки. Децата чии емотивни потреби рано во детство не биле задоволени, имаат тенденција да бидат себецентрични. Тие ги немаат емоциите кои се поврзани со сочувство, во ист степен како децата кои биле подигнати од топли, приемчиви семејства.