Секојдневните прошетки можат да победат над 20 болести

Прошетките од само половина час дневно можат да го намалат ризикот да станете жртва на над 20 болести, вклучувајки деменција и рак.

Секојдневните прошетки можат да донесат огромни позитивни промени во вашето здравје, преку забавување на процесот на влошување на состојбата на телото која се јавува со текот на годините.

Истражувачите анализирајки 40 претходни студии, даваат поприлично смели тврдења за добродетелите на прошетката.

Анализите покажале дека физичката спремност и нивото на активност се рангирале заедно со непушењето, како најсилен избор за да се остане здрав.
 

Прошетките  се добри за секоја возраст


Придобивките од прошетките се универзални, им помагаат на мажите и жените од сите старосни групи.

Умерената физичка активност од 150 минути неделно, на пример по полачасовни прошетки или возење велосипед во текот на 5 дена неделно, биле поврзани и со намален ризик за срцеви заболувања и инфаркт.

Постојат растечки докази дека секојдневните вежби можат да го намалат ризикот од деменција во постарите години.

Другите придобивки се: намален ризик од остеопороза, дијабетес тип 2, дебелина и повишен крвен притисок. Исто се покажало дека вежбањето од половина час го намалува ризикот од рак. Сепак резулататите покажуваат дека тоа се однесува на некои форми на рак, како рак на дебелото црево.

Ако наместо пола час, вежбањето го продолжите до цел час, тогаш ризикот од рак уште повеќе се намалува.

Мажите кои имаат поактивни работни места, имаат намален ризик за појава на рак на простата. Други студии покажуваат дека физичката активност по поставената дијагноза може да го забрза закрепнувањето и стапката на преживување.

Физотерапевтот и предавач на Универзитетот на Источна Англија, Leslie Alford вели:

Изгледа дека нашите тела се развиле за да функционираат оптимално при одредено ниво на физичка активност, која со модерниот седечки начин на живот многумина од нас не ја постигнуват.

Она што е јасно од истражувањето е дека мажите и жените на сите возрасти треба да се охрабрат да бидат физички поактивни за добро на своето долгорочно здравје.

Тој уште додава дека други фактори кои можат да ги зголемат ефектите од секојдневните прошетки се непушењето, здравата исхрана и нормалната телесна тежина.