Некои видови на ин-витро третмани ги зголемуваат шансите за раѓање на момче

Природната рамнотежа е на 105 момчиња да се родат 100 девојчиња. Кај некои ин витро третмани тој однос е 128 спрема 100.

Откритието го направија Австриски научници.

Иако причината за поголемиот број на момчиња е непозната, научниците претпоставуваат дека можеби машките ембриони се подобро опремени да го преживеат процесот.

Научниците предупредуваат дека треба да се направат понатамошни истражувања за да се оневозможи да се створи сериозна нерамнотежа помеѓу родените момчиња и девојчиња, имајки впредвид дека ин витро оплодувањето станува се почесто. Доколку тоа се случи би дошло до социолошки проблеми.

Проф. Michael Chapman од Уневерзитетот во Нов Јужен Велс - водач на студијата, вели дека не станува збор за тоа дека имало направена манипулација во ин витро клиниките, затоа што одбирањето на полот на детето во Австралија е забрането.
 

забременување со ин витро

Со стандардно ин витро оплодување се раѓаат повеќе момчиња


Професорот Chapman вели дека нерамнотежата можеби се должи на лабораториските методи, особено материјата во која се развиваат ембрионите.

Ако откриеме која техника е одговорна за нерамнотежата и зошто, ќе можеме да овозможиме рамнотежата да се врати во нормала.

Истражувачите ги проучиле сите живородени деца по третманот за неплодност во клиниките во Австралија и Нов Зеланд, помеѓу 2002 и 2006 г.

Биле пооделно направени анализи на резултатите од стандардната ИВФ техника и ИЦСИ (интрацитоплазматска спермална инекција) - каде сперматозоидот со игла се внесува во јајце клетката, а се користи во случаи кога бројот на сперматозоидите не е доволен или пак се слаби. Исто така биле земени во предвид и податоците за тоа дали ебрионите биле вратени во матката 2-3 дена по оплодувањето или пак 5 дена.

Вкупно биле родени 13368 бебиња на 13165 жени, на кои им бил извршен трансфер на еден ембрион.

Односот на машките бебиња бил 51,3%, што не е далеку од бројката од 51,5 која се добива при природното зачнување.

Но специфични техники ја променувале рамнотежата.

Споредено со природното зачнување ИЦСИ техниката придонесувала да се родат помалку машки бебињата (50%), а кај стандардното ИВФ имало 53%.

Поголемо влијание имал стадиумот во кој се враќал ембрионот. Кога ембрионот бил вратен на вториот ден биле родени 49,9 машки бебиња, спредено со 54,1% кога се враќал на петтиот ден.

Комбинацијата пак на двата фактора носела најголема промена во рамнотежата на полот.

Кога кај стандардната техника на ИВФ ќе се направело враќање на ембрионот на 5-иот ден се раѓале 56,1% момчиња, односно 128 момчиња на 100 девојчиња.