Способноста за сакање е вкоренета во раното детство

Способноста за доверба, љубов и решавање на конфликтите со саканите почнува уште во детството - многу порано отколку што можеби мислите.

Психологот Jeffry A. Simpson - автор на студијата, заедно со колегите W. Andrew Collins и Jessica E. Salvatore од Универзитетот на Минесота, велат:



Вашитe искуства со вашата мајка за време на првите 12 до 18 месеци од животот можат да го предвидат вашето однесување во романтичните врски 20 години подоцна. Пред да можете да се сетите, пред да имате јазик за да опишете и на начин на кој што не сте свесни, имплицитното однесување  за тоа како ќе бидете третирани или колку ќе бидете достојни за љубов и наклонетост веќе е кодирано во умот.
 

 

 Подршката (или нејзиниото отсуство) што бебето ја добива од својата мајка, ќе ги изгради неговите модели на однесување во понатамошните врски како возрасен

 

Ставовите можат да се променат со текот на новите врски, размислување и терапија, но за време на стрес често се повторуваат старите обрасци. Бебето со кое се постапувало лошо, се претвора во одбранбен кавгаџија; бебето чија мајка била внимателна и му давала поддршка ги решава конфликтите, сигурно во добрата волја на другата личност.

Симпсон објаснува:



Ова е "организациски" поглед на човековивиот социјален развој. Луѓето наоѓаат кохерентни начини за прилагодување, најдобро што можат за да одговорат на нивните сегашни услови, врз основа на она што им се случило во минатото. Што се случува со вас како бебе ќе влијае врз тоа каква возрасна личност ќе станете: Тоа не е толку нова идеја ва психологијата - но недостасуваа цврсти докази за тоа.
 


Симпсон, Колинс и Салваторе ги обезбедиле доказите преку истражување на поврзаноста на односите на мајката со бебето и подоцнежните љубовни партнерства, како дел од лонгитудинална студија на ризик и адаптација.

Нивни субјекти биле 75 деца на мајки со ниски приходи, кои што биле оценувани од раѓањето па се до нивните рани 30-ти години, вклучувајќи ги и нивните блиски пријатели и романтични партнери. Кога децата биле бебиња, тие биле ставени во нови или стресни ситуации со своите мајки за да се испита колку цврста е поврзаноста на паровите. Од тогаш, децата - кои сега се возрасни - редовно се враќале за проценка на нивниот емоционален и социјален развој. Авторите се фокусирале на нивните вештини и флексибилност во справувањето со конфликтите со врсниците на училиште, тинејџерските најдобри пријатели и конечно, љубовните партнери.

Преку повеќекратни анализи, истражувањата обезбедиле докази за раното кодирање - потврдувајки ги старите психолошки теории. Но сепак имало и отстапувања од нив.

Симпсон вели:
 


Добрите вести се: Ако можете да ги сфатите овие стари модели на однесување и да ги вербализирате, и ако стапите во врска со посветен, лојален партнер, можете да ги ревидирате вашите модели и поинаку да го калибрирате вашето однесување. Старите модели можат да се надминат, а изневереното бебе може да стане лојално. Несаканото бебе може да научи да сака.