Водата од овошјето и зеленчукот ја подмладува кожата

Холивудскиот дерматолог, фармацевт и истражувач Др. Howard Murad вели дека она што се случува во телото се одразува и се покажува на кожата.

Според него тајната за убавина и здравје кое ќе зрачи одвнатре е одржувањето на клеточните мембрани да бидат цврсти, за да можат да ја задржуваат водата како и младите клетки.

Доколку можете да ги поправите клеточните мембрани (почнувајки од клетките на мозокот, срцето, па се до клетките на сврзните ткива и кожата) и да ги обезбедите со вода и хранливи материи, тогаш ќе можете да се борите против болестите и стареењето.
 
Можете да му помогнете на вашето тело да се подмлади и да се стекнете со подобро здравје, така да во исто време не само што одлично ќе изгледате, туку и ќе се чувствувате подмладено и поздраво.

Др. Howard вели дека поголемиот број од луѓето кои ги познава, ги прифаќаат знаците на стареењето како нешто неизбежно, вклучувајки го качувањето на тежината, изнемоштеноста и болестите, но вистината е дека 80% од долговечноста се должи на животниот стил, а не на гените.

Само половина вода

Спротивно на популарното уверување, вие немате во себе 75-80% вода. Толку вода сте имале кога сте се родиле, а сега сте поблиску до 50%.

Во текот на годините, надворешните и внатрешните фактори ги оштетуваат клетките и ја намалуваат нивната способност да задржуваат вода. Ова ги објаснува знаците на стареење во раните 30-ти години, кожата станува посува, навиките за спиење се менуваат, се забавува обработката на храната и вашата енергија почнува да варира. Токму затоа од витална важност е да се задржи водата во клетките.

Намалената количина на вода прави телото потешко да оздравува, да биде понеотпорно за навлегувањето на микроорганизми, како и да се јавуваат разни видови на хормонална нерамнотежа.

Загубена вода и здрава вода

Во вашето тело има 2 типа вода: здрава вода во вашите клетки и загубена вода која се наоѓа помеѓу клеточните ѕидови и ве прави постари, подебели и троми.

Потечените очи, потечените глуждови и надуениот стомак се знаци дека вашето тело не се справува со водата на ефикасен начин. Оштетувањето може да се јави насекаде, вклучувајки ги крвните садови, срцето, кожата и црниот дроб. Здравата вода пак ја помага клеточната активност и ви овозможува да останете здрави.

Зошто секоја вода не е иста

Водата во овошјето и зеленчукот е опкружена со молекули кои и помагаат полесно да навлезе во клетките. Заради ова Др. Howard неговите пациенти ги охрабрува да ја јадат, а не да ја пијат водата. Тајната не е само во тоа да се пие вода, туку таа да се прими во клетките и сврзните ткива и да се задржи таму. Тоа ќе им помогне на клетките нормално да функционираат.

Овошјето и зеленчукот се богати со антиоксиданти, содржат траги од минерали и витамини кои телото ги користи за метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини.

Јадете за да бидете хидрирани

Многу луѓе веруваат дека пиењето на 8-10 чаши вода дневно ќе ги одржи хидрирани, но она што е важно е водата да се прими и задржи во клетките. Речиси секоја храна содржи вода, но природните плодови се најбогати. Обоените плодови на овошјето и зеленчукот ја концентрираат водата заедно со хранливите материи - ова е најдобрата форма на вода за вас. Таа се задржува во организмот доволно долго за добро да се искористи.

Табела на содржина на вода

Лубеници, краставици 97% вода
Домати 95%
Праски 87%
Моркови 88%
Интегрален леб 33%
Печени пилешки гради 65%
Печен лосос 62%
Сварени зрна грав 77%

Јадете сирови плодови

Со варењето на зеленчукот се оштетуваат клеточните мембрани и се овозможува водата да истече од клетките. Затоа зеленчукот тежи помалку откако ќе се свари и затоа препораката е да се јаде што повеќе сиров зеленчук.

 

Поголемиот број на луѓе 70% од калориите ги примаат од храна од животинско потекло, обработена или неквалитетна храна. Само 30% од калориите ги примаме од растенијата. Речиси секој нутриционист се согласува дека процентот треба да биде обратен.

 Напивката на Др. Howard

 

  • 1/2 шол сок од портокал
  • 1/2 шол безмасно млеко од соја
  • 1/2 шол боровинки
  • 1 лажица лецитин гранули
  • 1 лажица сомелено семе од лен
  • 2 лажици исушени гоји бобинки (Lycium barbarum)
  • 3-4 коцки мраз

Сето ова ставете го во блендер. Секоја состојка од напивката содржи клучни хранливи материи и фитохемикалии за оптимизирање на содржината на вода во клетките.
Во сојата има амино киселини за формирање на колаген и еластин. Лецитинот ги одржува здрави мембраните на клетките. Портокалот, боровинките и гоји бобинките се богати со антиоксиданти и штитат од слободните радикали. Лененото семе е богато со есенцијални масни киселини и ја задржува водата во клетките.  

Оваа напивка според Др. Howard помага да се зголеми количината на вода во клетките, да се подобри еластичноста на кожата и да се измазнат брчките. Против-воспалителните особини на состојките пак ја смируваат иритацијата на кожата.