Позитивната улога на родителите трае и во наредните генерации

Позитивниот тип на родителство како: топлина, надгледување на активностите на децата, вклученост во нивниот живот и конзистентност во дисциплината имаат позитивно влијание не само врз децата туку и врз тоа како тие ќе ги одгледуваат нивните деца.
Во студијата биле анализирани податоци од надгледувањето на 206 момчиња кои биле сметани како ризични за младешка деликвенција. Момчињата кои тогаш биле во основно училиште и нивните родители биле интервјуирани и надгледувани. Тоа им дало информации на авторите на студијата за начинот на кој биле одгледувани момчињата.
Почнувајки од 1984 година момчињата се среќавале со истражувачите секоја година, од нивната 9-та па до 33-та година. Кога момчињата станале возрасни и основале свои семејства и нивните партнерки и деца се вклучиле во студијата. Тоа им дало увид на научниците за тоа како влијае искуството од детството врз начинот на кој луѓето се однесуваат како родители.
Често пати се мисли дека луѓето ги учат методите на своите родители. Всушност поголемиот дел од студијата покажа дека има многу слаба директна врска помеѓу она што го искусува човек како дете и она што го прави како родител.
Наместо тоа, студијата покажа дека "негативното" родителство исполнето со непријателство и недостаток на вклученост води во "негативно" родителство во следната генерација, не преку набљудување, туку преку дозволување проблематичното однесување да се превземе уште во младоста. На пример ако се обидувате да го контролирате вашето дете преку гнев и закани, тоа ќе научи така да се однесува со своите врсници, а покасно и со своите деца. Ако вие не го поучувате вашето дете, другите ќе ја превземат вашата улога и ќе го научат за светот. А во тие лекции веројатно ќе има работи кои не се компатибилни со позитивно родителство.
Децата кои искусиле високо ниво на негативно рорителство има поголема веројатност дека ќе покажуваат антисоцијално и деликвентно однесување како млади, а покасно тоа однесување често преминува во неконзистентно и неефикасно родителство и имање на деца со негативно однесување.
И досега беше познато дека негативниоте шаблони можат да бидат многу силни. Она што изненади со студијата е колку е силно позитивното родителство исто така. Позитивно не значи само отсуство на негативно влијание, туку позитивна активна улога во животот на детето.
Студијата покажа дека децата кои имале родители што го надгледувале нивното однесување, биле конзистентни во правилата, биле топли и полни со љубов имале поголеми изгледи да формираат блиски односи со нивните врсници, да бидат активни на училиште и да имаат поголемо самопочитување.
Значи доброто родителство нема да обезбеди само заштита од негативно влијание, туку ќе му помогне на детето да воспостави позитивни врски со другите за време на младоста, а тоа покасно ќе влијае врз тоа како ќе се однесува со својот партнер и своето дете. Односно позитивното родителство ќе се пренесе и во наредните генерации.
Студијата отвори нови видици околу превземањето на мерки за превенција. Се покажа дека промените во пристапот на родителите кон децата ќе имаат влијание дури и врз нивните внуци.