Здравје

Следниот пат кога ќе се соочите со притисок на работното место, внимавајте што пијаат вашите колеги.
 
Според една студија, пиењето кафе ја подобрува моќта за размислување кај жените кога се наоѓаат во стресни ситуации - но мажите ги става во криза.
 
 

Кафето го стимулира мозокот на жените, но не и на мажите

 

Научниците открија дека е потребно само едно кивање од човек кој што е заболен од грип, за вирусот да се рашири низ целата просторија.
 
Контаминацијата на собата понатаму може да трае со часови.
 
Грипот преминува од човек на човек преку директен физички контакт, или кога некој ќе кивне или се искашла.

 

Едно кивање е доволно за да се зарази цела просторија

 

Кога ќе фатите автобус, се изложувате на ризик да фатите гаден вирус заедно со возењето.

Истражувачите откриле дека луѓето, кои неодамна патувале со јавен превоз имаат шест пати поголеми шанси да отидат на лекар со акутна респираторна инфекција.

Сепак, тоа не важело и за оние кои користат автобуси или трамваи секојдневно на редовна база - можеби затоа што тие ме во меѓувреме веќе се здобиле со изграден имунитет.

Ако станете од столчето и отидете да поразговарате со колегите, наместо да им испратите е-маил, ги намалувате вашите изгледи за срцев удар.

Оние луѓе кои прават кратки паузи и стануваат од столчето во редовни интервали во текот на денот, па макар и во траење од една минута, имат помали изгледи дека ќе имаат проблем со дебелина или висок крвен притисок.

Исто така луѓето кои го прават тоа значително го намалуваат својот ризик за кардиоваскуларни заболувања.
 

Краткото оддалечување од столчето е од голема полза

Хламидијата е една од најраширените сексуално преносливи болести. Може да се лекува, но најчесто поминува незабележана и без симптоми. Како последица од неа може да се јави неплодност, бидејки може да доведе до оштетување и блокирање на јајцеводите.

Жените кои имале Хламидија имаат највисок ризик за ектопична или вонматерична бременост, заради трајните последици од инфекцијата.

Студија покажа дека долгорочното земање на поголеми дози Бруфен трикратно го зголемува ризикот од срцев удар.

Научниците открија дека Бруфенот има слични здравствени ризици како некои лекарства против болка, кои уште пред неколку години беа повлечени од пазарот.

Бруфенот спаѓа во антиинфламаторни лекарства и најчесто го земаат луѓе со артритис или болки во грбот.
 

бруфен

Мажите кои редовно возеле велосипед се покажало дека имаат помала бројност на сперматозоидите од пациентите кои не возеле велосипед.

Претходни студии покажаа дека професионалните велосипедисти имаат зголемена веројатност да страдаат од ниска бројност и квалитет на спермата. Но изгледа дека ризикот е поголем и кај оние кои не се професионални возачи.

Студија покажа дека мажите кои посетувале клиника за плодност и кои возеле велосипед барем 5 часа седмично имале помалку активни сперматозоиди од мажите кои воопшто не вежбале.

 

Според научниците една до две лажици јаболков оцет дневно, можат да го зголемат нивото на добриот холестерол.

Клиничката студија ја направиле научници од Минесота и во неа учествувале 120 луѓе. На половината од нив им бил даван јаблков оцет, а другата половина примала плацебо.

Луѓето кои консумирале јаболков оцет во период од 8 седмици имале подобрено ниво на добар холестерол (HDL), во споредба со групата на која и бил даден плацебо.
 

1-2 лажици јаболков оцет даваат повеќекратна полза за здравјето

Прошетките од само половина час дневно можат да го намалат ризикот да станете жртва на над 20 болести, вклучувајки деменција и рак.

Секојдневните прошетки можат да донесат огромни позитивни промени во вашето здравје, преку забавување на процесот на влошување на состојбата на телото која се јавува со текот на годините.

Истражувачите анализирајки 40 претходни студии, даваат поприлично смели тврдења за добродетелите на прошетката.

Супер тенките познати мајки ги ставаат жените под притисок што побрзо да ја загубат постпородилната килажа, покажа испитување во В.Британија.

Pages