Здравје

Децата имаат многу поголем ризик за развој на состојби како  астма и алергии како резултат на присуството на некои хемикалии во средствата за чистење и боите.

Истражувачите од Карлстад Универзитетот во Шведска отриле дека децата кои се изложени на одредени хемикалии (PGE) во нивните спални соби, имаат до 180% поголем ризик за развој на алергии.
 

Некои состојки во боите и средствата за чистење се опасни за децата


Водачот на студијата Проф. Carl-Gustaf Bornehag вели:
 

Истражувачите велат дека големиот задник и колкови водат до подолг живот.

Претходни студии покажаа дека салото кое се складира на стомакот го зголемува ризиот од срцеви заболувања, удар и дијабетес, додека пак килограмите кои се таложат на задната страна и врвот на нозете го намалуваат ризикот.

Др. Michael Jensen од Mayo Clinic и неговите колеги решиле да направат експеримент во кој учествувале 28 мажи и жени. Тие земале прекумерно храна во текот на 8 недели, за да се види како ќе се таложат мастите во телото.

Гледањето на медицински драми како многу популарната серија Др. Хаус всушност може повеќе да наштети, отколку да помогне.

Во овие програми најчесто се обработуваат несекојдневни и ретки состојби, но се покажа дека гледачите стануваат поплашливи за нивното здравје.

Студијата направена од научници од Универзитетот Роуд Ајсланд откри дека луѓето кои редовно гледаат овакви програми имаат поголема веројатност дека ќе бидат жртви на разни, често пати необични болести и имаат цврсто уверување дека болеста може да биде сериозна.

 

Со тоа што ќе направите добро дело всушност си помагате самите на себе, си го намалувате нивото на стрес и си го подобрувате сопственото здравје.

Ова се заклучоците на научна студија на Универзитетот во Сасекс. Тие само ја потврдија старата поговорка дека со помагање на другите си помагаме себе си.

Психолошкото насилство од интимниот партнер, независно од физичкото и сексуалното насилство е поврзано со повисок ризик за развој на пост-породилна депресија.

Редовното миење на забите и чистење со забен конец може да спречи да се насоберат бактерии од типот Streptococcus. Ако овие бактерии навлезат во крвниот систем можат да предизвикаат големи штети врз здравјето на човекот.

Нова студија покажа дека вежбањето го намалува ризикот за дебелина кај луѓе со генетска предиспозиција за неа во просек за 40%. Во некои семејства навистина дебелината е многу почеста, но се покажа дека тоа не мора да биде така.

Заклучоците се базирани врз студија извршена врз 20,430 луѓе.

Истражување покажа дека луѓето кои пијат по 1-2 кафиња дневно имаат подобра еластичност на артериите, од оние кои воопшто не пијат кафе. Подобрата еластичност на крвните садови пак може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Pages