Калкулатор за термин на породување и тромесечија во бременоста
Термин за породување
Терминот за породување не е зацртан датум на кој ќе се роди вашето бебе, туку повеќе е ориентациона вредност за траењето на бременоста. Вашиот термин за породување можете да го пресметате многу едноставно со помош на калкулаторот подолу. Само внесете го датумот на вашата последна менструација и автоматски ќе го дознаете терминот. Но тоа не значи дека бебето навистина ќе се роди на тогаш. Многу мал број бебиња се раѓаат токму на поставениот термин за породување. Најголемиот број на бебиња ќе се родат неколку дена пред или неколку дена после терминот.
Официјално се зема дека бременоста трае 40 недели или 280 дена, почнувајки со сметање од денот на вашата последна менструација.
Калкулатор за термин на породување
Калкулаторот ќе го пресмета вашиот термин за породување и ќе ви покаже колку точно седмици и денови има поминато од вашата бременост. Исто така ќе можете да видите кога ќе влезете во второ и трето тромесчие од бременоста